![]() |
MK |
2016 |
Одберете член од Конвенцијата |
Член |
Член 11 - Собирање податоци и истражување |
1. Заради спроведување на оваа Конвенција, Страните се обврзуваат: а. во редовни интервали да собираат расчленети статистички податоци за случаите на сите форми на насилство врз жените кои се опфатени со Конвенцијата; б. да поддржуваат истражувања на полето на сите форми на насилство врз жените кои се опфатени со Конвенцијата за да се проучат основните причини и последиците од насилството, зачестеноста и стапката на осуда, како и ефикасноста на мерките кои се преземаат за спроведување на Конвенцијата. 2. Страните настојуваат во редовни интервали да спроведуваат анкети меѓу населението за да ги проценат преваленцата и трендовите на сите форми на насилство врз жените кои се опфатени со Конвенцијата. 3. На групата експерти, кои се наведени во членот 68 на Конвенцијата, Страните им обезбедуваат информации собрани во согласност со овој член, со цел да се стимулира меѓународна соработка и да се овозможи меѓународно споредување. 4. Страните обезбедуваат дека информациите собрани во согласност со овој член се достапни на јавноста. |
ИНДИКАТОРИ |
1. Статистички административни и правосудни податоци за сите облици на насилство опфатени со оваа Конвенција, обврзно разделени по пол, возраст, попреченост на лицето, релацијата помеѓу жртва и сторител, географска локација и други карактеристики, достапни на јавноста, најмалку еднаш годишно. |
Одговор: |

2. Број на релвантни истражувања, фокусирани на различни облици на насилство врз жените опфатени со оваа Конвенција, кои ги спроведуваат: а) државни служби, б) граѓанско општество, на годишно ниво. |