Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
Страните, на сите нивоа, ја признаваат, ја поттикнуваат и ја поддржуваат работата на невладините организации и организациите на цивилното општество вклучени во борбата против насилството врз жените и воспоставуваат активна соработка со овие организации.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 9 Невладини организации и цивилно општество
Подредување помеѓу државите на членот 9 Невладини организации и цивилно општество
ПРАШАЊА
 
a. Дали постои закон кој ја регулира работата на невладините организации и/или граѓанското општество? Кој е статусот на невладините организации? Дали постојат законски или подзаконски акти кои ја регулираат работата на невладините организации во борбата и превенцијата на НВЖ и ДН? Дали во рамките на државната, регионалната или локалната правна рамка, невладините организации се препознаваат како активни даватели на услуги, носители на државните кампањи финансирани од јавни фондови, или друг вид активни играчи на ова поле (на пр. во набљудувачка или известувачка улога и сл.)? Ве молиме наведете ја легислативата и улогата дадена на невладините организации.
Одговор: Невладините организации во РМ се основаат како здруженија, фондации, сојузи согласно Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр.52/2010 и 135/2011). Со закон е уредено основањето, регистрацијата и престанокот на здруженијата.
Според чл. 1 „Со овој закон се уредуваат начинот, условите и постапката за основање, регистрација и престанок на здруженијата, фондациите, сојузите, организациските облици на странските организации во Република Македонија, имотот со кој располагаат, надзорот, статусните промени и статусот на организациите од јавен интерес“.
PLUS

Граѓаните го остваруваат правото на слободно здружување што е регулирано со членот 4 (1) Правото на слободно здружување се остварува преку здружување во здруженија, фондации, сојузи и организациски облици на странски организации (во натамошниот текст: организации) за остварување на нивните цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и закон.
Во системот на социјалната заштита се создаде основа различни субјекти да се јават како даватели на одредени услуги од социјална заштита. Законот за социјалната заштита во посебна глава го уредува работењето на невладините организации во оваа дејност. Во поглед на работењето на НВО на полето на заштита од семејно насилство, потребно е здружението на граѓани да е регистрирано за остварување на цели и задачи од областа на социјалната заштита. Законот за социјалната заштита ја уредува и работата на здруженијата (НВО) кои работат во областа на социјалната заштита. МТСП води регистар на здруженија кои обезбедуваат социјални услуги. Со член 94-г од Законот за семејство се препознава надлежноста на НВО кои се регистрирани за активности на полето на социјалната заштита и тоа за следните активности: обезбедување нужно сместување на жртвата, обезбедување здравствена заштита, психо-социјална интервенција и третман, правна помош и застапување, известување на органи на гонење.
Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека постои семејно насилство ги презема следниве мерки на заштита:
1) обезбедува нужно сместување за лицето-жртва на насилството, кое може да трае најмногу шест месеци, со можност за продолжување за уште шест месеци;
2) обезбедува соодветна здравствена заштита;
3) обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман;
4) ги упатува во соодветно советувалиште;
5) доколку во семејството има дете кое е на редовно школување, помага за продолжување на редовното образование;
6) го известува органот за прогон;
7) дава секаков вид правна помош и застапување;
8) покренува постапки пред надлежниот суд и презема мерки кои произлегуваат од односите меѓу родители и деца;
9) по потреба поднесува барање до судот за изрекување на привремена мерка за заштита и
10) презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот.

Здружение на граѓани, рeгистрирано за остварување на цели и задачи од областа на социјалната заштита, само или во соработка со Центарот за социјална работа, може да ги преземе мерките на заштита утврдени во ставот 5 на овој член, освен мерките на заштита утврдени во точките 8 и 9.
Здружението на граѓани е должно за преземените мерки во рок од 24 часа да го извести Центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на лицето жртва на семејно насилство.
Центарот за социјална работа по добивањето на известувањето од ставот 6 на овој член во рок од 24 часа изготвува соодветно решение. Здружението на граѓани е должно, во рок од 72 часа откако се преземени мерките за заштита, целокупната документација да ја достави до Центарот за социјална работа заради негово натамошно постапување.
За прв пат е дадена можност здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита да се регистрираат во регистар кој го води Министерството за труд и социјална политика, со цел да им се делегираат одредени социјални услуги со делумно финансирање од страна на Министерството (член 152 од Законот за социјална заштита, Службен весник на РМ, бр. 79/2009, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13).
За да може да се впише во Регистарот, НВО треба да ги исполнува следниве услови:
- да има активно работење во областа на социјалната заштита или социјалната политика најмалку три години од денот на основањето,
- да има реализирано најмалку три проекти од областа на социјалната заштита или социјалната политика,
- да има соодветен простор за работа и кадровски услови
- да има доказ за економско и финансиско работење врз основа на скратен сметководствен исказ од годишна сметка (член 154).
Постапката за упис во Регистарот на здруженија ја води Комисија за соработка со здруженија, формирана од Министерот за труд и социјална политика, составена од три члена. Членовите на Комисијата се афирмирани стручни лица со најмалку три години работно искуство од областа на социјалната заштита. Комисијата го разгледува барањето на здружението за упис во регистарот, врши увид заради утврдување на исполнување на пропишаните услови и изготвува мислење, врз основа на кое министерот донесува решение за впишување на здружението во Регистарот.
Министерството учествува во обезбедувањето на дел од средствата за вршење на одредени работи од социјална заштита на здружението, преку доделување на средства врз основа на објавен јавен конкурс за видот на одредените работи од социјална заштита за кои се доделуваат средствата, висината на средствата кои се доделуваат, потребните документи кои се поднесуваат, роковите за спроведување на постапката по јавниот конкурс и временскиот период во кој ќе се извршуваат работите од социјалната заштита.
Постапката за доделување на одредени услуги од социјална заштита се спроведува преку објавување на јавен конкурс и потпишување на договор помеѓу избраното здружение на граѓани и Министерството за труд и социјална политика. Од делокругот на работите од социјална заштита, а кои се однесуваат на семејното насилство, на здружението на граѓани може да му се довери извршување на социјална услуга во дневен центар и привремено прифаќање и згрижување на корисници на социјална заштита во дневен центар за жртви на семејно насилство. Законот дава можност одредени работи да се реализираат со делумно финансирање од страна на МТСП на здруженијата на граѓани, преку јавно огласување. Постапката ја спроведува Комисија за соработка со здруженија на граѓани, формирана во МТСП, согласно донесениот Правилник за начинот и постапката за доделување на средства на здружение на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита („Службен весник на РМ” бр. 24/2005 и 38/2007).
Но, сепак оваа форма на соработка со невладиниот сектор за развој на сервисите за жртвите на семејно насилство е во почетна фаза, недоволна е и не обезбедува континуирана поддршка за развој на сервисите од страна на невладиниот сектор. МТСП врши контрола над здружението во реализацијата на одредена работа од областа на социјалната заштита за која доделило средства.
Исто така, Законот за социјална заштита предвидува и дека МТСП има надзорна функција на НВО кои даваат услуги од социјална заштита без оглед дали се регистрирани во Регистарот и дали добиваат средства од државен буџет. Со цел обезбедување на соодветни услуги од социјална заштита за граѓаните, воспоставен е механизам на следење на хуманитарни здруженија, здруженија на граѓани, верски заедници и нивни здруженија, религиозни групи и други непрофитни организации. Истите можат да се јават како обезбедувачи на социјални услуги само доколку имаат согласност од Министерот за труд и социјална политика, врз основа на мислење од Комисијата за соработка со здруженија на граѓани. На овој начин се стекнува увид во дополнителното обезбедување на социјалните услуги, вклучително и обезбедувањето на дел од мерките на заштита на жртвите на семејно насилство, начинот и квалитетот во нивното обезбедување. Но, сé уште вака предвидениот систем не е функионален.
Во Националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство посебно внимание е посветено на улогата на цивилното општество. Имено, во водечките принципи на Стратегијата, цивилното општество е препознаено како одговорен чинител и партнер во спроведување на активностите, а особено во обезбедувањето и распределбата на финансиските средства за имплементација. Понатаму, јасно се предвидени областите на делување на граѓанското општество, имено, обезбедување помош на жртвите, спроведување на истражувања и анализи и промоција на нетолеранцијата кон семејното насилство.
Улогата на НВО се препознава во првиот и вториот водечки принцип на Стратегијата;
1.Одговорност
Владата на Република Македонија, локалните власти и цивилното општество се заемно одговорни и надлежни во дефинирање на целите и задачите, имплементирање на активностите за ефикасно справување со семејното насилство.
Истовремено, Владата на РМ и локалните власти заемно се одговорни за обезбедување и распределба на финансиски средства за имплементација на активностите и оддржливост на резултатите.
Владата на РМ, локалните власти и цивилното општество се обврзуваат на ефективно користење на поддршката обезбедена од меѓународната заедница и националните капацитети.
2. Партнерство
Успешната соработка на институциите од централната власт, од локалната власт и цивилното општество претпоставува партнерски однос и поделба на активностите. Институциите на Владата на РМ не се исклучиво надлежни за спречување и заштита од семејно насилство. Имплементацијата на стратешките цели ги вклучува сите засегнати страни, а особено е акцентирана улогата на локалната власт во обезбедување достапност на услугите за жртвите и нивна ефективна реинтеграција. Граѓанското општетство од своја страна има одлучувачка улога во градење партнерства со институциите на системот за обезбедување помош на жртвите, спроведување на истражувања, анализи и промоција на нетолеранцијата кон семејното насилство.
MINUS
б. Генерално, дали НВО заедницата е активна на ова поле? Дали може да дадете информација за бројот на организации кои работат во областа на НВЖ и ДН, видот на работите кои ги преземаат (даватели на услуги, „кучиња-чувари“, истражувања или/и ориентација кон политиките итн.), број на опслужени клиенти итн.? Дали постојат државни, регионални и локални мрежи на овие невладини организации? Која е нивната улога? Дали невладините организации соработуваат со државните/други актери за заштита, превенција, гонење, казнување и/или обештетување на жртвите? Ако соработуваат, објаснете ги аспектите на нивната работа. Ако постои координација и соработка помеѓу НВО и државните власти, дали тоа е институционализирано со правните документи или политики или е повеќе од неформална природа. Ве молиме објаснете.
Одговор: Националната СОС-линија за жртви на семејно насилство ја одржува НВО со финансиска поддршка од државата од 2012 година. На јавен оглас транспарентно е избрана невладина организација.
Формирана е првата Национална мрежа на НВО кои работат на полето на спречување на насилството врз жените и семејното насилство, која претставува прво формално здружување на поголем број организации на полето на превенција и спречување на семејното насилство. Првично формирана како неформална мрежа од 20 организации- членки, постепено прерасна во правен субјект со свој статут, стратешки цели и утврдени приоритети на дејствување.

За квалитетот на услугите за правна помош изработени се стандарди за НВО кои обезбедуваат бесплатна правна помош и истите се пилотираа од страна на 7 организации кои географски покриваат 20 општини на територијата на Р. Македонија. Во периодот од јуни 2010 до декември 2011 година, обезбедена е бесплатна правна помош (примарна правна помош и/или застапување во судски постапки) на повеќе од 600 жртви на семејно насилство, од кои 96% се жени. Подготвен е Водич за НВО кои обезбедуваат правна помош на жртви на семејно насилство. Спроведена е и посебна обука на адвокати кои даваат правна помош на жртвите на семејно насилство, а во соработка со Адвокатската комора подготвен е Водич за членовите на адвокатската комора кој има за цел да послужи како референтна литература и корисен пакет на алатки на адвокатите кои работат со жртви на семејно насилство.
MINUS
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.