Член 7 – Сеопфатни и координирани политики
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
1. Страните ги преземаат потребните законодавни и други мерки за усвојување и спроведување на ефективни, сеопфатни и координирани државни политики кои ги опфаќаат сите релевантни мерки за спречување и борба против сите форми на насилство кои се опфатени со Конвенцијата и кои нудат холистички одговор на насилството врз жените.

2. Страните обезбедуваат дека политиките наведени во ставот 1 ги поставуваат правата на жртвата во центар на сите мерки и се спроведуваат по пат на ефективна соработка меѓу сите релевантни агенции, институции и организации.

3. Мерките преземени во согласност со овој член ги вклучуваат, кога тоа е соодветно, сите релевантни актери, како што се државните органи, националниот, локалните и регионалните парламенти и власти, националните институции за заштита на човекови права и организациите на цивилното општество.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 7 Сеопфатни и координирани политики
Подредување помеѓу државите на членот 7 Сеопфатни и координирани политики
ПРАШАЊА
 
a. Дали постојат закони, подзаконски акти и регулативи, посебни протоколи или други правни документи или политики (државни стратегии, државни акциски планови, регионални/локални стратешки документи и сл.) кои ја дефинираат улогата и одговорностите на поединечните институции/актери во а. заштитата, б. превенцијата и/или в. гонењето на случаите на НВЖ и ДН? Ако постојат, наведете ги и дајте преглед на улогите и одговорностите. Дали овие документи се правно обврзувачки или повеќе се од инструктивна природа? Кој е надлежен за имплементација на овие стандарди? Кој и на каков начин ја контролира имплементацијата на овие стандарди?
Одговор: На национално ниво се препознава само семејното насилство и прегледот на улогите и одговорностите на релевантните институции е само во поглед на семејното насилство.
Во делот на социјална заштита, обврските на ЦСР за мерки на заштита на жртвите на семејно насилство генерално се уредени со Законот за семејство (погоре цитирани одредби, чл.94-а до ж). Не постои специфична законска одредба за постапување на органите во случаи на насилство врз жени. Спроведување на надлежностите на центрите за социјална работа во доменот на семејното насилство, подетално е уредено со Правилник за начинот на спроведување и следење на изречените мерки за заштита на семејството и лицата-жртви на семејно насилство преземени од центарот за социјална работа и за начинот на следење на привремените мерки изречени од судот. Правилникот предвидува дека овие мерки се преземаат со цел да се спречи натамошно насилство, да ѝ се помогне на жртвата да ги надмине последиците од доживеаното насилство и да се создадат услови за нејзина интеграција во социјалната средина по завршениот третман. Центарот за социјална работа по добивање на сознанија за сторено семејно насилство, спроведува стручен третман со лицето-жртва на семејно насилство, по потреба остварува контакт и со неговите сродници и други лица, со цел да се определи најдобар облик на заштита и да се преземат соодветни мерки на заштита. Мерките за заштита се определуваат по извршената проценка на идентификуваните потреби за заштита на семејството и лицето-жртва на семејно насилство и тоа според видот, интензитетот, контекстот на случување на насилството, здравствениот и семејниот статус на лицето-жртва на семејно насилство, возраста, како и други околности, врз основа на кои се изготвува наод и мислење на стручен работник и стручен тим.
PLUS
a. Дали постојат закони, подзаконски акти и регулативи, посебни протоколи или други правни документи или политики (државни стратегии, државни акциски планови, регионални/локални стратешки документи и сл.) кои ја дефинираат улогата и одговорностите на поединечните институции/актери во а. заштитата, б. превенцијата и/или в. гонењето на случаите на НВЖ и ДН? Ако постојат, наведете ги и дајте преглед на улогите и одговорностите. Дали овие документи се правно обврзувачки или повеќе се од инструктивна природа? Кој е надлежен за имплементација на овие стандарди? Кој и на каков начин ја контролира имплементацијата на овие стандарди?
Одговор: На национално ниво се препознава само семејното насилство и прегледот на улогите и одговорностите на релевантните институции е само во поглед на семејното насилство.
Во делот на социјална заштита, обврските на ЦСР за мерки на заштита на жртвите на семејно насилство генерално се уредени со Законот за семејство (погоре цитирани одредби, чл.94-а до ж). Не постои специфична законска одредба за постапување на органите во случаи на насилство врз жени. Спроведување на надлежностите на центрите за социјална работа во доменот на семејното насилство, подетално е уредено со Правилник за начинот на спроведување и следење на изречените мерки за заштита на семејството и лицата-жртви на семејно насилство преземени од центарот за социјална работа и за начинот на следење на привремените мерки изречени од судот. Правилникот предвидува дека овие мерки се преземаат со цел да се спречи натамошно насилство, да ѝ се помогне на жртвата да ги надмине последиците од доживеаното насилство и да се создадат услови за нејзина интеграција во социјалната средина по завршениот третман. Центарот за социјална работа по добивање на сознанија за сторено семејно насилство, спроведува стручен третман со лицето-жртва на семејно насилство, по потреба остварува контакт и со неговите сродници и други лица, со цел да се определи најдобар облик на заштита и да се преземат соодветни мерки на заштита. Мерките за заштита се определуваат по извршената проценка на идентификуваните потреби за заштита на семејството и лицето-жртва на семејно насилство и тоа според видот, интензитетот, контекстот на случување на насилството, здравствениот и семејниот статус на лицето-жртва на семејно насилство, возраста, како и други околности, врз основа на кои се изготвува наод и мислење на стручен работник и стручен тим. Стручниот работник во Центарот за социјална работа, по извршената проценка изготвува индивидуален план за работа со лицето-жртва на семејно насилство, согласно со добиените сознанија и неговите потреби за третман и заштита од семејно насилство, како и за преземање на други потребни мерки согласно Законот за семејство. Индивидуалниот план содржи редослед на преземање на мерките за заштита, нивното времетраење, начин на следење и оцена на мерките на заштита од страна на одговорниот стручен работник од Центарот за социјална работа, без оглед дали мерките за заштита се спроведуваат од Центарот за социјална работа или друга соодветна установа, советувалиште и здружение на граѓани или се преземаат други мерки согласно Законот за семејството. Овој Правилник го разработува начинот на постапување на стручните лица во Центарот за социјална работа и претставува задолжителен акт за стручните лица.
Заводот за социјални работи, со цел обезбедување на интердисциплинарна работа во ЦСР во насока на обезбедување на брза, ефикасна и ефективна помош, поддршка и заштита на жртвите на семејното насилство, изготви стандардни процедури кои содржат чекори за постапување на стручните лица за работа по предмети од семејно насилство. Овој материјал има за цел ефикасно спроведување на фазите на откривање, проценка, планирање, третман и заштита, како и евалуација на преземените мерки.
Во областа на откривање, гонење, истрага и санкционирање на сторители на семејно насилство важат општите одредби за постапување на релевантните органи: за полицијата општите правила за постапување содржани во Законот за полиција, Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и другите соодветни подзаконски акти; за обвинителствата општите одредби од Законот за јавно обвинителство, ЗКП и КЗ, за судовите општите одредби од Законот за судовите, КЗ и ЗКП.
Во 2011 година донесен е Заедничкиот протокол за постапување во случај на семејно насилство кој нема правно-обврзувачки карактер, каде детално се разработува постапувањето по пријава на случај на семејно насилство за секоја од задолжените институции. Со Протоколот се разработува постапувањето на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Министерството за внатрешни работи (МВР), Министерството за здравство (МЗ), Министерството за образование и наука (МОН), и граѓанските организации (НВО), во рамките на нивните законски надлежности. Протоколот го уредува и начинот на координација и интерсекторското поврзување за поефикасно постапување во случаите на семејно насилство. По својата природа овој документ преставува инструмент за постапување на професионалните структури. Но, не е воспоставен механизам за следење на неговата примена при практичното имплементирање во поединечни случаи на интервенција и постапување.
За надлежност на центрите за социјална работа се специфицира поведување на постапка, постапување во итни случаи, правење на проценката за потребите на жртвата и интервенција во конкретен случај, целосно информирање за правата на жртвата и сервисите кои се во функција на нејзина заштита. Дадени се насоки за обезбедување на информации од МВР, здравствените институции, НВО, образовни институции, единици на локална самоуправа и други лица и институции со цел преземање на потребни мерки на заштита од страна на ЦСР.
Постапките се водат врз основа на начелото на доверливост, слободно изразена согласност на жртвата за преземање на мерки на заштита, при што се бара разговорот да се изврши во посебна просторија.
Во делот на постапувањето на полициските службеници, дадени се насоки за постапување по добиена пријава за семејно насилство, евидентирање на пријавата, интервеција преку излегувањето на местото на настанот. За овие активности се изготвени упатства за постапување при интервенцијата со жртвата и со насилникот за да се спречи натамошното насилство. Полициските службеници посебно постапуваат во случај кога во домот се присутни деца, а кога е потребна итна заштита особено на децата, се активираат социјалните служби (ЦСР).
Целта на здравствените установи според овој Протокол е да им укажат целосна здравствена заштита на жртвите со цел зачувување на телесното и психичкото здравје, како и заздравување од настанатите повреди и психотрауми. Во случај на сомнеж дали повредата или здравствената состојба е последица на семејно насилство, здравствениот работник е должен да направи интервју со лицето, да го охрабри и убеди да му се довери за можното постоење на семејно насилство, и да дознае што е можно повеќе за околностите во кои настанала повредата.
Во случај на сознание за семејно насилство, согласно Протоколот, здравствените работници се должни да постапат на следниов начин:
1. Согласно правната регулатива, семејното насилство да го пријават во полиција;
2. Да ги утврдат причините и начинот на настанување на повредата и да извршат комплетен здравствен преглед;
3. Да разговараат со жртвата за можностите за решавање на проблемот, да ја посоветуваат, да ѝ ги посочат нејзините права;
4. На барање на надлежните органи да ја достават целокупната документација која е од значење за разрешување на случајот и казнување на сторителот.
Со Законот за евиденции во здравството е предвидено да се пополни Пријавата-образец за повреди од насилство во три копии и да се следи жртвата во натамошниот третман, каде што се дополнуваат податоци од соодветните служби: Полиција и Центар за социјална работа, со цел да се спречи секундарната виктимизација на жртвите на насилство.
Здравствениот работник документацијата со која што располага во однос на состојбата во која што се наоѓа жртвата на семејното насилство, во согласност со жртвата, ја проследува до релевантните институции кои што се вклучени во интегрираниот и координираниот систем на интервенции за помош на жртвите на семејно насилство, согласно важечките законски прописи, а тие се должни добиените податоци да ги третираат како доверливи, во согласност со Законот за заштита на пациентите и Законот за заштита на личните податоци.
Здравствените работници се должни да го почитуваат правото на избор на жртвата во сите случаи, освен во случаите во кои здравствениот работник ќе оцени дека животот на жртвата се доведува во опасност поради ризик од можно насилство и/или сторено насилство или во случаи на опасност за траен тежок инвалидитет.
На барање на судските органи здравствените работници/вештите лица обезбедуваат, во рамките на судските постапки, проценка на насилството/повредата, начинот на настанување, условите во кои што настанала повредата, итн. Во образовниот систем, Протоколот за постапување со деца во случаи на семејно насилство упатува на решенијата што Законот за основно образование, Законот за средно образование и Законот за просветна инспекција, како и подзаконските акти ги даваат за заштита на правата на детето. Во оваа насока се преземаат Мерки на превенција за оформување на безбедна средина за живот и образование на учениците и Мерки на интервенција во ситуации кога се јавува насилство, злоставување и занемарување во институции од воспитно-образовен карактер.
Граѓанскиот сектор се смета како рамноправен член, заедно со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за образование и Министерството за внатрешни работи, во тимот кој работи на идентификација, превенција, ресоцијализација и реинтеграција на жртвите на семејно насилство. Со таа цел се креира и Протоколот за постапување на граѓанските организации чија главна задача е превенција (примарна, секундарна и терцијална) на жртвите на семејно насилство, давање психо-социјална помош и заштита на жртвите и координирана соработка со надлежните институции, локалната самоуправа и другите заинтересирани страни во заштитата на жртвите на семејно насилство.
Граѓанските организации кои работат на ова поле имаат и законска можност за градење на неопходен координативен пристап во заштитата на жртвите на семејно насилство. Со последните измени и дополнувања во легислативата (Закон за семејство) граѓанските организации имаат можност да обезбедат мерки за заштита на жртвите на семејно насилство, имаат и должност за известување на сите кои преземаат дејствија за заштита од семејно насилство. Со реформите во легислативата исто така се дава дополнителна можност на жртвата, освен посредно преку Центарот за социјална работа, жртвата сама непосредно да поднесе предлог до Судот за изрекување на привремени мерки за заштита. Граѓанските организации согласно Законот за бесплатна правна помош исто така имаат можност да ѝ овозможат и бесплатно правно застапување на жртвата.
Граѓанските организации како значаен фактор во превенцијата и справувањето со семејното насилство во Р. Македонија, работат на подигање на јавната свест и сензибилизација за проблемот на семејно насилство. Исто така работат на откривање и пријавување на случаите, соработуваат со сите надлежни институции кои работат со заштитата на жртви на семејно насилство.
MINUS
б. Дали постојат закони, подзаконски правила и регулативи, посебни протоколи или други правни документи или политики (државни стратегии, државни акциски планови, регионални/локални стратешки документи и сл.) кои ја дефинираат меѓусекторската, и/или меѓувладината соработка и координација во а. заштитата, б. превенцијата и/или в. гонењето на случаите на НВЖ и ДН? Кои се целите на воспоставување на овие мерки/усвојување на овие процедури? Ве молиме дајте дефиниција на нивната цел, ако е возможно. Објаснете кој учествува во овој интегриран пристап, како што е дефинирано во релевантните документи. Ве молиме дајте преглед на нивните улоги и одговорности во однос на аспектите на соработка и комуникации. Дали се тоа правно обврзувачки документи или повеќе се од инструктивна природа? Кој е одговорен да обезбеди дека се направени заеднички напори и комуникацијата и соработката е реализирана? Ве молиме дајте дефиниција, доколку е возможно. Дали тие политики бараат заедничка работа на поединечни случаи и/или стратешки политики и/ или законодавно ниво? Дали постои обврска да се известува за направениот заеднички прогрес и, ако постои, кој сѐ известува? Дали е воспоставено координативно тело за надгледување на одговорот кон НВЖ и ДН? Каков вид мандат има координативното тело? Каков вид мерки може да преземе координативното тело во случај на неспроведување на комуникацијата и соработката?
Одговор: Меѓусекторската соработка и координација на надлежните институции и организации за постапување само за случаи на семејно насилство, за случаи на сексуална злоупотреба на деца и за случаи на запоставување и злоставување на деца се уредени со неколку документи: 1. Заеднички протокол за постапување во случаи на семејно насилство, 2. Протокол за соработка меѓу надлежните институции во случаи на сексуална злоупотреба на деца и педофилија, 2010, 3. Мултидисциплинарен протокол за постапување (идентификување и упатување) со деца на улица/улични деца во Република Македонија, 4. Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015, 5. Стратегија за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2008-2015. Овие документи немаат правно-обврзувачка сила и имаат инструктивен карактер.
Целта на Заедничкиот протокол е воспоставување на поефикасно постапување на институциите, преку:
• Активности на сите надлежни институции кои учествуваат во откривање и намалување на насилството и укажување помош и заштита на лицата изложени на семејно насилство
• Облиците и начините на соработка помеѓу надлежните институции кои учествуваат во откривање и намалување на насилството и укажување помош и заштита на лицата изложени на сeмејно насилство
• Останатите активности и обврски кои се однесуваат на постапување на надлежните институции кои учествуваат во откривање и намалување на насилството и укажување помош и заштита на лицата изложени на семејно насилство
• Завршни одредби со кои се прoпишуваат постапките во согласност со активностите од овој Протокол.

Во Заедничкиот протокол соработката меѓу надлежните тела и институции е дефинирана како една од главните цели на Протоколот и предвидено е засебно поглавје Облици, начин и содржина на соработката. Иако со амбициозен наслов, поглавјето не ја дефинира соработката, ниту начините на соработка и обврските за соработка за секоја надлежна институција. Заслужуваат внимание механизмите за постапување со жртвите на семејно насилство и упатување кои се прикажани во прилозите на Протоколот. Овие механизми се однесуваат на четири подрачја и тоа: 1) идентификација и упатување; 2) првична грижа и среднорочна помош; 3) реинтеграција и ресоцијализација; и 4) кривична постапка. Сепак, иако се препознава потребата за механизми за упатување меѓу надлежните институции и тела, овој документ не нуди разработка на овие механизми.
Протоколот за соработка меѓу надлежните институции во случаи на сексуална злоупотреба на деца и педофилија има за цел да воспостави правилно и ефикасно преземање на мерки за превенција и справување со сексуалната злоупотреба на деца и педофилија во Р. Македонија, врз основа на ефикасна и успешна соработка на надлежните органи во подигање на нивото на заштита и помош на децата-жртви на сексуална злоупотреба и педофилија, какo и помош на сторителите на овие кривични дела во насока на промена на однесувањето и нивно интегрирање во општеството.
Со овој Протокол се уредува соработката на надлежните органи во делот на надлежностите утврдени со законите, подзаконските акти и Акцискиот план за превенција и справување со сексуална злоупотреба на деца и педофилија 2009-2012 год. донесен од Владата на Р. Македонија.
Во Протоколот се содржани видовите, начинот и содржината на соработката помеѓу надлежните органи и другите учесници во откривањето и спречувањето на сексуалната злоупотреба на деца и педофилија и тоа во давање заштита на децата-жртви на сексуална злоупотреба и педофилија како и промената на однесувањето и интеграцијата на сторителите во општеството.
Со Националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015 година се предвидени мерки за дејствување во неколкуте стратешки области: спречување, заштита, помош и поддршка на жртвите, гонење на сторителите, мултисекторска соработка и зајакнување на институционалните капацитети и специјализираните служби, воспоставување на механизам за имплементација, следење и евалуација.
Националната стратегија за спречување на семејното насилство 2012-2015 има за цел понатамошно развивање на сеопфатен и ефективен систем за спречување на семејното насилство во Р. Македонија. Предмет на Стратегијата за спречување на семејното насилство е спречување на сите облици на семејно насилство врз секоја жртва, но мерките кои ги предвидува нудат специфичен пристап кој ги адресира индивидуалните потреби на жртвите. Имајќи предвид дека најзастапени жртви на семејно насилство се жените, Стратегијата нуди рамка за родово специфични мерки насочени кон спречување и заштита на специфичните потреби на жените, но истовремено нуди широка лепеза од мерки и активности со кои се опфатени и сите други жртви.
Воспоставен е нов национален механизам за следење и евалуација на овој документ кој го сочинуваат: национален известувач, национален координатор и Национално координативно тело за превенција и заштита од семејно насилство.
MINUS
в. Дали потребите и правата на жртвата се третираат како приоритет во активностите на институциите, групите и телата определени во усвоените закони и политики? Дали овие усвоени акти и политики на координативното тело се ориентирани кон централна позиција на жртвата поставувајќи ги нејзините потреби и права како приоритет? Идентификувајте ги специфичните намери и задачи што се дефинирани во релевантните документи или преземените мерки, за да ги објасните вашите анализи/ коментари.
Одговор: Потребите и правата на жртвите на семејно насилство се дел од Националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015. Визијата на стратегијата, меѓу другото, предвидува „зголемена сигурност на жртвите“ и „зголемен квалитет на услугите за жртвите и нивно стандардизирање“ до крајот на 2015 година. Клучните иновативни карактеристики на Стратегијата опфаќаат и 1. развивање на стандардизирани индивидуални пакети на мерки за превенција и помош на жртвите кои ги адресираат нивните индивидуални потреби;  2. унапредување на реинтеграцијата на жртвите во сите сфери на општеството; 3. унапредување на истрагите и кривичното гонење со доследно препознавање на правата на жртвите и нивен третман во казнено-правниот систем; 4. стандардизација и проширување на достапноста на мерките за помош и поддршка на жртвите, како и 5. мерки за третман на сторители. Меѓу водечките принципи на Стратегијата се вбројуваат два клучни принципа при спроведување на стратешките цели, и тоа: 1. принцип на постапување со жртвите заснован на човековите права и слободи, и 2. принцип на недискриминација. Особено е препознаена меѓусебната поврзаност меѓу дискриминацијата и семејното насилство и Стратегијата зацртува дека „активностите посебно се насочени кон зголемена заштита на жртвите кои се соочуваат со мултиплицирана дискриминација”.

Стратегијата предвидува засебна стратешка област - Заштита, помош и поддршка на жртвите со 4 стратешки цели, 1. Унапредување на институционалниот одговор непосредно по насилството преку воспоставување на холистички пристап; 2. Унапредување на препознавањето на сите облици на семејно насилство и идентификација на жртвите; 3. Достапност на директна помош и заштита на жртвите; 4. Интеграција на жртвите во општественото живеење. Не помалку значајно е дека во стратешката област - Гонење на сторители како засебна стратешка цел се поставува Ефикасна имплементација заснована на почитување на правата на жртвите.
MINUS
г. Дали постои обврска воспоставена со законски акти или политики или обврската е од инструктивна природа, за вклучување на сите релевантни државни и недржавни актери? Дали може да ги наведете институциите, државните и недржавните актери (судство, полиција, Собрание, државни институции за човекови права, невладини организации итн.) идентификувани во документите кои го воспоставуваат интегрираниот пристап во превенцијата и гонењето на НВЖ и ДН? Ве молиме наведете кој бил активен во создавањето, надзорот и/или имплементацијата на овие документи? Дали невладините организации и другите релевантни недржавни актери биле активни во создавањето, надзорот и/или имплементацијата на овие документи?
Одговор:

Заедничкиот протокол за постапување во случаите на семејно насилство е донесен со цел да се утврдат процедурите за постапување на надлежните институции и организации за унапредување на заштитата и помошта на жртвите на семејно насилство. Заштитата на жртвите на семејно насилство преку овој документ се настојува да се озбезбеди преку утврдување на целокупните процедури по кои постапуваат надлежните институции и организации. Протоколот потенцира дека процедурите треба да се спроведуваат за да се спречи дополнителната виктимизација на жртвата на семејно насилство. Овој протокол во одредена мера ги надополнува стандардните процедури за институциите и невладините оранизации и претставува корисен документ кој може да придонесе за унифицирање на постапувањето на службените лица за преземање на заштита на жртвите на семејното насилство.

Со Акцискиот план за превенција и справување со сексуална злоупотреба на деца и педофилија 2009-2012 година, се предвидуваат мерки со кои се очекува во голема мера да се обезбеди и подигне нивото на заштита на децата-жртви на овие дејствија. Овој документ преставува рамка на конкретни мерки кои се насочени кон превенција; мерки за помош и заштита на жртви на сексуална злоупотреба на деца и педофилија; мерки и програма за третман на лицата осудени за дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија, за време и по издржување на казната; координација на надлежните служби со невладини организации и меѓународна соработка; континуирана едукација на кадри; воспоставување на систем за евиденција и известување за случаите за сексуална злоупотреба на деца и педофилија; мониторинг и евалуација.
Позначајна активност реализирана со Акцискиот план за превенција и справување со сексуална злоупотреба на деца и педофилија 2009-2012 година е донесувањето на Протокол за соработка меѓу надлежните институции во случаи на сексуална злоупотреба на деца и педофилија. Овој Протокол ги прецизира процедурите за постапување на полициските службени лица, службените лица во центрите за социјална работа, воспитно-образовните установи, здравствените организации, правосудните органи и невладините организации.
Во недостиг на јасна легислатива за постапување со децата на улица/улични деца, а со цел да се подигне нивото на нивна помош и заштита, донесен е Мултидисциплинарниот протокол за постапување (идентификување и упатување) со деца на улица/улични деца во Република Македонија. Во фокусот на интересот на овој протокол е особено заштитата на децата на улица/улични деца на територијата на РМ од сите негативни влијанија и појави кои им се закануваат (физичка злоупотреба, сексуална злоупотреба, експлоатација итн.).
Процесот на изготвување на законите и подзаконските акти, во областа на заштитата и превенцијата од семејно насилство се спроведува со вклучување на сите релевантни институции, а особено со претставници на НВО секторот, признати во работата на ова поле. Принципот на партиципативност и транспарентност на сите засегнати страни е особено почитуван при изготвување на националните стратешки документи за превенција и заштита од семејното насилство. Овие документи се изготвени од работни групи, составени од претставници на сите релевантни институции кои имаат мандат за постапување и невладини организации. Во текот на изготвување на документите се организираат работилници и по потреба трибини. Во овој процес се вклучува и парламентарната група за еднакви можности во Собранието, преку организирање на јавни расправи.

MINUS
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.