Член 58 - Застареност
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
Член 58 - Застареност
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
Член 58 - Застареност
Страните ги преземаат потребните законодавни и други мерки за да обезбедат дека застарувањето за покренување каква било правна постапка во врска со кривичните дела утврдени со членовите 36, 37, 38 и 39 од Конвенцијата, ќе трае доволно долго и сразмерно на тежината на кривичното дело кое е во прашање, за да да овозможи ефикасно отпочнување- покренување на постапката откако жртвата станала полнолетна.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 58 Застареност
Подредување помеѓу државите на членот 58 Застареност
ПРАШАЊА
 
a. Според внатрешното право, дали децата кои претрпеле дела дефинирани во чл. 36-39 од Конвенцијата, може да ги пријават кривични дела што ќе резултира со иницирање на постапки кога ќе наполнат 18 години? Ако одговорот е потврден, наведете ја законската основа за тоа, како и условите кои треба да бидат исполнети.
Одговор: Македонското казнено законодавство разликува застарување на гонењето и застарување на извршување на кривичната санкција. Исто така, апсолутната застареност се применува за гонење за сите кривични дела за кои е дозволена застареност, а откако ќе помине „двапати повеќе време отколку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење“ (чл.107, ст. 6 од КЗ).
PLUS
a. Според внатрешното право, дали децата кои претрпеле дела дефинирани во чл. 36-39 од Конвенцијата, може да ги пријават кривични дела што ќе резултира со иницирање на постапки кога ќе наполнат 18 години? Ако одговорот е потврден, наведете ја законската основа за тоа, како и условите кои треба да бидат исполнети.
Одговор: Македонското казнено законодавство разликува застарување на гонењето и застарување на извршување на кривичната санкција. Исто така, апсолутната застареност се применува за гонење за сите кривични дела за кои е дозволена застареност, а откако ќе помине „двапати повеќе време отколку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење“ (чл.107, ст. 6 од КЗ).
Сексуалното насилство е инкриминирано во кривичните дела разместени во Глава XIX од КЗ - Кривични дела против половата слобода и половиот морал. Објектот на заштита кај оваа група на кривични дела е јасно дефиниран во самиот назив на главата, „слободата при стапување во полови односи“. Извршувањето на различни видови сексуално насилство врз деца на возраст до 18 години се инкриминира во неколку засебни членови, при што македонскиот КЗ прави разлика меѓу казнивоста на обљуба или други полови дејствија во зависност од возраста на детето-жртва, како и во висината на пропишаната казна затвор. Роковите на застареност не доволуваат по наполнети 18 години, децата кои биле жртви на сексуално насилство за секое од кривичните дела да покренат гонење или за определени кривични дела тоа е можно во многу кус рок по полнолетството. Роковите за застареност, текот и прекинот на застарувањето и незастарливоста се уредени со чл. 107, 108 и 112 од КЗ. По ратификацијата на Конвенцијата, односно во согласност со чл. 118 од Уставот на РМ „меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон“, а во чл.112 од КЗ е предвидена можност за незастарливост на кривичното гонење доколку тоа е предвидено со меѓународен договор кој е ратификуван.
Член 107 - Застареност на кривичното гонење
(1) Ако во овој законик не е поинаку определено, кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат:
1) 30 години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече казна доживотен затвор;
2) 20 години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над десет години;
3) десет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над пет години;
4) пет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над три години;
5) три години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над една година;
6) две години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор до една година или парична казна;
(2) Ако за кривичното дело се пропишани повеќе казни, рокот на застареноста се определува според најтешката пропишана казна.
Член 108 - Тек и прекин на застарувањето на кривичното гонење
(1) Застарувањето на кривичното гонење почнува од денот кога е сторено кривичното дело.
(2) Застарувањето не тече за времето за кое според законот гонењето не може да започне или да продолжи.
(3) Застарувањето се прекинува со секое процесно дејство што се презема заради гонење на сторителот поради стореното кривично дело.
(4) Застарувањето се прекинува и кога сторителот во времето додека тече рокот на застареност ќе стори, исто така, тешко или потешко кривично дело.
(5) За секој прекин застарувањето почнува повторно да тече. (6) Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење.
Член 112 - Незастарливост на кривичните дела геноцид и воени злосторства
Кривичното гонење и извршувањето на казната не застарува за кривичните дела предвидени во членовите од 403 до 407-б и 416-а, како ни за кривични дела за кои со ратификувани меѓународни договори е предвидена незастареност.
Кривичното дело предвидено во член 36–Сексуално насилство, вклучувајќи и силување од Конвенцијата, македонскиот КЗ го препознава само делумно. Во врска со одредбата содржана во ст.1 т.а, дејството на извршување опфаќа вагинална, анална или орална пенетрација. Битно обележје на делото е отсуство на согласност на другото лице. Македонскиот КЗ го познава кривичното дело силување (чл.186) и во ст.1 дејство на извршување е присилување на обљуба, но потребно е постоење на „употреба на сила или закана“ за непосреден напад врз животот или телото на жртвата или на блиско лице. Запретената казна е казна затвор од три до десет години.
Воочлива е суштинска разлика, односно Конвенцијата бара отсуство на согласност, додека македонскиот КЗ бара употреба на сила или закана. Жртва на ова кривично дело може да бидат деца на возраст над 14 години. Според правилата за застареност, дете на возраст над 14 години може да иницира гонење откако ќе наполни 18 години, во многу кус период по полнолетството (доколку немало прекин на рокот за застареност) бидејќи застареност за ова дело согласно чл. 107, став 4 изнесува пет години од денот на извршување на делото („пет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над три години“). Истата ситуација со рокот на застареност важи за дејството од став 2 на истиот член, пропишана е казна затвор од најмалку 4 години.
Во поглед на обљуба или други полови дејствија врз деца на возраст до 14 години македонскиот КЗ во членот 188 пропишува засебно кривично дело, полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. Рокот за застареност на гонењето е различен зависно од ставот на кривичното дело. За став 1 гонењето може да се покрене во рок од десет години од извршувањето на кривичното дело во согласност со член 107, став 3 (десет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над пет години), за дејствијата содржани во став 2, 3 и 4 застареноста на гонењете изнесува дваесет години (20 години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над десет години, став 2, чл.107).
Дејствата на кривичното дело предвидено во чл. 189, обљуба со злоупотреба на положба може да се извршат врз деца на возраст над 14 години и врз полнолетни лица. Рокот на застареност на гонењето изнесува десет години за став 1, односно дваесет години за став 2.
Кај кривичното дело предвидено во чл. 191, посредување во вршење проституција, застареноста на гонењето изнесува десет години за дејството од став 1 и став 3, пет години за дејството од став 2, односно дваесет години за став 4.
За кривично дело од чл. 192, подведување и овозможување полови дејствија, рокот за застареност изнесува десет години.
Застареноста за прикажување или злоупотреба на дете на возраст до 14 години за изработка на порнографски материјал или за порнографска претстава изнесува пет години за став 2 и 3, две година за став 1 односно доколку постои присила врз дете на возраст до 18 години, застарувањето на гонењето е во рок од десет години.
Застареноста за намамување на обљуба или друго полово дејство на малолетник кој не наполнил 14 години е во рок од три години.
За дејства на родосквернавење рокот на застареност изнесува десет години за став 1 односно дваесет години за став 2 кога дејствието е извршено врз дете на возраст од 14 години.
Кривичното дело - присилен брак предвидено во чл. 37 на Конвенцијата не постои автономно во македонскиот Кривичен законик. Присилен брак е предвиден како едно од дејствата на извршување на кривичното дело трговија со луѓе во чл. 418-а и кривичното дело трговија со деца во член 418-г. Кога дејството на извршување претставува присилен брак, рокот на застареност изнесува пет години кај кривичното дело трговија со луѓе, односно десет години кај кривичното дело трговија со деца.
Член 418-а - Трговија со луѓе
(1) Тој што со сила, сериозна закана доведува во заблуди или други форми на присилба, грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојбата на бременост, немоќ или физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или друга корист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице или на друг начин врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа лица заради експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна фертилизација, незаконито посвојување или нему сличен однос или недопуштено пресадување делови од човековото тело, ќе се казни со казна затвор најмалку четири години.
(2) Тој што ќе одземе или уништи лична карта, пасош или друга туѓа идентификациона исправа заради вршење на делото од став 1 на овој член ќе се казни со затвор од најмалку четири години.
(3) Тој што користи или овозможува на друг користење на сексуални услуги или друг вид експлоатација од лица за кое знаел или бил должен да знае дека е жртва на трговија со луѓе ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(4) Ако делото од ставовите (1), (2) и (3) на овој член го стори службено лице во вршењето на службата, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(5) Согласноста на жртвата на трговија со луѓе заради намера за експлоатација предвидена во став 1, не се од значење за постоењето на кривичното дело од став 1.
(6) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
(7) Недвижностите искористени и предметите и превозните средства употребени за извршување на делото, се одземаат.
Член 418-г - Трговија со малолетно лице
(1) Тој што врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа малолетно лице заради експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна фертилизација, незаконито посвојување или нему сличен однос или недопуштено пресадување делови од човеково тело, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(2) Тој што делото од став 1 ќе го стори со сила, сериозна закана, со доведување во заблуда или друга форма на присилба, грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојба на бременост, немоќ или физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или друга корист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(3) Тој што користи или овозможува на друг користење на сексуални услуги или друг вид експлоатација од малолетно лице за кое знаел или бил должен да знае дека е жртва на трговија со луѓе, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(4) Тој што ќе одземе или уништи лична карта, пасош или друга туѓа идентификациона исправа заради вршење на делото од ставовите 1 и 2, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(5) Ако делото од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член го стори службено лице во вршењето на службата, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(6) Согласноста на малолетното лице со дејствијата предвидени во став 1, не е од значење за постоењето на кривичното дело од став 1.
(7) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
(8) Недвижностите искористени и предметите и превозните средства употребени за извршување на делото се одземаат.
Кривичното дело – женско генитално осакатување предвидено со чл. 38 од Конвенцијата не постои во македонскиот Кривичен законик.
Кривичното дело – п рисилен абортус и присилна стерилизација предвидено во чл. 39 од Конвенцијата не постои како автономно кривично дело во македонскиот Кривичен законик. Дејството на извршување е делумно предвидено во кривичното дело противправно прекинување на бременоста со чл. 129 од КЗ. Извршувањето на ова кривичното дело ги погаѓа само жените и се предвидува гонење по службена должност и затворски казни од три месеци до три години кога постои согласност на жената за противправно прекинување на бременоста, и казна затвор од една до пет години кога прекинувањето на бременоста е без согласност на жената. Рокот на застареност изнесува три години.
Присилување на проституција или силување, сексуално ропство или предизвикување на присилна бременост, насилна стерилизација или друг вид сексуално насилство, се предвидени како дејствија на извршување кај кривичното дело воено злосторство против цивилно население, но кај ова дело мора да постои вооружен судир.
Присилна бременост, присилна стерилизација е предвидено како дејствие на извршување кај кривичното дело злостосрство против човечноста, кај кое мора да постои намера за систематско уништување на цивилно население.
Присилување на проституција или силување, сексуално ропство или предизвикување на присилна бременост, насилна стерилизација или друг вид сексуално насилство, се предвидени како дејства на извршување кај кривичното дело воено злосторство против цивилно население, но кај ова дело мора да постои вооружен судир.
MINUS
б. Дали вашата земја изјави резерва за овој член? Ако изјавила, ве молиме објаснете.
Одговор: Во времето кога е пишуван извештајот Конвенцијата сѐ уште не била ратификувана и не се изјавени резерви.
б. Дали вашата земја изјави резерва за овој член? Ако изјавила, ве молиме објаснете.
Одговор: Во времето кога е пишуван извештајот Конвенцијата сѐ уште не била ратификувана и не се изјавени резерви.
MINUS
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.