Член 56 - Мерки на заштита
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
Член 56 - Мерки на заштита
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
Член 56 - Мерки на заштита
1. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да ги заштитат правата и интересите на жртвите, вклучувајќи ги и нивните посебни потреби како сведоци, во сите фази од истрагите и судските постапки, а особено преку:
а. обезбедување на нивната безбедност, како и на безбедноста на нивните семејства и сведоците во нивно име, од заплашување, одмазда и повторена виктимизација;
б. обезбедување информирање на жртвите, барем во случаи кога жртвите и семејството може да се во опасност, за бегство на сторителот односно привремено или трајно ослободување;
в. информирање на жртвите, во согласност со условите предвидени со внатрешното право, за нивните права и услугите што им се на располагање, последователните активности во врска со нивната жалба, обвинението, општото напредување на истрагата или постапката, и нивната улога во нив, како и за исходот на нивните случаи;
г. овозможување на жртвите, на начин и во согласност со процесните правила на внатрешното право, да бидат ислушани, да достават докази и да ги презентираат нивните гледишта, потреби и интереси, непосредно или преку посредник, и дека ќе се земат предвид;
д. обезбедување на жртвите со соодветни служби за поддршка така што нивните права и интереси уредно да се презентираат и да се земат предвид;
ѓ. обезбедување усвојување на мерки за заштита на приватноста и угледот на жртвата;
е. обезбедување, кога е можно, да се избегнува контактот меѓу жртвите и сторителите во суд и во просториите на органите за спроведување на законот;
ж. обезбедување на жртвите со независни и стручни преведувачи, кога жртвите се странки во постапката односно кога приложуваат докази;
з. овозможување на жртвата да сведочи, според правилата предвидени во внатрешното право, во судница без да биде присутна односно барем без присуство на обвинетиот, секако преку употреба на соодветни комуникациски технологии, таму каде што се достапни.

2. На дете-жртва и сведок на насилство врз жените и домашно насилство им се укажуваат, кога е соодветно, специјални мерки на заштита, земајќи ги предвид најдобрите интереси на детето.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 56 Мерки на заштита
Подредување помеѓу државите на членот 56 Мерки на заштита
ПРАШАЊА
 
a. Дали постојат програми за заштита на сведоци и/или други мерки на посебна заштита воведени со цел да се осигура безбедноста на жртвите? Дали други сведоци или членови на семејството може да побараат мерки за заштита? Дали овие мерки се применливи на облиците на НВЖ или само некои? Објаснете. Кои услови треба да бидат исполнети за да се определи кој има право да побара заштита (дали тоа може да се врши по службена должност), каков вид мерки се достапни (заштита на идентитетот, процесна заштита посебни сведоци и сл.) кој определува специјални мерки, колку долго тие може да траат и др.? Ако е можно прикажете го бројот на случаи каде што е определена програма за заштита на сведоци во последните две години. Исто така, ако е можно наведете информации за жртвите на НВЖ на кои им била обезбедена ваков вид заштита, и на колку од нив.
Одговор: Во правниот систем на РМ сведоците се заштитени во текот на кривичната постапка (процесна заштита уредена во ЗКП) и вонпроцесно во Законот за заштита на сведоци („Службен весник на РМ”, број: 38/2005, 58/2005), при што треба да нагласиме дека и Законот за заштита на сведоци како и другите закони во РМ не е родово сензибилизиран.
Во Законот за кривичната постапка и Законот за заштита на сведоци е дефинирано дека сведок е секое лице кое поседува информации за извршувањето на кривичното дело, неговиот сторител и други важни околности, односно податоци и информации од значење за кривичната постапка кои се неопходни и решавачки за докажувањето на кривичното дело (чл. 2 од ЗЗС и чл. 212 став 1 од ЗКП).
PLUS
a. Дали постојат програми за заштита на сведоци и/или други мерки на посебна заштита воведени со цел да се осигура безбедноста на жртвите? Дали други сведоци или членови на семејството може да побараат мерки за заштита? Дали овие мерки се применливи на облиците на НВЖ или само некои? Објаснете. Кои услови треба да бидат исполнети за да се определи кој има право да побара заштита (дали тоа може да се врши по службена должност), каков вид мерки се достапни (заштита на идентитетот, процесна заштита посебни сведоци и сл.) кој определува специјални мерки, колку долго тие може да траат и др.? Ако е можно прикажете го бројот на случаи каде што е определена програма за заштита на сведоци во последните две години. Исто така, ако е можно наведете информации за жртвите на НВЖ на кои им била обезбедена ваков вид заштита, и на колку од нив.
Одговор: Во правниот систем на РМ сведоците се заштитени во текот на кривичната постапка (процесна заштита уредена во ЗКП) и вонпроцесно во Законот за заштита на сведоци („Службен весник на РМ”, број: 38/2005, 58/2005), при што треба да нагласиме дека и Законот за заштита на сведоци како и другите закони во РМ не е родово сензибилизиран.
Во Законот за кривичната постапка и Законот за заштита на сведоци е дефинирано дека сведок е секое лице кое поседува информации за извршувањето на кривичното дело, неговиот сторител и други важни околности, односно податоци и информации од значење за кривичната постапка кои се неопходни и решавачки за докажувањето на кривичното дело (чл. 2 од ЗЗС и чл. 212 став 1 од ЗКП). Во член 226 став 1 од ЗКП се воспоставува заштита на сведоците кои со давањето исказ или со одговор на определено прашање, сведокот, соработникот на правдата или жртвата, односно оштетениот би се изложил себеси или нему блиско лице на сериозна опасност по животот, здравјето или физичкиот интегритет (загрозен сведок). Загрозениот сведок може да го ускрати давањето исказ или изнесувањето на податоците додека не се обезбедат услови за негова заштита. Процесната заштита на загрозениот сведок се состои во посебен начин на сослушување и учествување во постапката и со примена на мерки за заштита вон постапката, уредени со ЗЗС.
Законот за заштита на сведоци во член 2 дефинира дека заштитено лице е сведок, соработник на правда, жртва која се јавува во својство на сведок и нивните блиски лица, кое со одлука на Советот за заштита на сведоци е вклучено во Програмата за заштита и со кое Одделението за заштита на сведоци има склучено спогодба за заштита, а Програма за заштита ја дефинира како систем на мерки и активности предвидени со овој закон кои Одделението за заштита на сведоци ги презема за заштита на животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имотот од поголем обем на лицата вклучени во неа.
Законот во истиот член одредува дека жртва која се јавува во својство на сведок на кое со кривично дело му е повредено или загрозено некое негово лично или имотно право, кое поседува информации од значење за кривичната постапка со чие давање неговиот живот, здравје, слобода, физички интегритет или имот од поголем обем би му биле изложени на опасност и кое се согласило со давање исказ во својство на сведок во кривичната постапка да соработува со правосудните органи, или негово блиско лице како што се: брачниот и вонбрачниот другар на сведокот, на соработникот на правдата и на жртвата која се јавува во својство на сведок, роднините на сведокот, на соработникот на правдата и на жртвата која се јавува во својство на сведок по крв во права линија, роднините во странична линија заклучно до трет степен, како и роднините по сватовство заклучно до втор степен, посвоеник и посвоител на сведокот, на соработникот на правдата и жртвата која се јавува во својство на сведок и друго лице кое сведокот, соработникот на правдата и на жртвата која се јавува во својство на сведок го смета за блиско лице се заштитени лица и може да бидат вклучено во Програмата за заштита. Одлука за вклучување на лица во Програмата, за нејзино престанување и за определување на мерката за заштита „промена на идентитет“ донесува Совет за заштита на сведоци. Програмата ја спроведува Одделение за заштита на сведоци кое е внатрешна организациона единица во Министерството за внатрешни работи. Одделението заради заштита на сведокот, соработникот на правдата, жртвата која се јавува во својство на сведок, како и нивните блиски лица, презема активности за спроведување на мерки за заштита за спречување на секој вид на закана по нивниот живот, здравје, слобода, физичкиот интегритет или имот од поголем обем.
Примената на мерките за заштита предвидени во законот се однесуваат и на жените жртви на насилство и тоа кога се користат за докажување на кривични дела кое не може да се изврши без исказ на лице, кое поради можната опасност да биде изложено на заплашување, закана со одмазда или опасност по животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имот од поголем обем, се согласува во својство на сведок да даде исказ за следниве кривични дела: против државата, против човечноста и меѓународното право, од областа на организираниот криминал член 3 од ЗЗС), како што се: силување во тешки последици, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, обљуба со злоупотреба на положбата, посредување во вршење проституција, злосторство против човечноста, воено злосторство против цивилно население, трговија со луѓе и за сите кривични дела за кои со Кривичниот законик е пропишана казна затвор од најмалку четири години. Жената може да биде жртва на сите наведени дела на насилство, но во националното законодавство родовата заснованост на насилството не е предвидена како основа за квалификуван облик на кривичните дела.
Според член 15 од ЗЗС предлог за вклучување во Програмата до Советот за заштита на сведоци, поднесува јавниот обвинител на Република Македонија, врз основа на писмено барање за вклучување во Програмата доставено од Министерството за внатрешни работи, надлежниот Јавен обвинител или судијата кој постапува по конкретниот предмет. Барање за вклучување во Програмата може да поднесе и лицето кое поради можната опасност да биде загрозен не се согласува во својство на сведок да даде исказ во кривичната постапка. Во ваков случај Јавниот обвинител на Република Македонија ќе побара од надлежниот јавен обвинител кој постапува по предметот да му ги достави податоците неопходни за одлучување по барањето. Јавниот обвинител на Република Македонија ја утврдува содржината и формата на предлогот за вклучување во Програмата и барањето за вклучување во Програмата.
При донесувањето на одлука за вклучување во Програмата, Советот ги има предвид особено следниве критериуми: значењето на информациите кои ги поседува лицето чија заштита се предлага за извршувањето на кривичното дело, неговиот сторител и други важни околности, односно податоци и информации од значење за кривичната постапка што се неопходни и решавачки за докажувањето на кривичното дело, информациите од значење за кривичната постапка кои ги поседува лицето чија заштита се предлага, да не можат да се обезбедат на друг начин, сериозноста на заплашувањето и волјата на лицето чија заштита се предлага да соработува со правосудните органи и во процесот на спроведувањето на мерките за заштита со Одделението.
Во член 23 од ЗЗС е утврдена можност за итни мерки доколку јавниот обвинител на Република Македонија оцени дека сведокот, соработникот на правдата, жртвата која се јавува во својство на сведок и нивните блиски лица се изложени на сериозна опасност која не може да биде отстранета со соодветните мерки за заштита што полицијата ги дава на граѓаните, изготвува предлогот за вклучување во Програмата, го известува Одделението на МВР за потребата од примена на итни мерки. По добивањето на известувањето Одделението на МВР во рок од 24 часа ќе донесе одлука за нивна примена, ќе ги преземе тие мерки и за тоа ќе ги извести Советот и Јавниот обвинител на Република Македонија. Пред да преземе итни мерки раководителот на Одделението ќе прибави писмена согласност од лицето за кое ќе се применуваат итните мерки. Итните мерки траат до донесување одлука од Советот за вклучување на лицето во Програмата. По донесувањето на одлуката за примена на итните мерки и определувањето на видот на мерките, раководителот на Одделението на МВР ќе побара од лицето за кое ќе се применуваат итните мерки, да му биде извршен лекарски преглед и да пополни прашалник (за личните податоци, имотната состојба, обврските што ги има кон трети лица и други податоци).
Според член 26 од Законот за заштита на сведоци мерки за заштита се: 1) чување на тајност на идентитетот; 2) обезбедување на лична заштита; 3) промена на живеалиште, односно престојувалиште и 4) промена на идентитет.
Како итни мерки можат да се спроведуваат мерките од членот 26 точки 1, 2 и 3 на овој закон.
Мерката за заштита „чување на тајност на идентитетот“ опфаќа изработка и употреба на лични исправи во кои привремено се променети личните податоци на заштитеното лице, како и изработка и употреба на исправи за сопственоста на одреден имот на заштитеното лице (член 27).
Мерката за заштита „обезбедување лична заштита“ се состои од оперативна, физичка и техничка заштита на заштитеното лице, со цел да се спречи загрозување на неговиот живот, здравје, слобода, физички интегритет или имот од поголем обем (член 29).
Мерката за заштита „промена на живеалиштето, односно престојувалиштето“ на заштитеното лице се остварува преку привремена или трајна промена на неговото живеалиште, односно престојувалиште со друго живеалиште, односно престојувалиште, кое ќе го одреди Одделението (член 30).
Мерката за заштита „промена на идентитет“ се состои од делумна или целосна измена на личните податоци на заштитеното лице. Личните податоци внесени во новите исправи не смеат да бидат идентични со податоците на друго лице (член 31).
Според одредбите во член 39, Програмата престанува:
1) со истекот на времето предвидено во Спогодбата;
2) со смрт на заштитеното лице;
3) доколку заштитеното лице или неговиот законски застапник се откажат од заштитата за што поднесуваат писмена изјава до Одделението;
4) заради престанок на причините поради кои заштитеното лице е вклучено во Програмата и
5) поради непочитување на одредбите од Спогодбата од страна на заштитеното лице.
Одлука за престанување на Програмата донесува Советот за заштита на сведоци по предлог на раководителот на Одделението на МВР, јавниот обвинител на Република Македонија или заштитеното лице, односно неговиот законски застапник.
Не располагаме со податоци колку лица биле опфатени со Програмата за заштита на сведоци во последните две години бидејќи Советот не објавува во јавноста годишни извештаи за својата работа. Според медиуското известување на судски предмети во кои жени биле жртви на насилство во изминатите 8 години во практиката на заштита на сведоци вон процесно, имало случаи кога жени жртви на кривичното дело трговија со луѓе биле во Програмата за заштита на сведоци.
MINUS
б. Дали постојат правни и други мерки за да се осигура дека жртвите се информирани за ослободување на сторителот како што е дефинирано во чл. 56 точка б. Ако постојат такви мерки, наведете која институција е одговорна и како жртва е информирана. Наведете ги правните основи за овие мерки.
Одговор: Во претходната постапка жртвата може да бара да биде информирана за мерките и резултатите од нив кои ги спроведува МВР (полицијата) и ЈО. Ако сторителот е фатен во бегство тогаш ЈО ја известува жртвата за мерките што ќе ги предложи, а судијата на претходната постапка ќе ја извести дали спрема сторителот ќе поведена истрага и дали ќе биде одреден притвор.
PLUS
б. Дали постојат правни и други мерки за да се осигура дека жртвите се информирани за ослободување на сторителот како што е дефинирано во чл. 56 точка б. Ако постојат такви мерки, наведете која институција е одговорна и како жртва е информирана. Наведете ги правните основи за овие мерки.
Одговор: Во претходната постапка жртвата може да бара да биде информирана за мерките и резултатите од нив кои ги спроведува МВР (полицијата) и ЈО. Ако сторителот е фатен во бегство тогаш ЈО ја известува жртвата за мерките што ќе ги предложи, а судијата на претходната постапка ќе ја извести дали спрема сторителот ќе поведена истрага и дали ќе биде одреден притвор.
Оштетениот или лицето жртва според тоа има право да биде известен од јавниот обвинител кога сторителот ќе биде ослободен од кривично гонење во случаи кога тој ќе ја отфрли кривична пријава што го засега оштетениот, и тоа со доставување на решението за отфрлање во кое задолжително треба да се наведат причините за отфрлање.

MINUS
в. Според релевантното законодавство, дали жртвата е страна во кривичната постапка? Дали жртвата може да доставува докази и да влијание на постапката? Дали постои надлежен орган чија одговорност според внатрешното право или стандардизираните процедури опфаќа „информирање на жртвите, во согласност со условите предвидени со внатрешното право, за расположливите права и услуги, последователните активности во врска со нивната жалба, обвинението, општото напредување на истрагата или постапката, и нивната улога во нив, како и за исходот на нивните случаи”. Ако е така, наведете го надлежниот орган, каков вид информации мора да ѝ бидат обезбедени на жртвата и постапката.
Одговор: Според ЗКП оштетениот е вклучен во кривичната постапката како помошна странка на јавниот обвинител. Во член 57 е утврдено дека оштетениот има право во текот на постапката да укаже на сите факти и да предложи докази што се од важност за утврдување на кривичното дело, за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело и за утврдување на нивните имотно-правни барања.
PLUS
в. Според релевантното законодавство, дали жртвата е страна во кривичната постапка? Дали жртвата може да доставува докази и да влијание на постапката? Дали постои надлежен орган чија одговорност според внатрешното право или стандардизираните процедури опфаќа „информирање на жртвите, во согласност со условите предвидени со внатрешното право, за расположливите права и услуги, последователните активности во врска со нивната жалба, обвинението, општото напредување на истрагата или постапката, и нивната улога во нив, како и за исходот на нивните случаи”. Ако е така, наведете го надлежниот орган, каков вид информации мора да ѝ бидат обезбедени на жртвата и постапката.
Одговор: Според ЗКП оштетениот е вклучен во кривичната постапката како помошна странка на јавниот обвинител. Во член 57 е утврдено дека оштетениот има право во текот на постапката да укаже на сите факти и да предложи докази што се од важност за утврдување на кривичното дело, за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело и за утврдување на нивните имотно-правни барања.
Во текот на истражната постапка оштетениот може да му даваат предлози на јавниот обвинител за преземање на определени дејствија и остварување на своите права. Јавниот обвинител е должен на погоден начин да го извести оштетениот за времето, местото на извршувањето на истражните дејствија на кои може да присуствува. Во текот на истражните дејствија, оштетениот може да му предложи на ЈО/органот што ја води постапката, заради разјаснување на работите да им постави определени прашања на осомничениот и вештакот, а по дозвола од органот што ја води постапката и тие можат непосредно да поставуваат прашања. Оштетниот има право да бара во записникот да се внесат и нивни забелешки во однос на извршувањето на одделни дејствија.
Доколку јавниот обвинител ја запре истражната постапка, наредбата за запирање на истражната постапка се доставува на осомничениот и оштетениот, со поука дека оштетениот може во рок од осум дена да поднесе приговор до непосредно повисокиот јавен обвинител.
Доколку судијата на претходната постапка спроведе доказно рочиште за тоа го известува оштетениот.
Кога судијата односно советот ќе донесе решение за запирање на постапката заради откажување на ЈО од обвинителниот акт, решението му се доставува на оштетениот со поука дека може во рок од осум дена да поднесе жалба до непосредно повисокиот јавен обвинител.
Исто така оштетениот има право да ги разгледува списите и да ги разгледува предметите што служат како доказ. Ова право судот може да му го ускрати додека не биде сослушан како сведок. Судијата на претходната постапка и претседателот на советот ќе ги запознаат оштетениот со наведените права.
На главниот претрес оштетениот може да биде присутен, има право да предлага докази, да им поставува прашања на обвинетиот, на сведоците и на вештаците, да изнесуваат забелешки и објасненија во поглед на нивните искази и да дава други изјави и да става други предлози, да сведочи, може и по закажувањето на главниот претрес да бараат на главниот претрес да се повикаат нови сведоци или вештаци или да се прибават други нови докази. Оштетениот може непосредно да му поставува прашања на обвинетиот по одобрение на претседателот на советот оштетениот може до завршувањето на главниот претрес да предлага да се изведат нови факти и да се прибават нови докази а можат да ги повторат и оние предлози што порано ги одбил претседателот на советот или советот. По завршената доказна постапка претседателот на советот ќе ги праша странките и оштетениот дали имаат некакви предлози за дополнение на доказната постапка, а оштетениот може да го искаже своето мислење за доказната постапка.
Според ЗКП оштетениот има право да биде информиран за своите права од полиција, ЈО и судот. Непочитувањето на овие права оштетениот има можност да ги надокнади со користење на правни лекови како жалба до повисоките обвинителски и судски инстанци.
MINUS
г. Имајќи ги предвид обврските дефинирани од г - з, наведете информации за тоа што се гарантира со внатрешната правна рамка, наведувајќи чија одговорност е да се обезбеди пристап до информациите и пристап до правата, постапки достапни за жртвите, како и можните последици во случај на необезбедување релевантни информации или необезбедување услуги како што се бара со внатрешното право. Наведете информации за следново: дали преведувањето е бесплатно, дали сослушувањето на жртвата може да се преземе без присуство на сторителот (ако да, кој го бара и каков вид дополнителни барања треба да бидат исполнети, доколку ги има), дали делови или целото судење може да бидат затворени за јавноста, дали соочувањето е задолжително во некои случаи и ако е така, ве молиме наведете.
Одговор: Член 57 - Права на оштетениот
Во кривичната постапка оштетениот ги има следниве права:
1) да биде запознаен со своите права;
2) да го употребува својот јазик и писмо и право на помош од преведувач, односно толкувач доколку не го разбира јазикот на кој се води постапката;
3) да стави предлог за остварување на имотноправното барање;
4) да има полномошник;
PLUS
г. Имајќи ги предвид обврските дефинирани од г - з, наведете информации за тоа што се гарантира со внатрешната правна рамка, наведувајќи чија одговорност е да се обезбеди пристап до информациите и пристап до правата, постапки достапни за жртвите, како и можните последици во случај на необезбедување релевантни информации или необезбедување услуги како што се бара со внатрешното право. Наведете информации за следново: дали преведувањето е бесплатно, дали сослушувањето на жртвата може да се преземе без присуство на сторителот (ако да, кој го бара и каков вид дополнителни барања треба да бидат исполнети, доколку ги има), дали делови или целото судење може да бидат затворени за јавноста, дали соочувањето е задолжително во некои случаи и ако е така, ве молиме наведете.
Одговор: Член 57 - Права на оштетениот
Во кривичната постапка оштетениот ги има следниве права:
1) да биде запознаен со своите права;
2) да го употребува својот јазик и писмо и право на помош од преведувач, односно толкувач доколку не го разбира јазикот на кој се води постапката;
3) да стави предлог за остварување на имотноправното барање;
4) да има полномошник;
5) да укажува на факти и да предлага докази;
6) да присуствува на доказното рочиште;
7) да присуствува на главната расправа и да учествува во доказната постапка, како и да се произнесе по имотноправното побарување и по кривичноправниот настан;
8) по завршување на истражната постапка да ги разгледа списите и предметите што служат како доказ;
9) да поднесе жалба под условите предвидени со овој закон;
10) да поднесе предлог за гонење и приватна тужба согласно со одредбите на Кривичниот законик;
11) да биде известен за непреземање или за секое откажување од кривично гонење од страна на јавниот обвинител;
12) да изјави жалба до повисокиот јавен обвинител против одлуката на јавниот обвинител со која тој се откажува од кривично гонење, под условите предвидени со овој закон;
13) да побара враќање во поранешна состојба;
14) да му се почитува правото на приватност и
15) да учествува во постапката за медијација на начин и под услови определени со овој закон.
Оштетениот задолжително добива пресуда против која може да користи редовни правни лекови доколку е незадоволен од пресудата кога обвинетиот е ослободен или благо казнет.
Оштетениот има право на толкувач на јазик што го зборува или разбира без надокнада, а доколку оштетениот е посебно ранлива група на жртви ќе се користат одредбите за испитување на посебно ранливи жртви и сведоци (член 232). 
MINUS
д. Дали децата мора да сведочат против сторителите, или постојат исклучоци според внатрешното право? Ве молиме, наведете. Дали постојат посебни законски мерки со цел заштита на децата како жртви и/или на сведоците (посебно процесни гаранции, како што се забрана на соочување, употреба на техничка опрема за сведочења, обезбедување посебна поддршка од стручни лица за правата на децата итн.)?
Одговор: Покрај посебните начини на испитување на загрозени сведоци, ЗКП предвидува и посебен начин на испитување на посебно ранливи жртви и сведоци.
Член 232 - Испитување на посебно ранливи жртви и сведоци
(1) Оштетениот и сведокот за кој органот што ја води постапката ќе утврди дека со оглед на возраста, здравствената состојба, природата или последиците од кривичното дело, односно поради други околности на случајот се посебно ранливи, малолетно лице жртва на трговија со луѓе, насилство или сексуална злоупотреба и дека испитувањето во просториите на органот што ја води постапката би имало штетни последици по нивното психичко или физичко здравје ќе се испитаат на начин пропишан во овој член.
PLUS
д. Дали децата мора да сведочат против сторителите, или постојат исклучоци според внатрешното право? Ве молиме, наведете. Дали постојат посебни законски мерки со цел заштита на децата како жртви и/или на сведоците (посебно процесни гаранции, како што се забрана на соочување, употреба на техничка опрема за сведочења, обезбедување посебна поддршка од стручни лица за правата на децата итн.)?
Одговор: Покрај посебните начини на испитување на загрозени сведоци, ЗКП предвидува и посебен начин на испитување на посебно ранливи жртви и сведоци.
Член 232 - Испитување на посебно ранливи жртви и сведоци
(1) Оштетениот и сведокот за кој органот што ја води постапката ќе утврди дека со оглед на возраста, здравствената состојба, природата или последиците од кривичното дело, односно поради други околности на случајот се посебно ранливи, малолетно лице жртва на трговија со луѓе, насилство или сексуална злоупотреба и дека испитувањето во просториите на органот што ја води постапката би имало штетни последици по нивното психичко или физичко здравје ќе се испитаат на начин пропишан во овој член. 
(2) Кога органот што ја води постапката ќе оцени дека тоа е потребно заради помош на оштетениот или сведокот од ставот (1) на овој член ќе му постави полномошник за време на испитувањето.
(3) Прашањата на оштетениот и сведокот од ставот (1) на овој член можат да се поставуваат само преку органот што ја води постапката, кој спрема таквото лице треба да се однесува со посебно внимание за да се избегнат штетните последици на кривичната постапка врз неговата личност, телесното и душевното здравје.
(4) Испитувањето на оштетениот и сведокот од ставот (1) на овој член може да се врши со помош на психолог, социјален работник или друго стручно лице, а органот што ја води постапката може да одлучи лицето да се испита со употреба на технички средства за пренос на слика и звук, без присуство на странките и другите учесници во постапката во просторијата во која се наоѓа оштетениот или сведокот, така што странките, бранителот и лицата кои имаат право да му поставуваат прашања, тоа го прават со посредство на органот што ја води постапката, психолог, педагог, социјален работник или друго стручно лице.
(5) При испитувањето на оштетениот или сведокот од ставот (1) на овој член, судот може да ја исклучи јавноста.
(6) Оштетениот или сведокот од ставот (1) на овој член не смеат да се соочуваат со обвинетиот, а со другите сведоци само по нивно барање.
Од отворањето на заседанието па до завршувањето на главниот претрес советот може во секое време по службена должност или по предлог на странките или оштетениот, но секогаш по нивното сослушување, да ја исклучи јавноста од целиот главен претрес или еден негов дел, ако тоа е потребно заради чување на тајната, чување на јавниот ред, заштита на моралот, заштита на личниот и интимниот живот на обвинетиот, сведокот или оштетениот, заштита на загрозениот сведок и заштита на интересите на малолетникот.
Oбвинетиот може привремено да се отстрани од судницата, со одлука на советот, ако сообвинетиот или сведокот или загрозениот сведок одбива да дава исказ во негово присуство или ако околностите укажуваат дека во негово присуство нема да ја зборува вистината или би се изложил себеси или нему блиско лице на сериозна опасност по животот, здравјето или физичкиот интегритет, а ова важи и за оштетениот кога е сведок.
Според член 218 став 2 од ЗКП, малолетно лице кое не наполнило 18 години се повикува како сведок преку неговите родители, односно преку законскиот застапник.
Кога детето се јавува како жртва на кривично дело, согласно чл. 54 ст. 1, т.1 има право на посебни мерки на процесна заштита при давањето исказ и испитувањето во сите фази на постапката. Покрај правото на децата-жртви на посебни мерки на процесна заштита, во ст. 4 е предвидено задолжително определување на посебна мерка на процесна заштита на дете жртва во следните случаи:
1) Кога детето жртва има потреба од посебна грижа и заштита или
2) Кога детето е жртва на трговија со луѓе, на насилство или на сексуална злоупотреба.
Во ставот 5 е предвидена обврската на судот да определи аудио-визуелен запис на исказот и испитувањето на детето. Само заради исклучителни околносто детето може повторно да се испита, но најмногу уште еднаш, но и тогаш преку користење на технички средства за комуникација.
(5) Во случаите од ставот (4) на овој член судот мора да определи поединечно или заедно со друга посебна мерка на заштита, видео и тонски запис на исказот и испитувањето на детето за да се користи како доказ во постапката. Во исклучителни случаи, заради нови околности на случајот, судот може да нареди повторно испитување на детето - жртва најмногу уште еднаш преку користење на технички средства за комуникација.
(6) Спроведувањето на посебните мерки на процеснатa заштита на децата жртви е уредено со посебен закон.
Посебната процесна заштита за децата жртви/сведоци е уредена со Законот за правда за децата. Во засебно поглавје е уредена заштитата на деца жртви на кривични дела, Глава 16 -Заштита на деца жртви на кривични дела или сведоци во кривичната постапка. Со деца жртви на кривични дела може да постапуваат само професионалци од институциите, вклучително полиција, обвинителство и судот само доколку поседуваат соодветно образование и посебно познавање и искуство од областа на правата на децата и нивната кривично-правна заштита.
Член 148
Во постапката што се води за дејства што со закон се предвидени како кривични дела во кои детето се јавува како жртва судовите, јавните обвинители и службените лица на Министерството за внатрешни работи можат да постапуваат само доколку поседуваат соодветно образование и имаат посебно познавање и искуство од областа на правата за детето и за кривично-правната заштита на децата.
Со чл. 149 се воспоставува генерална обврска за судот и сите органи што учествуваат во постапката за внимателно постапување со децата жртви „на начин на кој ќе се избегнат можните штетни последици за личноста и развојот“. Покрај итноста на постапките во кои детето е жртва, се ограничува начелото на јавност и за судот се воспоставува обврска за исклучување на јавноста од делот на постапката кога се репродуцира записот од детето жртва, или се применува друга мерка при земање исказ или распит на детето-жртва или се изведуваат други процесни дејствија со кои може да се нанесе штета на неговата личност. И при сослушување на деца како сведоци, законот воспоставува обврска за сослушување на начин кој не влијае штетно врз неговиот психофизички развој и со примена на посебни мерки на процесна заштита. Не помалку значајна е забраната за соочување меѓу детето сведок односно жртва и осомничениот односно обвинетиот за кривични дела кои по својата природа и последиците го прават детето посебно чувствително содржана во чл.150.
Член 149
(1) За сите дејства кои со закон се предвидени како кривични дела од Кривичниот законик во кои според законските обележја на делото детето се јавува како жртва на делото судот и другите органи што учествуваат во постапката се должни да преземаат мерки за помош и заштита и да постапуваат на начин на кој ќе се избегнат можните штетни последици за неговата личност и развој.
(2) Постапката за кривичните дела од ставот (1) на овој член, во која детето е жртва, е итна.
(3) Судот ја исклучува јавноста од делот на постапката во кој се репродуцира записот од исказот и од распитот на детето жртва или се применува друга посебна мерка на процесна заштита при земање исказ или распит или се изведуваат процесни дејствија со кои може да се нанесе штета на неговата личност и неговиот развој.
(4) Детето-жртва се сослушува како сведок на начин кој не влијае штетно врз неговиот психофизички развој и со примена на посебни мерки на процесна заштита.
(5) При земањето исказ и распит на дете како сведок или жртва полицијата, обвинителството и судот се должни да водат сметка за личните својства и карактеристики на детето за заштита на неговите интереси и за неговиот правилен развој.
Член 150
Детето-жртва и детето сведок на трговија со луѓе, насилство или сексуална злоупотреба, како и дејства што со закон се предвидени како кривични дела против човечноста и меѓународното право, како и за други дејства што со закон се предвидени како кривични дела кои поради нивната природа, последиците или други околности го прават детето посебно чувствително, односно се наоѓа во посебно тешка душевна состојба, соочување меѓу детето и осомничениот, односно обвинетиот не е дозволено.
Покрај правата на детето-жртва кои се уредени со член 145, ЗПД содржи одредба за посебни права на процесна заштита на децата-жртви односно сведоци на кривични дела при давањето исказ во сите фази на постапката. Законските одредби предвидуваат обврска за определување посебни мерки на процесна заштита при земање исказ односно сослушување на дете-жртва односно сведок, како и посебна рестрикција на бројот на сослушувања на детето-жртва во постапката како и начинот на сослушување. Секое дете жртва мора да има полномошник од првото сослушување и во текот на целата постапка и оваа услуга е бесплатна за детето-жртва, а трошоците за застапувањето паѓаат на товар на буџетот.
Член 146 - Посебни права на процесна заштита
(1) Детето-жртва има право на посебни мерки на процесна заштита при давањето исказ и испитувањето во сите фази на постапката.
(2) Судот мора да определи посебна мерка на процесна заштита во случаите од ставот (1) на овој член, и тоа:
- кога детето-жртва има потреба од посебна грижа и заштита или
- кога детето е жртва на трговија со луѓе, на насилство или на сексуална злоупотреба, како и на кривични дела против човечноста и меѓународното право или други тешки дела сторени кон деца за кои со закон е утврдена казна затвор над четири години.
(3) Во случаите од ставот (2) на овој член судот определува поединечно или заедно со друга посебна мерка на заштита да се регистрира исказот на детето со видео и тонски запис, кој ќе се користи како доказ во натамошната постапка. Во исклучителни случаи, ако се појават нови околности, судот може повторно да го испита детето жртва најмногу уште еднаш преку користење на технички средства за комуникација.
(4) Судот, јавното обвинителство и полицијата се должни да го поучат детето-жртва за неговите права од ставот (1) на овој член, најдоцна пред неговото прво испитување и за тоа составуваат службена белешка или записник.
(5) Посебните права содржани во ставовите (2), (3) и (4) на овој член се однесуваат и на децата сведоци.
Одредбата од чл.147 таксативно ги набројува мерките на процесна заштита на деца жртви и сведоци при давање исказ и тоа:
- користење на екрани за заштита на жртвата и сведокот од погледот на обвинетиот;
- прикривање на идентитетот или на изгледот;
- давање исказ преку видеоконференција;
- отстранување на тогите и капите;
- исклучување на јавноста;
- видео и аудио запис на исказот кој ќе се користи како доказ;
- видео и аудио запис од распитот кој ќе се користи како доказ;
- земање исказ преку посредство на стручно лице;
- употреба на посебни технички средства за комуникација;
- заштита на приватноста на детето и на неговото семејство.
MINUS
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.