Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
1. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат дека соодветни мерки на забрана на приближување или за заштита им се достапни на жртвите на сите форми на насилство опфатени со Конвенцијата.

2. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат дека мерките за забрана на приближување и за заштита споменати во ставот 1:
- се достапни за непосредна заштита и без непотребни финансиски или административни товари врз жртвата;
- се издаваат за определен период или сé додека не се изменат или не се отповикаат;
- кога е потребно, се издаваат на ex parte основа со непосредна дејство;
- се достапни без оглед или како дополнување на други правни постапки;
- може да се изрекуваат во последователни правни постапки.

3. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат дека прекршувањето на мерките за забрана на приближување и за заштита изречени во согласност со ставот 1 ќе бидат предмет на кривични или други санкции кои се ефективни, сразмерни и кои одвраќаат од вршење на кривични дела.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 53 Мерки за забрана на приближување или заштита
Подредување помеѓу државите на членот 53 Мерки за забрана на приближување или заштита
ПРАШАЊА
 
a. Дали жртвите на насилство врз жени (НЖ) имаат на располагање мерки за забрана на приближување или заштита? Дали се опфатени сите жртви на НЖ? Појаснете кој одлучува за мерките за забрана на приближување, и во каков вид постапка (граѓанска, кривична, итн)? Кој може да иницира постапки - единствено жртвата или и трето лице, исто така? Ве молиме наведете, вклучувајќи и кои услови треба да се исполнети за иницирање на мерка за забрана на приближување? Ако мерките за забрана на приближување може да бидат определени во различни постапки, дали има корелација (на пример, пристап до информации и споделување на доказ)? Ве молиме наведете правни ресурси и дефиниции, вклучувајќи го видот на заштитата / мерки кои може да се преземат (ограничување на контакти, забрана за влез во домаќинство, итн.)
Одговор: Актуелното решение во Законот за семејство пропишува преземање мерки за заштита од семејно насилство. Овие мерки се однесуваат само на заштита од семејно насилство. Мерките за заштита ги преземаат центрите за социјална работа, а судот може да определи една или повеќе од 11-те пропишани привремени мерка на заштита од семејно насилство. Судот изрекува привремена мерка за заштита од семејно насилство во граѓанска постапка. Само жртвите на семејно насилство можат да бараат изрекување на привремена мерка на заштита. При тоа, ова право не можат да го користат жртви на семејно насилство од истополови заедници или истополов партнер што е одредено со дефиницијата на семејно насилство во Законот за семејство. Предлог за привремена мерка може да поднесе самата жртва или со нејзина согласност ЦСР. Во случај кога предлогот го поднесува ЦСР нема финансиски трошоци за жртвата. Но, трето лице во име на жртвата ќе иницира постапка за изрекување привремена мерка на заштита во следните случаи:
Родител, старател или законски застапник може да поднесе предлог во име на малолетно дете и лице со ограничена или одземена деловна способност, како и за лице над кое е продолжено родителското право (чл.94-ж од ЗС).
Исто така, ЦСР поднесува предлог за изрекување на привремена мерка на заштита до надлежниот суд и без согласност на жртвата кога како жртва на семејно насилство се јавува малолетник или деловно неспособно лице секогаш кога тоа нема да го сторат родителот, старателот или законскиот застапник.
Центарот за социјална работа ќе поднесе предлог за изрекување на привремена мерка за заштита од семејно насилство до судот за малолетни и деловно неспособни лица секогаш кога родителот, старателот или законскиот застапник тоа нема да го сторат член (94-д од ЗС).
PLUS

Според одредбите на новиот ЗКП, кога станува збор за процесни мерки за обезбедување заштита на жртвата во кривичната постапка се забележува поекстензивен пристап. Имено, во Глава XVI се уредени мерките за обезбедување присуство на лица и за непречено водење на кривичната постапка. Во заедничката одредба содржана во чл. 144 се наведени причините поради кои можат да се применат овие мерки. Законодавецот разликува две причини: 1. заради обезбедување присуство на обвинетиот; и 2. заради непречено водење на кривичната постапка. Од аспект на заштита на жената-жртва на родово засновано насилство и семејно насилство, значајна е втората причина за определување на мерките. Иако изречно законодавецот не утврдува дека мерките се определуваат заради заштита на безбедноста на жртвата на казненото дело, тоа сепак произлегува од непреченото водење на постапката. Имено, законодавецот умесно прави разлика меѓу обезбедување присуство на обвинетиот и другите аспекти на непречено одвивање на постапката. Под причината, непречено одвивање на постапката може да се подведат мерки за спречување на загрозувањето или спречување на обвинетиот да ги сокрие или уништи трагите од кривичното дело, да влијае на сведоците, да го повтори или да го доврши кривичното дело или да го изврши делото со кое се заканува. Иако законодавецот изречно не ги определува горенаведените основи како мерки за непречено одвивање на кривичната постапка, тоа сепак произлегува од разликувањето на две причини за кои се определуваат овие мерки (обезбедување присуство на обвинетиот и непречено одвивање на постапката).
Ваквиот пристап произлегува и од формалната структура на предложениот ЗКП. Во првиот дел на Законот што се однесува на општите одредби, во Одделот Г се разместени процесни мерки и дејствија за обезбедување на лица и докази. Во четири глави на овој оддел се поставени одредби кои ги уредуваат мерките на обезбедување присуство на лица и непречено водење на постапката; мерки за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети; доказни средства; и посебни истражни мерки. Оттука, мерките кои се преземаат за непречено одвивање на постапката во себе вклучуваат заштита на безбедноста на жртвата на кривичното дело од понатамошно загрозување додека трае постапката.
Следната карактеристика на овие мерки произлегува од заедничката одредба содржана во чл. 144, каде што таксативно се наброени мерките кои може да се преземат спрема обвинетиот. Тоа се: покана, мерки на претпазливост, гаранција, приведување, лишување од слобода, задржување, краткотраен притвор, куќен притвор, и притвор. Ставот 2 укажува дека секоја од мерките има карактер на автономна мерка, а не претставува алтернатива на притворот. Поточно, за определување на секоја поединечна мерка различно се дефинирани основите за определувањето. Секоја мерка може да се изрече самостојно или во комбинација со други мерки, освен при определувањето на мерката притвор. Општото правило што се воспоставува е да не се применува потешка мерка ако може истата цел да се постигне со поблага мерка.
Од аспект на положбата на жената-жртва во кривичната постапка посебно значење имаат мерките на претпазливост. Новиот ЗКП воведува суштинска измена кај мерките на претпазливост.
Член 146 - Видови мерки на претпазливост
(1) Заради остварување на целта предвидена во членот 144 став (1) од овој закон, судот може да определи некоја од следниве мерки на претпазливост:
1) забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето;
2) обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган;
3) привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање;
4) привремено одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање;
5) забрана за посетување на определено место или подрачје;
6) забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и
7) забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
(2) Мерките на претпазливост може да траат додека постои потреба, а најдолго до правосилноста на пресудата.
(3) Судот по службена должност на секои два месеца преиспитува дали има потреба за траење на мерката на претпазливост и таа може да се укине и пред рокот од ставот (2) на овој член, ако престанала потребата или ако повеќе не постојат законски основи за примената.
(4) Со мерките на претпазливост не може да се ограничи правото на обвинетиот на непречена комуникација со својот бранител.
(5) Мерките на претпазливост пo предлог на јавниот обвинител во текот на истражната постапка ги определува судијата на претходната постапка, а по стапувањето на обвинението во правна сила или по поднесувањето на обвинителниот предлог до правосилноста на пресудата, судот пред кој се води постапката. (6) Против решението со кое се определуваат или се укинуваат мерките на претпазливост, странките имаат право на жалба во рок од три дена. По жалбата на решението кое го донел судијата на претходната постапка или судијата-поединец, одлучува советот од членот 25 став (5) на овој закон, а по жалбата на решение кое го донел судскиот совет, одлучува советот на непосредно повисокиот суд.
Во самиот наслов, мерки на претпазливост, и со напуштањето на терминот превентивни мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиот, јасно е изразена целта за која се изрекуваат овие мерки. Имено, целта на овие мерки не е единствено обезбедување присуство на обвинетиот, туку тие имаат карактер на претпазливост во смисла на спречување на потенцијалната опасност за водењето на кривичната постапка односно за безбедноста на жртвата на кривичното дело. Предвидени се 7 мерки на претпазливост. Во контекст на кривичните дела на семејно насилство и заштитата на жената-жртва на семејно насилство во текот на кривичната постапка, посебно значење има воведувањето на мерката со која на обвинетиот му се забранува приближување или воспоставување, односно одржување на контакти со определени лица. Основата за определување на оваа мерка е широко поставена, односно мерката може да се изрече заради непречено одвивање на постапката. Овластен орган за изрекување на оваа мерка е судијата на претходната постапка во текот на истражната постапка, а по стапување во сила на обвинението или по поднесување на обвинителен предлог, а до правосилност на пресудата, надлежност за изрекување на мерката има судот пред кој се води постапката. Оттука, јасно произлегува дека законот дозволува мерката на претпазливост забрана за приближување и комуницирање да се изрекува во редовна и во скратена постапка. Исто така, и став 2 од член 471 изречно предвидува дека во обвинителниот предлог може да се предложи мерка за обезбедување присуство на обвинетиот. Во контекст на заштита на жртвата на кривичните дела на семејно насилство во текот на постапката, од суштинско значење е што законодавецот не прави разлика во основите, времетраењето и извршувањето на забраната за приближување и комуницирање во редовна и во скратена постапка. Имено, со чл. 468 се утврдува дека скратена постапка се води за кривични дела за кои како главна казна е пропишана парична казна или казна затвор до пет години, што е применливо на повеќето кривични дела на семејно насилство.
Забраната за приближување и комуницирање, како и останатите мерки на претпазливост, не се санкции и имаат важење до правосилноста на пресудата. Притоа, законодавецот не го ограничува времетраењето на забраната за приближување во текот на кривичната постапка. Судот, односно судијата на претходната постапка, може да изрече мерка на претпазливост само на барање на јавниот обвинител, но истовремено има позитивна обврска по службена должност на секои два месеци да ја преиспитува потребата од траење на мерката и може да ја укине ако престанала потребата, односно законските услови за нејзино изрекување. Токму во законската обврска на судот да ја преиспитува потребата од изречената забрана е потребниот баланс за заштита на правата на обвинетиот. За изрекување на мерката – забрана за приближување, покрај предлог од јавниот обвинител, тоа мора да е потребно за непречено водење на постапката. Но, законот не определува поблиску кои околности претставуваат попречување на водењето на постапката како основи за определување на оваа мерка. Законодавецот единствено при дефинирањето на притворот и алтернативите на притворот прецизно дефинира кои околности се сметаат за попречување на водењето на постапката. На прашањето, дали може да се примени понизок стандард при одлучувањето за мерка на претпазливост, законот не дава одговор на прашањето, дали мора да постои основан страв дека обвинетиот ќе ја попречи постапката преку влијание врз сведоците, како при определувањето на притвор и со завршувањето на истражната постапка судот би морал да ја укине мерката, или дека околностите на делото што го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе го доврши или повтори делото мора да се особени? Но, од самиот факт дека мерките на претпазливост се самостојни мерки и немаат карактер на алтернатива на притворот, произлегува дека и доказните стандарди за изрекување на забраната за приближување не треба и не смеат да бидат на исто рамниште како за определување притвор. Со самото тоа што се мерки на претпазливост, доволна основа треба да претставуваат само околностите на делото, а притоа да не се бара утврдување на особени околности на делото. Исто така, доволно е да постои страв дека обвинетиот ќе влијае врз жртвата како сведок да го промени исказот.
Карактерот на мерките на претпазливост произлегува и од отсуството на точно дефинирана санкција во случај на кршење на изречената мерка. Законодавецот со една општа одредба уредува дека судот може да изрече друга мерка. Притоа, акцентот е врз факултативноста и на оцената на судот дали и која мерка ќе ја изрече. Исто така, законот не дефинира дали при кршење на изречената мерка е потребен нов предлог од јавниот обвинител. Но, имајќи предвид дека судот постапува по основ на кршење на судска мерка, произлегува дека не може да се бара акузаторност за постапување на судот кога е прекршена судска мерка. Загрижува фактот што кршењето на забраната за приближување, како и другите мерки на претпазливост, не повлекува санкција, односно постои факултативност на изрекувањето на друга мерка.
Генерално, отсуството на задолжителна санкција при кршењето на мерките на претпазливост ги прави овие мерки со мала вредност за заштита на жртвите на кривичните дела. Имено, законот предвидува санкција во вид на парична казна за лицето со кое на обвинетиот му е забранета комуникација или приближување, доколку ја нарушува мерката на претпазливост. Притоа, судот, со решение на лицето што ја нарушува мерката на претпазливост истото ќе му го забрани. Санкцијата е инспирирана од заштитата на судот, односно, нарушување на извршувањето на судската мерка од трети лица се смета за навреда на судот.
Забраната за приближување судот ја определува со решение во кое задолжително ја определува далечината, местото или подрачјето до кое обвинетиот не може да се доближи, и ги определува и лицата со кои се забранува одржување контакти и комуницирање. Во случаи на семејно насилство, под место се подразбира домот на жртвата, пристапот до домот (влез во зграда), но и работното место. Извршувањето на мерките на претпазливост законот го доверува на полицијата. Но, начинот на кој полицијата би ја спроведувала оваа мерка, вклучително и водењето евиденции за забрана за приближување, не се регулирани со овој закон. При извршувањето на мерката, полицијата е должна за секое кршење на забраната да го извести судот. Истовремено, судот може да побара извештај од полицијата за извршувањето на мерката. Во врска со извршувањето на забраната за приближување останува нејасно како полицијата ќе дознае за кршење на мерката спротивно на волјата на жртвата за чија заштита е изречена. Дури и во таков случај, отсуството на санкција за кршење на забраната или отсуство на судска наредба за приведување по автоматизам во случај на кршење на забраната, не ѝ дава многу можност на полицијата да реагира за да ја заштити жената-жртва на семејно насилство од натамошно вознемирување и притисоци. Истовремено, и на жртвата не ѝ обезбедува гаранција за заштита од натамошно вознемирување од обвинетиот насилник.

MINUS
б. Кои се роковите за определување на мерките? Дали во правната рамка се дефинирани рокови или правило на итност со цел да се обезбеди непосредна заштита? Дали има какви било финансиски трошоци кои треба да бидат покриени од страна на жртвата или трето лице, доколку е применливо, за иницирање или за водење на постапка за определување мерка на забрана или заштита (судски трошоци, докази, итн.)? Каков вид докази мора да бидат доставени со цел да се исполнат законските барања? Колку долго може да трае постапката (една расправа или повеќе)? Откако ќе се определи, колку долго може да трае мерката за забрана на приближување?
Одговор: Судската постапка за изрекување на привремена мерка на заштита од семејно насилство е итна, а судот одлучува по поднесеното барање во рок не подолг од 7 дена. Доказниот стандард потребен за определување на привремена мерка од страна на судот е понизок од доказните стандарди за определување на мерките за непречено водење на кривичната постапка кои се однесуваат на заштита на жртвата. ЦСР заедно со предлогот до судот ја поднесува и целокупната документација за преземените активности во врска со сознанието за семејно насилство (записник и извештај за преземени активности).
PLUS
б. Кои се роковите за определување на мерките? Дали во правната рамка се дефинирани рокови или правило на итност со цел да се обезбеди непосредна заштита? Дали има какви било финансиски трошоци кои треба да бидат покриени од страна на жртвата или трето лице, доколку е применливо, за иницирање или за водење на постапка за определување мерка на забрана или заштита (судски трошоци, докази, итн.)? Каков вид докази мора да бидат доставени со цел да се исполнат законските барања? Колку долго може да трае постапката (една расправа или повеќе)? Откако ќе се определи, колку долго може да трае мерката за забрана на приближување?
Одговор: Судската постапка за изрекување на привремена мерка на заштита од семејно насилство е итна, а судот одлучува по поднесеното барање во рок не подолг од 7 дена. Доказниот стандард потребен за определување на привремена мерка од страна на судот е понизок од доказните стандарди за определување на мерките за непречено водење на кривичната постапка кои се однесуваат на заштита на жртвата. ЦСР заедно со предлогот до судот ја поднесува и целокупната документација за преземените активности во врска со сознанието за семејно насилство (записник и извештај за преземени активности). За поднесување на предлог до судот за изрекување на привремена мерка, ЦСР е потребно да има сознание дека постои реална дека опасност извршителот на семејното насилство ќе го повтори насилството (чл.15,16,17,18 од Правилникот за начинот на спроведување и следење на изречените мерки за заштита на семејството и лицата-жртви на семејно насилство преземени од Центарот за социјална работа и за начинот на следење на привремените мерки изречени од судот). Притоа, оценката за потребата од привремена мерка ЦСР ја заснова на утврдениот вид и степен на насилство, околностите на случајот и семејното опкружување. Судот треба да се увери во постоењето на реалната опасност од повторување на насилството од извештаите за преземени активности и мислењето и наодот на ЦСР. Времетраењето на привремените мерки е законски определено и судот може да ги определи за период од три месеци, а најмногу до една година. Но, по предлог на ЦСР или на жртвата, судот може да го продолжи траењето на мерките. Исто така, покрај барањето за продолжување на привремената мерка, ЦСР односно жртвата можат да му предложат на судот да ја измени или да ја укине изречената мерка доколку е постигната целта за која е изречена.
MINUS
в. Дали мерките за забрана на приближување може да се определат без присуство на сторителот? Ако може, наведете ги условите кои треба да бидат исполнети. Дали лицето против кое се определува мерка за забрана или заштита, има право на жалба? Ако има право на жалба тогаш кој претставува второстепен орган? Ве молиме опишете ја постапката за жалба (надлежен орган, временска рамка, итн.)
Одговор: Привремените мерки на заштита судот во граѓанска постапка може да ги изрече и без присуство на сторителот, односно важат општите правила за одржување на рочиште. Правото на жалба е уставна категорија и двостепеноста се применува во сите судски постапки, односно сторителот кому му се изрекува привремена мерка на заштита – забрана за приближување може да изјави жалба на судската одлука.

г. Дали барањето за определување мерка за заштита мора да биде дел од други постапки (развод, кривичната постапка, притвор и сл.) или тоа може да се поднесе и да се определи независно? Д. Дали прекршување на забрана за приближување или заштита е предмет на кривична или друга правна санкција?
Одговор: Во случај на привремените мерки на заштита од семејно насилство предвидени со Законот за семејство, меѓу кои и забрана за приближување се предлагаат и изрекуваат независно од постоењето или иницираноста на друга судска постапка.

д. Дали прекршување на забрана за приближување или заштита е предмет на кривична или друга правна санкција?
Одговор: Во чл. 377 од КЗ предвидено е кривично дело – неизвршување на судска одлука. Кршењето на привремената мерка, односно неизвршувањето на судската одлука со која е изречена привремена мерка на заштита од семејно насилство претставува кривично дело – неизвршување на судска одлука за кое е пропишана санкција од 1 до 5 години казна затвор, доколку кршењето на забраната го изврши лицето на кое му е определена мерката. Но, истовремено, инкриминирано е и неизвршувањето на судската одлука од страна на службено или одговорно лице, а доколку со неизвршувањето на судската пресуда се предизвика потешка повреда на правата на друг или значителна материјална штета, пропишана е казна затвор од 1 до 10 години. Но, Законот за семејство изречно не пропишува дека кршењето на изречената привремена мерка повлекува кривично гонење или друга санкција. Освен обврската за доставување извештај за спроведувањето на привремената мерка, законското решение не предвидува обврска за судот заедно со определувањето на привремената мерка да издаде и наредба за приведување во случај на кршење на мерката, ниту определување санкција во случај на кршење на привремената мерка.

ѓ. Ако постои расположлива статистика, наведете го бројот на определени мерки за забрана на приближување кои се издадени во последните две години, и ако е можно, ве молиме, наведете на годишно ниво? Наведете информации за бројот на определени мерки против женски и машки наводни сторители. Дали законодавството обезбедува основа за оценување на „провокативно однесување” (на пр., придонес на жртвата на кривично дело) при одлучувањето на надлежниот орган за мерка на забрана или заштита или тоа е дел од практиката - разгледување на надлежниот орган во секој случај?
Одговор: Нема достапна статистика.

NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.