Член 5 – Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
1. Страните се воздржуваат од учествување во каков било акт на насилство врз жените и обезбедуваат дека државните органи, функционерите, службениците, институциите и другите актери коишто дејствуваат во име на државата, постапуваат во согласност со ваквата обврска.

2. Страните преземаат потребни законодавни и други мерки за, со должно внимание, да се спречат, да се истражат, да се казнат и да се обезбеди репарација за актите на насилство опфатени со Конвенцијата коишто се извршени од недржавни актери.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 5 Обврски на државата и принципот на должно внимание
Подредување помеѓу државите на членот 5 Обврски на државата и принципот на должно внимание
ПРАШАЊА
 
a. Ако постојат дефиниции на насилство против жените и домашно насилство (понатаму НПЖ и ДН), какви обврски предвидуваат на државата? Дали се позитивни обврски - да се спречи, истражува, казнува и обезбеди обештетување на жртвите по принципот на должно внимание (да ги заштити жртвите од извршување на овие дејствија од страна на недржавни актери) или негативни обврски - да ги одбегнува овие дејствија кога дејствува за сметка на државата?
Одговор: Во националните закони постои дефиниција само за семејно насилство и оттука обврските на државата се анализирани само во врска со семејното насилство. Во поглед на позитивната обврска на државата да обезбеди заштита на човековите права кога се прекршени од недржавен актер, вклучително на спречување, истраги, санкционирање и обештетување на жртвите во националните закони се содржани одредби кои ја уредуваат во определена мера позитивната обврска.
PLUS
a. Ако постојат дефиниции на насилство против жените и домашно насилство (понатаму НПЖ и ДН), какви обврски предвидуваат на државата? Дали се позитивни обврски - да се спречи, истражува, казнува и обезбеди обештетување на жртвите по принципот на должно внимание (да ги заштити жртвите од извршување на овие дејствија од страна на недржавни актери) или негативни обврски - да ги одбегнува овие дејствија кога дејствува за сметка на државата?
Одговор: Во националните закони постои дефиниција само за семејно насилство и оттука обврските на државата се анализирани само во врска со семејното насилство. Во поглед на позитивната обврска на државата да обезбеди заштита на човековите права кога се прекршени од недржавен актер, вклучително на спречување, истраги, санкционирање и обештетување на жртвите во националните закони се содржани одредби кои ја уредуваат во определена мера позитивната обврска. Имено, карактеристика на македонското казнено-правно решение е дека не се пропишува засебно кривично дело на семејно насилство, туку во рамките на основните кривични дела посебно се санкционира фактот кога делото е сторено при вршење семејно насилство, односно својството на сторителот и жртвата е квалификаторен елемент за одмерувањето на казната, како и за преземање на гонењето. Македонскиот КЗ разликува 9 кривичните дела кај кои квалификаторен односно привилегирачки елемент е нивното извршување при семејно насилство и тоа: Убиство, член 123, став 2,т.2; Убиство на миг, чл.125; Телесна повреда, член 130, став 2; Тешка телесна повреда, член 131, став 2 и 6; Присилба, член 139, став 2; Противправно лишување од слобода, член 140, став 2; Загрозување на сигурноста, член 144, став 2; Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, член 188, став 2; Посредување во вршење проституција, член 191, став 4. Но, мора да се има предвид дека својството на блискост и интимност меѓу сторителот и жртвата не ја исклучува одговорноста за кое било казнено дејствие. Воедно изолираното толкување на инкриминациите во КЗ може да произведе неконзистентен заклучок дека македонското кривично законодавство отсекогаш ги инкриминира сите облици на семејно насилство. Прашањето што произлегува во оваа смисла е поврзано со објектот на заштита, обликот на прогон, казната, а пред сé, интерпретацијата на семејното насилство и неговата недозволеност од оние кои го применуваат Кривичниот законик.
Покрај начелото на официјалност при преземањето на гонењето, јавниот обвинител како овластен тужител за кривични дела на семејно насилство е обврзан и со начелото на законитост. Имено, според член 18 од Законот за кривична постапка, јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење ако постојат докази дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност. Кога станува збор за кривичните дела на семејно насилство, постои обврската на јавниот обвинител да покрене гонење секогаш кога постојат докази, бидејќи освен кај кривичното дело Телесна повреда каде за гонење е потребен предлог од оштетената, за сите останати кривични дела на семејно насилство, гонењето се презема по службена должност. Но, легалитетот во македонското казнено процесно право е ограничен со принципот на опортунитет и на целесообразност. Во овој контекст е и разбирањето на одредбата за „дело од мало значење“ (чл.8 од КЗ). За да може да не се покрене гонење, потребно е претходно да се исполнети два услова, кумулативно; имено, отсуство или незначителност на штетни последици и низок степен на кривична одговорност на сторителот.
Второто ограничување на легалитетот е институтот условно одлагање на кривичната постапка (чл. 43, нов ЗКП). За да се примени овој институт, мора да се исполнети следните услови: 1) согласност на оштетениот, 2) за кривичното дело да е пропишана казна затвор до три години, 3) осомничениот да е подготвен да исполни определени обврски со кои се намалуваат или отстрануваат штетните последици на кривичното дело, се става крај на вознемирувањето односно се влијае со цел да се реинтегрира осомичениот. Меѓу обврските кои можат да му се определат на осомничениот од особено значење за жртвата на семејно насилство се: „подложување на психосоцијална терапија заради отстранување на насилничко однесување“ и „забрана за посетување или контактирање со жртвите на казненото дело, како и со трети лица определени од страна на јавниот обвинител во период не подолг од шест месеци.“ Неисполнувањето на поставената обврска би го активирало гонењето, што овозможува проширена заштита преку застрашување со кривично гонење на осомничениот да не изврши ново насилство врз жената-жртва на семејно насилство. Но, отсуствува механизам кој ќе гарантира дека жртвата на семејно насилство ќе ја даде согласноста откако е информирана за своите права, односно жртвата да може вистински да ја изрази својата слободна волја. Воспоставувањето на механизам кој ќе ја гарантира вистински изразена слободна волја на жената-жртва е битен предуслов за да се избегне нејзина нова виктимизација.
Следното ограничување на легалитетот е содржано во член 44 - Непреземање на кривично гонење, со кое на јавниот обвинител му се овозможува да одлучи да не преземе кривично гонење кога во КЗ е утврдено дека судот може сторителот да го ослободи од казна и ако јавниот обвинител со оглед на конкретните околности на случајот ќе оцени дека самата пресуда без кривична санкција не е потребна: 1. за кривични дела за кои е пропишана парична казна или казна до три години затвор, а осомничениот поради вистинско каење го спречил настанувањето на штетните последици или ја надоместил сета штета и ако јавниот обвинител со оглед на конкретните околности на случајот ќе оцени дека кривичната санкција не е основана, или 2. за осомничен кој е член на организирана група кој доброволно соработува што е од суштествено значење за кривичната постапка. Од аспект на гонењето на кривични дела при вршење на семејно насилство, посебно интересен е првиот случај. Законодавецот поставува два услови кои треба да се исполнат кумулативно за да може јавниот обвинител да не покрене или да се откаже од кривичното гонење. Првиот услов е од објективна природа, односно е определен според пропишаната казна. Исполнувањето на вториот услов е поврзан со оцена на јавниот обвинител дека во конкретниот случај кривичната санкција не би била основана, а врз основа на однесувањето на сторителот откако е соочен со кривично гонење. Одредбата бара кај осомничениот да постои вистинско каење со што спречил настанување на штетни последици или да ја надомести сета предизвикана штета. Кај вториот услов има место за многу субјективност, што е многу тешко мерливо и зависи од ставовите на обвинителите кон семејното насилство и нивната родовата сензитивност, и потребно е да постои причинско-последична врска меѓу вистинското каење на осомничениот и конкретните околности на случајот кои би го убедиле јавниот обвинител во неоснованоста на кривичната санкција.
Обврската за откривање на кривични дела и сторители е содржана во член 276-Овластувања на полицијата (ЗКП) и е уредена обврската на полицијата во врска со активноста за откривање кривични дела кои се гонат по службена должност:
(1) По приемот на кривичната пријава или добиеното сознание за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, полицијата е должна да ги преземе потребните мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело, сторителот или соучесникот да не се скрие или побегне, да се откријат и обезбедат трагите на кривичното дело и предметите што можат да послужат како доказ, како и да ги собере сите известувања што би можеле да бидат од корист за успешно водење на кривичната постапка.
Понатаму, со Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, во член 102 се разработува обврската на полицијата во врска со активноста за откривање кривични дела кои се гонат по службена должност:
При постоење на основа за сомневање дека е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност полициските службеници преземаат потребни мерки за:
- да се пронајде сторителот на кривичното дело, односно да се оневозможи сторителот или соучесникот да се скрие или побегне;
- да се откријат и обезбедат трагите на кривичното дело и предметите што може да послужат како доказ во кривичната постапка и - да се соберат известувања што би можеле да бидат од корист за успешно водење на кривичната постапка.
Во двете одредби отсуствува обврската за заштита на жртвата на кривичното дело, и не се предвидени посебни мерки насочени кон заштита од дополнително насилство на жртвата на семејно насилство.
Само кај кривичното дело – Телесна повреда кога дејството е сторено при вршење на семејно насилство гонењето зависи од волјата на жртвата изразена преку поднесен предлог. Но, целата активност на казнено-правниот систем запира и обвинителот се откажува од гонење или судската постапка се запира ако оштетениот го повлече предлогот, без воспоставена обврска да се истражи зошто оштетената го повлекува предлогот. Генерално, не постојат специфични мерки за спречување и заштита на жртвата на семејно насилство со кои институциите на казнено-правниот систем имаат обврска да ја заштитат жртвата од повторување на насилството и да го спречат насилникот да изврши ново насилство. Непосредната заштита отсуствува што е видливо преку отсуството на законска обврска за проценка за ризикот, итни мерки на заштита и превентивни мерки кога постои непосредна опасност по животот, а кои би биле во надлежност на полицијата или на обвинителството, како и доследно следење на извршувањето на привремените мерки од судот. Единствено, определена заштита на жртвата се нуди со мерките на заштита кои може да ги преземе Центарот за социјални работи или привремените мерки на заштита кои ги изрекува судот, кои не зависат од тоа дали е покрената кривична постапка или не. Но, мерките за заштита на жртвите на семејно насилство предвидени со Законот за семејство не нудат итна и непосредна заштита на жртвата на семејно насилство
Според ЗС, член 94-г, Центарот за социјална работа секогаш кога има сознание дека над лице е сторено семејно насилство, сам или на барање на лицето или член на неговото семејство презема мерки на заштита на жртвата на семејно насилство.
Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека постои семејно насилство врз малолетно дете или лице со ограничена или одземена деловна способност презема мерки за заштита. Сознанијата од ставовите 1 и 2 на овој член, Центарот за социјална работа ги добива од граѓани, службени и правни лица, кои се должни без одлагање да го известат Центарот за таквите сознанија.
Службеното и правното лице од ставот 3 на овој член кои во текот на своето работење преземале одредени дејствија при семејното насилство се должни веднаш, а најдоцна во рок од 72 часа од преземањето на дејствијата, службената документација и известувањето за преземените дејствија и друга документација (записник, изјава од сведок, наоди од лекар и друго), да ги достават до надлежниот центар за социјална работа.
Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека постои семејно насилство ги презема следниве мерки на заштита:
1) обезбедува нужно сместување за лицето-жртва на насилството, кое може да трае најмногу шест месеци, со можност за продолжување за уште шест месеци;
2) обезбедува соодветна здравствена заштита;
3) обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман;
4) ги упатува во соодветно советувалиште;
5) доколку во семејството има дете кое е на редовно школување, помага за продолжување на редовното образование;
6) го известува органот за прогон;
7) дава секаков вид правна помош и застапување;
8) покренува постапки пред надлежниот суд и презема мерки кои произлегуваат од односите меѓу родители и деца;
9) по потреба поднесува барање до судот за изрекување на привремена мерка за заштита и
10) презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот.
Член 94-д: Жртвата на семејно насилство може да поднесе предлог за изрекување на привремена мерка на заштита до надлежниот суд непосредно или преку Центарот за социјална работа.
Центарот за социјална работа ќе поднесе предлог за изрекување на привремена мерка за заштита од семејно насилство до Судот за малолетни и деловно неспособни лица секогаш кога родителот, старателот или законскиот застапник тоа нема да го сторат.
Центарот за социјална работа, предлогот од ставот 2 на овој член, за полнолетни и деловно способни лица, ќе го достави до судот, само со согласност на жртвата на семејното насилство.
Член 94-е: Надлежниот суд на сторителот на семејното насилство може да му ги изрече следниве привремени мерки на заштита:
1) забрани да се заканува дека ќе стори семејно насилство;
2) забрани да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со член на семејството, директно или индиректно;
3) забрани да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството;
4) одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд;
5) забрани да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;
6) го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството;
7) изрече задолжително издржување на семејството;
8) нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште;
9) нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и други психотропни супстанци или има некое заболување;
10) го задолжи да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семејното насилство и
11) изрече која било друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови на семејството.
Член 94-ж: Предлог за изрекување на привремена мерка може да се поднесе без оглед дали се води кривична постапка.
Oбврската за службените лица за известување до Центарот за социјални работи за сознанијата за семејно насилство е поставена во сите сектори кои имаат мандат за постапување во случај на семејно насилство (полициски службеници, наставници, здравствени работници). Неизвестувањето се санкционира како прекршок со глоба. Ваква обврска е предвидена и за граѓаните кои имаат сознание дека во нивната средина се случува семејно насилство, како и за невладините институции.
Покрај официјалноста на гонењето, посебна специфика на пристапот на законодавецот е санкционирањето на сторителите на кривични дела при вршење на семејно насилство. Во македонското казнено право кога кривичното дело е сторено при вршење на семејно насилство предвидена е построга казна. За кривичните дела кај кои квалификуван облик претставува сторувањето при вршење на семејно насилство предвидени се затворски казни кои се движат од три месеци до десет години или доживотен затвор. Oд друга страна, кај две кривични дела, убиство на миг и тешка телесна повреда извршувањето на делото како последица на семејно насилство има третман на привилегиран облик и предвидува казна затвор од една до пет години.
Во поглед на репарацииите за жртвите на семејно насилство, се применуваат истите одредби за обесштетување кои важат за оштетените од кое било кривично дело. Сé уште не е воспоставен Државен фонд за жртви. Жртвите на семејно насилство уживаат право на бесплатна правна помош. Жртвите на семејно насилство уживаат право на бесплатна правна помош согласно Закон за бесплатна правна помош (ЗБПП) („Службен весник“ бр. 161/2009, и 185/2011). Воспоставувањето на системот на бесплатна правна помош претставува голем чекор кон заштитата на фундаменталните човекови права поврзани со еднаков пристап до правдата, правото на правично судење и владеење на правото и е од релативно нов датум во државата.
Во согласност со член 8 од ЗБПП, правна помош ќе се одобри во сите судски и управни постапки, доколку со неа се решава прашање од интерес за барателот на правната помош. За прашања од интерес за барателот на правна помош се сметаат следните: 1) права од областа на социјалното, пензиското или инвалидското осигурување, 2) работните односи, 3) заштитата на деца и малолетници, 4) жртвите на семејното насилство, 5) заштитата на жртвите од казниви дела, 6) заштитата на жртвите од трговија со луѓе и 7) имотно-правните прашања. Во врска со член 7 од ЗБПП, правната помош дефинирана со ЗБПП не се однесува на случаите на задолжителна одбрана предвидена во Законот за кривична постапка и Законот за малолетничка правда, ниту ослободување од плаќање на трошоците на постапката предвидени во Законот за парничната постапка и Законот за општата управна постапка. Бесплатната правна помош се остварува во форми на Претходна правна помош и Правна помош во сите судски и управни постапки (член 6).
Претходната правна помош опфаќа: иницијален правен совет за право на користење; општа правна информација и правна помош во комплетирање на барањето.
Правната помош пред надлежен орган и организација опфаќа: застапување во сите степени во судски и управни постапки и составување на писмена во судски и управни постапки.
Бесплатната правна помош се реализира од страна на Министерството за правда, адвокати и овластени здруженија на граѓани запишани во Регистарот на здруженија на граѓани за претходна правна помош, кој го води Министерството за правда. Претходната правна помош ја даваат 34-те подрачни одделенија на Министерството за правда и овластените здруженија на граѓани. Правната помош во управните и судските постапки ја даваат овластените адвокати.
Законот воспоставува услови за одобрување на бесплатната правна помош (член 12, став 1 (општо правило) и 4; член 14 и член 9), а кои се однесуваат на:
- материјалната положба на лицето е таква што тоа лице не би можело да ги оствари со Устав и закон загарантираните права, без да го загрози сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство (член 12, став 1)
- приход – приходите на барателот и членовите на неговото домаќинство не смеат да го преминуваат износот од 50% од просечната месечна плата за претходниот месец во времето на поднесувањето на барањето за бесплатна правна помош (член 12, став 4).
Од аспект на жените жртви на семејно насилство, особено релевантна е одредбата од став 5 на овој член со кој се овозможува исклучок од условот поставен во став 4 за заедничко проценување на приходите на барателот и членовите на зедничкото домаќинство кога постојат спротивставени семејни интереси, „приходите на лицето кое бара бесплатна правна помош можат да бидат проценети индивидуално, ако постојат </<
MINUS
б. Дали постои постапка која обезбедува почитување на стандардите за должно внимание од страна на властите надлежни за: а) превенција, б) заштита, в) истрага, г) казнување и/или д) обештетување од актите на НВЖ и ДН? Ако постои, наведете го видот на постапката и основите, за кој вид постапка се работи - административна или судска, дали постои судска заштита за жртвите на негрижа и/или злоставување.
Одговор:

На полето на социјалната заштита, процедурите за спроведување на надлежностите на ЦСР во доменот на семејното насилство подетално се уредени со Правилникот за начинот на спроведување и следење на изречените мерки за заштита на семејството и лицата-жртви на семејно насилство преземени од Центарот за социјална работа и за начинот на следење на привремените мерки изречени од Судот („Службен весник на РМ“ бр. 103/07). Правилникот е задолжителен за постапувањето на стручните лица кои работат со жртви на семејно насилство и содржи одредби кои делумно го уредуваат прашањето на процедура за почитување на стандардот за должно внимание. Практично овој подзаконски акт поблизу ги разработува законските обврски за спроведување на мерките за заштита, предлагање и следење на привремените мерки за заштита, кои центрите за социјална работа ги преземаат во случаите на семејно насилство. Правилникот ја разработува и постапката за воспоставување на соработка со другите надлежни институции (МВР; здравствени организации, училишта, суд, шелтер-центри, советувалишта и невладини организации).

Во спроведувањето на законските должности и одговорности за постапување во случаи на семејно насилство, стручните лица во ЦСР подлежат на инспекциски надзор за спроведување на законските и позаконските акти од делокругот на своето работење и стручен надзор над работењето во спроведувањето на стручниот третман. Стручниот надзор го спроведува Заводот за социјални дејности, како планирана активност и по пријава од секоја странка која не е задоволна од услугата и третманот во ЦСР. Инспекцискиот надзор се спроведува од МТСП. Меѓутоа, не постојат специфични процедури за принципот на должно внимание кај случаите на семејно насилство.
Покрај стручниот и инспекцискиот надзор, по жалба на странката (жртвата на семејно насилство) на донесено решение за видот на социјална заштита од страна на првостепениот орган (ЦСР), како и во случај на непостапување, односно отсуство на активности и мерки следено со соодветно решение, во втор степен одлучува МТСП. По одлуките на МТСП во втор степен странката може да побара судска заштита со поведување управен спор пред Управен суд.

MINUS
в. Дали во последните две години имало поведени постапки против поединци - државни службеници за повреда на стандардите за должно внимание во случаи на НВЖ и ДН? Ако има, опишете ги таквите случаи на НВЖ и ДН и водените постапки (видот на постапката, телото надлежно за водење на случајот за должно внимание, исходот на постапката и годината во која е водена). Ве молиме наведете го бројот на започнати постапки за должно внимание и бројот на завршени постапки со нивниот исход.
Одговор: Нема јавно достапен податок за поведени постапки против поединци-државни службеници за повреда на стандардите за должно внимание во случаи на НВЖ и ДН.

г. Дали постои релевантен документ (како што е протокол, професионален водич и слично) наменет да се обезбеди почитување на стандардите за должно внимание во случаите на НВЖ/ДН? Кој ги подготвува документите: а) релевантните власти директно надлежни за заштита, превенција и гонење на НВЖ и ДН, б) власти во улога на супервизија и надзор, релевантни министерства - народен правобранител, комесар за еднаквост и слично. Дали се тоа а) интерни стандарди, б) општи или поединечни протоколи, в) упатства, д) препораки итн.? Ве молиме објаснете ја правната хиерархија и дали се тие правно обврзувачки. Ве молиме дајте коментар.
Одговор: Не постои засебен документ кој го уредува почитувањето на стандардот на должно внимание во случаи на насилство врз жени и семејно насилство. Само во поглед на семејно насилство постои Заедничкиот протокол за постапување во случај на семејно насилство, кој само го допира стандардот на должно внимание. Овој протокол нема правно-обврзувачки карактер и е подготвен од Националното координативно тело за заштита од семејно насилство, а е усвоен од Владата во 2011 година. Заедничкиот протокол, за секоја надлежна институција, вклучително и граѓанските организации, дава насоки за спроведување на процедурите и спречување од дополнителна виктимизација на жртвата на семејно насилство.

д. Дали постои случај на НВЖ или ДН воден пред државен суд за повреда на стандардите за должно внимание? Дали имало случаи водени пред меѓудржавно тело (Судот за човекови права на Советот на Европа и ЦЕДАВ Комитетот) за повреда на човековите права на жртвата? Ве молиме обезбедете информации за фактите на случајот/ите, основите за повреда, статусот на случајот/ите, вклучувајќи го исходот, кој ја застапувал жртвата (НВО, независна институција како што е комесар и слично) и други податоци кои сметате дека се важни.
Одговор: Нема податок за случај на НВЖ или ДН воден пред државен суд за повреда на стандардите за должно внимание, ниту за вакви случаи водени пред меѓудржавно тело.

ѓ. Дали има спроведено истражување за ставовите на професионалците, вклучувајќи стереотипи за насилство врз жените, за родово засновано насилство и/или за домашно насилство? Ако има, обезбедете информации за примерокот во истражувањето и методологијата, резултатите и препораките, ако е соодветно. Дали има повторено истражување?
Одговор: Нема спроведено истражување за ставовите на професионалците за родово засновано насилство, за семејно насилство ниту за стереотипи за насилство врз жени.

NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.