Член 49 - Општи обврски
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
1. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат дека истрагите и судските постапки во врска со сите форми на насилство опфатени со Конвенцијата се спроведуваат без непотребно одлагање, истовремено земајќи ги предвид правата на жртвата во сите фази на кривичната постапка.

2. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки, во согласност со основните принципи на човековите права и имајќи го предвид разбирањето на насилството од родова перспектива, за да обезбедат ефективна истрага и гонење за кривичните дела утврдени во согласност со оваа Конвенција.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 49 Општи обврски
Подредување помеѓу државите на членот 49 Општи обврски
ПРАШАЊА
 
a. Дали се преземени мерки за да се обезбеди дека постапките ќе се водат без одлагање како што е дефинирано во чл. 49, ст.1? Дали се воспоставени посебни рокови (итни мерки) за ваквите случаи? Ако постојат, наведете ја временската рамка и правниот извор: дали овие рокови се почитуваат во практика?
Одговор: Во кривична постапка се применуваат општите одредби за постапката, освен во случаи кога жртва на кривично дело е дете, односно Законот за правда за децата бара постапката да е итна. Со член 6 од ЗКП, право на судење во разумен рок е воспоставена генерална обврска за судот да ја спроведе постапката без одложување и да оневозможи злоупотреба на правата на лицата кои учествуваат во постапката (ст.2). Оваа одредба има комплексен карактер, имено судот се обврзува да ја спроведе судската постапка без одлагање, и се обврзува да ги заштити правата на сите учесници во постапката од секоја злоупотреба. Оттука, фокусот не е само на заштита на правото за судење во разумен рок само на обвинетиот. Воедно предвидена е парична казна и за физички и за правни лица за злоупотреба на правата кои им припаѓаат.
За граѓанските постапки, со Законот за семејство е предвидена итност на постапувањето на судот за изрекување на привремена мерка на заштита од семејно насилство, односно судот има обврска да постапи во рок од 7 дена.

MINUS
б. Дали постојат специфични правила или мерки кои имплицираат родово сензитивен или пристап кој е фокусиран на жртвата при спроведување на истраги или судски постапки?
Одговор: Покрај дефинирањето на основните права на жртвите, особена придобивка на новиот ЗКП е воведувањето на посебни права за жртвите. Во согласност со чл.53, ст.2 од ЗКП воспоставена е обврска за сите институции кои учествуваат во постапката да се грижат за интересите на жртвите при носењето одлуки за кривично гонење на сторителот. Оваа обврска се однесува на сите жртви.
(2) Полицијата, јавниот обвинител и судот постапуваат со посебна грижа спрема жртвите на кривични дела, давајќи им поуки од ставот (1) на овој член и членовите 54 и 55 од овој закон и се грижат за нивните интереси при донесувањето на одлуки за кривично гонење против обвинетиот, односно при преземањето на дејства во кривичната постапка во која жртвата мора лично да присуствува, за што се составува службена белешка или записник.
PLUS

За прв пат се препознаваат ранливи категории на жртви. Членот 54 предвидува посебни мерки на процесна заштита при давање исказ и испитување на жртвите во сите фази на постапката. Се разликуваат загрозени жртви и посебно чувствителни жртви. Според законската одредба, посебните мерки на процесна заштита можат да се применат во три случаи, и тоа:
• ако жртвата во времето на давањето на исказот е на возраст под 18 години;
• ако со давањето исказ или одговор на определено прашање би се изложиле себеси или блиско лице на сериозна опасност по животот, здравјето или физичкиот интегритет (загрозени жртви);
• ако заради возраста, природата и последиците на кривичното дело, физичкиот или психичкиот инвалидитет или друга од значење здравствена состојба, општественото и културно минато, семејните околности, религиозните уверувања и етничката припадност на жртвата, однесувањето на обвинетиот, членовите на семејството или пријателите на обвинетиот кон жртвата, би имало штетни последици по нивното психичко или физичко здравје или негативно ќе влијае врз квалитетот на дадениот исказ (посебно чувствителни жртви).
Посебна основа за уживање на посебни мерки на процесна заштита е возраста односно малолетноста, потоа загрозувањето на личната сигурност на жртвата, како и околностите и својствата на жртвата кои можат негативно да влијаат врз квалитетот на дадениот исказ.
Посебните мерки ги определува судот, а иницијативата може да потекне од самиот суд, од жртвата или од јавниот обвинител. Волјата на жртвата за изрекување на посебна мерка на процесна заштита, мора да се земе предвид. Судот може да определи една мерка на процесна заштита или неколку мерки истовремено.
Покрај дефинирањето на ранливи категории жртви и нивните посебни права, новиот ЗКП исто така обезбедува посебни права за жртвите на две групи кривични дела, односно делата против половата слобода и половиот морал и делата против човечноста и меѓународното право. Посебните права на жртвите на овие групи на кривични дела говорат за иницијално родово сензибилизирање за потребите на жртвите. Особено, потребите на жените-жртви се адресираат со правото жртвата да биде испитувана од лице од ист пол уште при давањето на првата изјава во полицијата и во обвинителството, правото да не одговори на прашања што се однесуваат на личниот живот на жртвата, а не се поврзани со кривичното дело, да бара испитување со помош на визуелно-тонски средства и да бара исклучување на јавноста на главната расправа. За сите овие права, жртвата мора да биде поучена пред нејзиното прво испитување и истото да се констатира во писмена форма. Овие права на жртвата не се само декларативно дадени, туку постои обврска кај полицијата, обвинителството и судот да осигураат дека жртвата ги знае своите права. 
Кога станува збор за кривични дела сторени во контекст на семејно насилство, навлегувањето во личниот живот на жртвата на семејно насилство е нужно поврзано со делото и оттука неопходно, но виктимизацијата се намалува преку примената на другите права, а особено правото на бесплатен советник или полномошник, исклучување на јавноста, како и користење на визуелно-тонски средства при испитувањето, односно избегнување на личен контакт со обвинетиот. Очигледно е дека жртвите на психичко и физичко насилство опфатени во Глава XV - Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот, како и во Глава XIV - Кривични дела против животот и телото (освен убиство), не ги уживаат овие посебни права, особено, правото на бесплатен советник или полномошник и давањето исказ преку визуелно-тонски средства има специфично значење за жената-жртва на семејно насилство во кривичната постапка.
Член 54 - Посебни права на ранливи категории жртви
(1) Жртвите имаат право на посебни мерки на процесна заштита при давањето исказ и испитувањето во сите фази на постапката, ако:
1) во времето на давањето на исказот се на возраст под 18 години;
2) со давањето исказ или одговор на определено прашање би се изложиле себе си или блиско лице на сериозна опасност по животот, здравјето или физичкиот интегритет (загрозени жртви) и
3) заради возраста, природата и последиците на кривичното дело, физичкиот или психичкиот инвалидитет или друга од значење здравствена состојба, општественото и културното минато, семејните околности, религиозните уверувања и етничката припадност на жртвата, однесувањето на обвинетиот, членовите на семејството или пријателите на обвинетиот кон жртвата би имало штетни последици по нивното психичко или физичко здравје или негативно ќе влијае врз квалитетот на дадениот исказ (посебно чувствителни жртви).
(2) Посебните мерки на процесна заштита ги определува судот по предлог на јавниот обвинител или на жртвата или по сопствена оцена кога е потребно да се заштитат загрозените и посебно чувствителните жртви.
(3) При одлучувањето за определување на посебните мерки за процесна заштита од ставот (2) на овој член судот мора да ја земе предвид волјата на жртвата.
(4) Судот мора да определи посебна мерка на процесна заштита во случаите од ставот (1) точка 1 на овој член, и тоа:
1) кога детето-жртва има потреба од посебна грижа и заштита или
2) кога детето е жртва на трговија со луѓе, на насилство или на сексуална злоупотреба.
(5) Во случаите од ставот (4) на овој член судот мора да определи поединечно или заедно со друга посебна мерка на заштита, видео и тонски запис на исказот и испитувањето на детето за да се користи како доказ во постапката. Во исклучителни случаи, заради нови околности на случајот, судот може да нареди повторно испитување на детето-жртва најмногу уште еднаш преку користење на технички средства за комуникација.
(6) Спроведувањето на посебните мерки на процеснатa заштита на децата-жртви е уредено со посебен закон.
Член 55 - Посебни права на жртвите на кривични дела против половата слобода и половиот морал, човечноста и меѓународното право
(1) Жртвата на кривични дела против половата слобода и половиот морал, човечноста и меѓународното право, покрај правата од членот 53 на овој закон ги има и следниве права:
1) пред испитувањето да разговара со бесплатен советник или со полномошник, доколку во постапката учествува како оштетен;
2) да биде испитувана од лице од ист пол во полицијата и во јавното обвинителство;
3) да не одговори на прашања што се однесуваат на личниот живот на жртвата, а не се поврзани со кривичното дело;
4) да бара испитување со помош на визуелно-тонски средства на начин определен со овој закон и
5) да бара исклучување на јавноста на главната расправа.
(2) Судот, јавното обвинителство и полицијата се должни да ја поучат жртвата за нејзините права од ставот (1) на овој член, најдоцна пред нејзиното прво испитување за што составуваат службена белешка или записник. 
MINUS
в. Дали постојат посебни правила или препораки во врска со насилство врз жени со цел да се постигне најголема можна ефективност? Дали во случаите на насилство врз жените на кој било начин се постапува поинаку во однос на другите дела?
Одговор: Жените-жртви на насилство и на семејно насилство, како специфичен вид родово засновано насилство не се идентификувани ниту во новиот ЗКП како категорија жртви кои имаат посебни потреби и интереси и треба да уживаат посебни права.

NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.