Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
1. Страните ги преземаат потребните законодавни и други мерки за да обезбедат дека во кривичните постапки кои се покренати заради извршување на секој од актите на насилство опфатени со Конвенцијата, културата, обичајот, религијата, традицијата или таканаречената „чест“ не смее да се прифати како оправдување за таквите акти. Тука особено спаѓаат тврдењата дека жртвата ги прекршила културните, верските, општествените или традиционалните норми или обичаи на соодветно однесување.

2. Страните ги преземаат потребните законодавни и други мерки за да обезбедат дека поттикнувањето дете да изврши кој било од актите предвидени во ставот 1 не ја намалува кривичната одговорност на лицето кое поттикнува за извршеното дело.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 42 Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Подредување помеѓу државите на членот 42 Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
ПРАШАЊА
 
a. Дали во кривичниот или во друг закон постојат основи кои би можеле да се употребат за оправдување на насилството врз жените како што дефинира Конвенцијата, односно врз основа на култура, религија или друга основа?
Одговор: Според одредбите на КЗ, културата, обичајот, религијата, традицијата или таканаречената „чест“ не ја исклучуваат противправноста на дејствието кое е предвидено како кривично дело, ниту кривичната одговорност на сторителот. Противправноста на дело кое е предвидено како кривично дело се исклучува во следните случаи: дело од мало значење (чл. 8), односно иако содржи обележја на кривично дело, претставува дело од мало значење поради отсуството или незначителноста на штетните последици и нискиот степен на кривична одговорност на сторителот, но само за кривични дела за кои е предвидена парична казна или казна затвор до три години; нужна одбрана (чл.9), односно одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие од себе или од друг, истовремен противправен напад; крајна нужда (чл.10), односно кога делото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од друг, истовремена нескриена опасност што на друг начин не можела да се отстрани, а притоа стореното зло не е поголемо од злото што се заканувало.
PLUS

Во поглед на кривичната одговорност на сторителот за делото, чл. 11 од КЗ дефинира дека кривично е одговорен сторителот кој е пресметлив и кој што кривичното дело го сторил со умисла или од небрежност и притоа бил свесен или бил должен и можел да биде свесен за забранетоста на делото. Прв услов за вина е возраста, и со чл. 6-а се пропишува дека Кривичниот законик не се применува кон малолетник кој во време на извршување на делото, кое со закон е предвидено како кривично дело, не наполнил четиринаесет години. Основен елемент на вината е пресметливоста, односно кривична одговорност сноси пресметлив сторител. КЗ ја дефинира непресметливоста - сторителот кој во време на извршувањето на кривичното дело не можел да го сфати значењето на своето дело или не можел да управува со своите постапки поради трајна или привремена душевна болест, привремена душевна растроеност или заостанат душевен развој, или други особено тешки душевни пречки (чл.12, ст.1) и битно намалената пресметливост - Сторителот на кривично дело чија способност да го сфати значењето на своето дело или способноста да управува со своите постапки била битно намалена поради некоја состојба од став 1 може да се казни поблаго (чл.12, ст.2). Македонскиот КЗ разликува исклучување на кривичната одговорност во случај на стварна заблуда - Не е кривично одговорен сторителот кој во време на извршувањето на кривичното дело не бил свесен за некое негово обележје определено со закон или ако погрешно сметал дека постојат околности според кои, доколку тие навистина постоеле, тоа дело би било дозволено (чл.16, ст.1), а ако заблудата е заради небрежност, сторителот е одговорен за дело сторено од небрежност кога кога законот определува кривична одговорност и за такво дело; и во случај на правна заблуда - не е кривично одговорен сторителот на кривично дело кој од оправдани причини не знаел и не можел да знае дека тоа дело е забрането (чл.17, ст.1), но ако можел да знае за забранетоста на делото, може да се казни поблаго.
Судот постапува врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори водејќи се од начелото на слободно судско уверување во изборот и индивидуализацијата на санкцијата. КЗ содржи општи одредби кои се однесуваат на одмерување на казната, ослободување и ублажување на казната. При одмерувањето на казната, судот ги зема предвид олеснувачките и отежнувачките околности, а во чл.39, ст.2 особено се набројуваат околностите, но истовремено листата е отворена и се вброени и ...други околности што се однесуваат на личноста на сторителот. Одребата содржана во ст. 5, бара посебно да се има предвид дали кривичното дело е сторено против лице или група лица или имот, непосредно или посредно, поради неговото или нивното национално и социјално потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествената положба, полот, расата или бојата на кожата. Културата, религијата, обичаите и традицијата не претставуваат основ за ублажување односно ослободување од казна. Дали судската практика ги зема предвид културата, обичајот, религијата, традицијата или таканаречената „чест“ како особено олеснувачки околности при извршување на кривично дело бара продлабочена анализа. Врховниот суд во соработка со апелациските судови, има должност да влијае врз изeдначувањето на казнената политика преку обликување ставови и мислења.
Член 39 - Општи правила за одмерување на казната
(1) Судот ќе му одмери казна на сторителот на кривично дело во границите што се пропишани со закон за тоа дело, имајќи ги предвид кривичната одговорност на сторителот, тежината на делото и целите на казнувањето.
(2) Судот ќе ги има предвид сите околности што влијаат казната да биде помала или поголема (олеснувачки и отежнувачки околности), а особено: степенот на кривичната одговорност, побудите од кои е сторено делото, јачината на загрозувањето или повредата на заштитното добро, околностите под кои е сторено делото, придонесот на жртвата во извршувањето на делото, поранешниот живот на сторителот, неговите лични прилики и неговото однесување по стореното кривично дело, како и други околности што се однесуваат на личноста на сторителот.
(3) При одмерувањето на казната судот посебно ќе води сметка за вкупното дејство на казната и нејзините последици врз личноста на сторителот и потребите на неговата ресоцијализација.
(4) Кога судот му ја одмерува казната на сторителот за кривично дело сторено во поврат, посебно ќе има предвид дали поранешното дело е од ист вид како и новото дело, дали делата се сторени од исти побуди и колку време поминало од поранешната осуда, односно од издржаната или простената казна.
(5) При одмерување на казната судот посебно ќе има предвид дали кривичното дело е сторено против лице или група на лица или имот, непосредно или посредно, поради неговото или нивното национално и социјално потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествената положба, полот, расата или бојата на кожата.
(6) При одмерувањето на паричната казна, судот ќе ја има предвид и имотната состојба на сторителот, водејќи притоа сметка за неговите други приходи, за неговиот имот и за неговите семејни обврски.
Член 40 - Ублажување на казната
Судот може на сторителот да му одмери казна под границата пропишана со закон или да примени поблаг вид казна кога:
1) законот предвидува дека сторителот може да се казни поблаго или
2) ќе утврди дека постојат особено олеснувачки околности кои укажуваат дека и со ублажената казна може да се постигне целта на казнувањето.
Член 41 - Граници на ублажувањето на казната
(1) Кога постојат услови за ублажување на казната од член 40, судот ќе ја ублажи казната во овие граници ако:
1) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од десет или повеќе години, казната може да се ублажи до пет години затвор,
2) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од осум или повеќе години, казната може да се ублажи до четири години затвор,
3) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од пет или повеќе години, казната може да се ублажи до три години затвор,
4) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од четири или повеќе години, казната може да се ублажи до две години затвор,
5) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од три години или повеќе, казната може да се ублажи до една година затвор,
6) за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од една година или повеќе, казната може да се ублажи до три месеци затвор,
7) за кривичното дело е пропишана најмала мера на казна затвор под една година, казната може да се ублажи до 30 дена затвор,
8) за кривичното дело е пропишана казна затвор до три години со назначување на најмалата мера, наместо казна затвор може да се изрече парична казна и
9) за кривичното дело е пропишана парична казна со назначување на најмалата мера, казната може да се ублажи до општиот законски минимум денари.
(2) При одлучувањето во која мера казната ќе ја ублажи според правилата од став 1, судот посебно ќе ја има предвид најмалата и најголемата мера на казна пропишана за кривичното дело.
Член 42 - Ослободување од казна
(1) Судот може да го ослободи од казна сторителот на кривичното дело само кога тоа законот изречно го предвидува.
(2) Кога судот е овластен сторителот на кривичното дело да го ослободи од казна, може да му ја ублажи казната без ограничувањата пропишани за ублажување на казната или да му изрече споредна казна забрана на управување со моторно возило или протерување на странец од земјата.
Член 43 - Посебна основа за ослободување од казна
Судот може да го ослободи од казна сторителот на кривично дело сторено од небрежност кога последиците на делото сторителот го погодуваат така тешко што изрекувањето на казна во таков случај не би одговарало на целта на казнувањето.
Член 43-а - Ослободување поради отстранување на штетните последици на кривичното дело
За кривичното дело за кое е пропишана парична казна или казна затвор до три години извршено под особено олеснувачки околности, ако за тоа постои согласност и на оштетениот, судот може да го ослободи од казна сторителот кој до завршувањето на кривичната постапка ќе ја врати одземената корист на оштетениот, ќе ја надомести штетата, или на друг начин ќе ги надомести или поправи штетните последици на кривичното дело.
Ублажувањето и границите на ублажувањето на казната, како и ослободување од казна е уредено со одредбите на КЗ. Според чл. 40, институтот ублажување на казната судот може да го примени и да изрече казна под законски пропишаната граница во две ситуации:
1. Кога законот предвидува дека сторителот може да се казни поблаго,
2. Кога судот ќе утврди особено олеснувачки околности кои укажуваат дека и со ублажената казна може да се постигне целта на казнувањето.
Судот може да ослободи сторител од казна само кога тоа е изречно предвидено со закон, а во посебни случаи потребно е кумулативно да постои небрежност и последиците силно да го погаѓаат сторителот, заради што изрекувањето на казната не би одговарало на целта на казнувањето. Македонскиот КЗ познава и ослободување од казна поради отстранување на штетни последици од кривичното дело. За примена на овој институт потребно е да се исполнат 3 услови: а. видот и висината на пропишаната санкција односно парична казна или казна затвор до три години; б. делото да е сторено под особено олеснувачки околности, согласност на оштетениот и в. сторителот да ја надомести штетата односни да ги поправи штетните последици.
MINUS
б. Доколку насилството врз жени е извршено од дете, дали поттикнувачот е кривично одговорен за тоа дело?
Одговор: За поттикнувањето на дете да изврши кривично дело од опсегот на Конвенцијата не постои посебна одредба туку се применува општата одредба за поттикнување и одговорност на поттикнувачот.

NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.