Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
1. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат дека се инкриминира следново намерно однесување:
a. Вагинална, анална или орална пенетрација од сексуална природа со кој било телесен дел или предмет во телото на друго лице без негова согласност;
б. Други акти од сексуална природа со лице без нејзина/негова согласност;
в. Наведување друго лице да се вклучи во акти од сексуална природа со трето лице без негова согласност.

2. Согласноста мора да е дадена доброволно како резултат на слободната волја на лицето, проценета во контекст на опкружувачките околности.

3. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат дека одредбите од ставот 1 важат за акти извршени врз поранешни или сегашни сопружници, или партнери утврдени со внатрешното право.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 36 Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Подредување помеѓу државите на членот 36 Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
ПРАШАЊА
 
a. Дали сексуално насилство според дефиницијата од членот 36 од Конвенцијата е пропишано како кривично дело? Ако претставува кривично дело, наведете ја дефиницијата, пропишаната санкција и дали се разликува од дефиницијата на Конвенцијата? Образложете ја разликата меѓу дефинициите.
Одговор: Сексуалното насилство е инкриминирано во кривичните дела разместени во Глава XIX од КЗ - Кривични дела против половата слобода и половиот морал. Следните кривични дела ги опфаќаат дејствата на извршување содржани во чл. 36 од Конвенцијата: силување - чл.186; обљуба врз немоќно лице - чл. 187; полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години - чл.188; обљуба со злоупотреба на положбата - член189; задоволување полови страсти пред друг - член 190; посредување во вршење проституција - член 191; подведување и овозможување полови дејствија - член 192; прикажување на порнографски материјал на малолетник - член 193; намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години - член 193–б; родосквернавење - член 194.
PLUS

Објектот на заштита кај оваа група на кривични дела е јасно дефиниран во самиот назив на главата, „Слободата при стапување во полови односи“. Кривичното дело предвидено во член 36 – сексуално насилство, вклучувајќи и силување од Конвенцијата, македонскиот КЗ го препознава само делумно. Во врска со одредбата содржана во ст.1 т.а, дејството на извршување опфаќа вагинална, анална или орална пенетрација. Важно обележје на делото е отсуство на согласност на другото лице.
Македонскиот КЗ го препознава кривичното дело силување инкриминирано со чл.186. Суштинска промена се воведува со Кривичниот законик од 1996 година (Сл. весник на Република Македонија, бр. 37/96). За првпат, со групирањето во глава на кривични дела против половата слобода и полов морал, објект на заштита кај кривичните дела на сексуално насилство е слободата на одлучување за полови односи. Понатаму, во законските обележја на кривичното дело силување, се напушта класичната дефиниција, односно, како сторител и како жртва може да се јави и машко и женско лице. Со кривичното дело силување се санкционира присилувањето и на обљуба и на други полови дејства, а дејството на извршување опфаќа и употреба на сила и закана, и закана за нанесување штета на честа и угледот на жртвата или на друго блиско лице. Со тоа, кривичното дело силување добива карактер на сложено кривично дело. Дејство на извршување е присилување на обљуба, но потребно е постоење на „употреба на сила или закана“ за непосреден напад врз животот или телото на жртвата или на блиско лице. Запретената казна за основниот облик е казна затвор од три до десет години, а гонењето се презема по службена должност без оглед на врската на жртвата (брачна или трајна вонбрачна заедница, актуелна или поранешна) со сторителот, односно односите на блискост и интимност меѓу сторителот и жртвата не го исклучуваат гонењето.
Воочлива е суштинска разлика, односно Конвенцијата бара отсуство на согласност, додека македонскиот КЗ бара употреба на сила или закана. Жртва на ова кривично дело може да бидат полнолетни лица и деца на возраст над 14 години.
Член 186 - Силување
(1) Тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од три до десет години.
(2) Ако поради делото од став 1 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(3) Тој што друг ќе присили на обљуба со сериозна закана дека за него или за нему блиско лице ќе открие нешто што би му наштетило на неговата чест и углед или дека ќе предизвика друго тешко зло, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(4) Тој што во случаите од ставовите 1, 2 и 3 ќе изврши само друго полово дејствие, ќе се казни за делото од став 1 со затвор од шест месеци до пет години, за делото од став 2 со затвор од една до десет години, а за делото од став 3 со затвор од три месеци до три години.
Член 187 - Обљуба врз немоќно лице
(1) Тој што врз друг ќе изврши обљуба, злоупотребувајќи го душевното заболување, душевната растроеност, немоќта, заостанатиот душевен развој или друга состојба поради која тоа лице е неспособно за отпор, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(2) Ако поради делото од став 1 настапила тешка телесна повреда, смрт или друга тешка последица или делото е сторено од страна на повеќе лица, на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.
(3) Тој што во случаите од ставовите 1 и 2 ќе изврши само друго полово дејство, ќе се казни за делото од став 1 со затвор од три години до пет години, а за делото од став 2 со затвор од три години до десет години.
Извршувањето на различни видови сексуално насилство врз деца на возраст до 18 години се инкриминира во неколку посебни членови, при што македонскиот КЗ прави разлика меѓу казнивоста на обљуба или други полови дејствија во зависност од возраста на детето- жртва, до и над 14 години, како и во висината на пропишаната казна затвор.
Во поглед на обљуба или други полови дејства врз деца на возраст до 14 години македонскиот КЗ во членот 188 пропишува засебно кривично дело, полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.
Член 188 - Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години
(1) Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(2) Ако делото од став 1 го изврши крвен сродник во права линија или брат, односно сестра, наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друго лице со злоупотреба на својата положба или при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што делото од став 1 ќе го стори со малолетник кој не наполнил 14 години со злоупотреба на неговото душевно заболување, душевна растроеност, немоќ, заостанат душевен развој или друга состојба поради која е неспособен за отпор.
(4) Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.
(5) На сторителот на делото од ставот (2) на овој член судот ќе му изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите од членот 38-б од овој законик.
Дејствијата на кривичното дело предвидено во чл.189, обљуба со злоупотреба на положба може да се извршат врз деца на возраст над 14 години и врз полнолетни лица.
Член 189 - Обљуба со злоупотреба на положбата
(1) Тој што со злоупотреба на својата положба ќе наведе на обљуба или друго полово дејствие лице кое спрема него се наоѓа во однос на подреденост или зависност или со иста намера го малтретира, застрашува или спрема него постапува на начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(2) Наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, лекар или друго лице кое со злоупотреба на својата положба ќе изврши обљуба или друго полово дејствие со малолетно лице постаро од 14 години кое му е доверено заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(3) На сторителот на делото од ставот (2) судот ќе му изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите од членот 38-б на овој законик.
Член 190 - Задоволување на полови страсти пред друг
(1) Тој што пред друг врши полово дејствие на јавно место, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Тој што пред дете врши полово дејствие или што ќе наведе дете пред него или пред друг да врши такво дејствие, ќе се казни со затвор од три до пет години.
Член 191 - Посредување во вршење проституција
(1) Тој што врбува, наведува, поттикнува или намамува лице на проституција или тој што на кој и да е начин учествува во предавање на лице на друг заради вршење проституција, ќе се казни со затвор од пет до десет години.
(2) Тој што заради заработувачка му овозможува на друг користење на сексуални услуги, ќе се казни со затвор од три до пет години.
(3) Тој што заради заработувачка со сила или со сериозна закана за употреба на сила ќе присили или со измама ќе наведе друго лице на давање сексуални услуги, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(4) Тој што организира вршење на делата од ставовите 1 до 3 или делата ќе ги стори при вршење на семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(5) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
(6) Недвижностите искористени и предметите употребени за извршување на делото, се одземаат.
Член 192 - Подведување и овозможување полови дејствија
(1) Тој што ќе подведе на полови дејствија малолетно лице, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(2) Тој што ќе овозможи вршење полови дејствија со малолетно лице, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(3) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Член 193 - Прикажување на порнографски материјал на малолетник
(1) Тој што на малолетник кој не наполнил 14 години ќе му продаде, прикаже или со јавно излагање на друг начин ќе му направи достапни слики, аудиовизуелни и други предмети со порнографска содржина или ќе му прикаже порнографска претстава, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(2) Ако делото е сторено преку средства за јавно информирање, сторителот ќе се казни со затвор од три до пет години.
(3) Со казната од став 2 ќе се казни тој што ќе злоупотреби малолетно лице за изработување на аудиовизуелни слики или други предмети со порнографска содржина или за порнографска претстава, како и тој што учествува во претставата.
(4) Тој што ќе присили малолетно лице на изработување и снимање слики или други предмети со порнографска содржина или за порнографска претстава, ќе се казни со затвор од најмалку осум години.
(5) Ако делото од ставот (4) на овој член е сторено врз малолетник кој не наполнил 14 години, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години. (6) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
(7) Предметите од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член ќе се одземат.
Член 193 - б - Намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години
Тој што преку компјутерско-комуникациски средства со закажување средба или на друг начин намамува малолетник кој не наполнил 14 години на обљуба или друго полово дејствие или на производство на детска порнографија и ако со таквата намера е остварена непосредна средба со малолетникот, ќе се казни со затвор од една до пет години.
Член 194 - Родосквернавење
(1) Тој што ќе изврши обљуба со крвен сродник во права линија или со брат, односно сестра, ќе се казни со затвор од пет до десет години.
(2) Ако делото од ставот (1) е сторено со малолетник кој наполнил 14 години, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.
MINUS
б. Ако е кривично дело, колку пресуди се донесени во изминатите две години? Кои се најчесто изречените санкции? Дали постојат достапни податоци за сторителот и за жртвата расчленети според: пол, возраст, својство на сторителот со жртвата, и доколку постојат наведете ги.
Одговор: /

в. Ако е инкриминирано, кој иницира гонење (јавен обвинител или приватен тужител/жртва)? Дали фактот дека жртвата е сопруга или партнер (вклучително и на поранешни партнери) прави разлика во поглед на гонењето или во која било друга фаза на постапката?
Одговор: За сите кривични дела предвидени во Глава XIX од КЗ - Кривични дела против половата слобода и половиот морал гонењето се презема по службена должност без оглед на односите на блискост и интимност меѓу сторителот и жртвата. Сексуалното насилство во контекст на семејното насилство врз жената е санкционирано како квалифициран облик во едно кривично дело: Посредување во вршење проституција (чл. 191, ст. 4).

NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.