Член 30 - Обесштетување
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
1. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат жртвите да имаат право да бараат обесштетување од сторителите за секое кривично дело утврдено во согласност со оваа Конвенција.

2. Адекватно државно обесштетување се одобрува на оние лица кои се здобиле со тешки телесни повреди или на кои им е нарушено здравјето, доколку штетата не е покриена од други извори како сторителот, осигурувањето или државно финансираните здравствени и социјални резерви. Тоа не ја спречува страната да бара враќање на обесштетувањето од сторителот, сѐ додека се посветува должно внимание за безбедноста на жртвата.

3. Мерките преземени во согласност со став 2 обезбедуваат одобрување обештетување во разумен рок.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 30 Обесштетување
Подредување помеѓу државите на членот 30 Обесштетување
ПРАШАЊА
 
a. Дали сите жртви на РЗН имаат право да бараат обесштетување од сторителот? Дали е надлежен кривичниот или граѓанскиот суд? Ако е дел од кривична постапка, дали одлуката за обесштетување е дел од кривична санкција или е пресуда? Дали обесштетувањето вклучува материјална или нематеријална штета? Објаснете ја постапката за извршување во врска со одлуката за обесштетување (кој ја започнува, кој е надлежен и како се спроведува)?
Одговор: Согласно општите одредби на ЗКП, секој оштетен од кривично дело може да изнесе оштетно побарување во кривичната постапка пред судот. Според чл. 66 кога оштетениот е малолетник или лице лишено од деловна способност, неговиот законски застапник ги презема сите дејствија за кои е овластен оштетениот.
PLUS

Член 66 - Малолетник како оштетен
(1) Ако оштетениот е малолетник или лице наполно лишено од деловна способност, неговиот законски застапник е овластен да ги дава сите изјави и да ги презема сите дејствија за кои според овој закон е овластен оштетениот.
(2) Оштетениот кој наполнил 18 години е овластен самиот да дава изјави и да презема дејствија во постапката.
Одредбите со кои се уредуваат имотно-правните барања се поместени во Глава XI на ЗКП – Имотно-правно барање.
Во чл.110 е содржана општа одредба за одлучување по имотно-правно барање што настанало како резултат на кривично дело. Но, на предлог на овластено лице за поднесување на имотно-правното барање ќе се расправа во кривична постапка само ако со тоа значително не се одложува постапката. Истиот член ги утврдува видовите имотно-правни барања, и тоа: надомест на штета, враќање на предмети или поништување на определена правна работа. Рокот за поднесување на имотно-правно барање е до завршување на главниот претрес. Носител на правото за поднесување на имотно-правно барање е лице кое е носител на тоа право во граѓанска постапка. Одлуката дали имотно-правното барање ќе се започне во рамките на кривичната постапка во која се одлучува за кривичното дело или во спор е на овластеното лице за поднесување имотно-правно барање.
Член 110 - Расправање на имотно-правно барање и негов предмет
(1) Имотно-правно барање што настанало поради извршување на кривично дело ќе се расправи по предлог од овластените лица во кривична постапка, ако со тоа значително не би се одолжувала оваа постапка.
(2) Имотно-правно барање може да се однесува на надоместок на штета, на враќање предмети или на поништување на определена правна работа.
(3) Имотно-правното барање од ставот (2) на овој член, во случај на осигурување, оштетениот може да го поднесе и спрема осигурително друштво.
Член 111 - Овластени лица за поднесување на имотно-правно барање
(1) Имотно-правно барање во кривична постапка може да поднесе лице кое е овластено да го остварува таквото барање во спор.
(2) Кога барањето од ставот (1) на овој член го поднесува жртвата на кривичното дело, во барањето ќе наведе дали остварила надоместок или поднела барање согласно со членот 53 став (1) од овој закон.
Член 112 - Поднесување на имотно-правно барање
(1) Имотно-правно барање во кривична постапка се поднесува до органот до кој се поднесува кривичната пријава или до судот пред кој се води постапката.
(2) Барањето може да се поднесе најдоцна до завршувањето на главната расправа пред првостепениот суд.
(3) Овластеното лице е должно да го наведе своето барање според видот и висината и да поднесе докази.
(4) Ако овластеното лице не поднесе имотно-правно барање во кривичната постапка до поднесување на обвинението, ќе се извести дека може тој предлог да го поднесе до завршувањето на главната расправа.
Член 113 - Откажување од предлогот за остварување имотно-правно барање
(1) Овластените лица од членот 111 став (1) на овој закон можат до завршувањето на главната расправа да се откажат од предлогот за остварување на имотно-правно барање во кривична постапка и да го остваруваат преку спор. Во случај на откажување од предлогот, таков предлог не може да се стави повторно.
(2) Ако имотно-правното барање по поднесениот предлог, а пред завршувањето на главната расправа преминало на друго лице според правилата на имотното право, тоа лице ќе се повика да се изјасни дали останува при предлогот. Ако уредно повиканиот не се јави, се смета дека се откажал од ставениот предлог.
Одлуката за имотно-правното барање ја носи судот со пресуда со која го огласува обвинетиот за виновен. Судот може целосно или делумно да одлучи за имотно-правното барање. Во случај на ослободителна пресуда или пресуда со која се одбива обвинението или се запира постапката односно се отфрла обвинението, подносителот на имотно-правното барање се упатува на спор.
Член 114 - Одлучување за имотно-правно барање
(1) За имотно-правното барање одлучува судот.
(2) Со пресудата со која обвинетиот се огласува за виновен, судот одлучува целосно за имотно-правното барање или делумно, а за преостанатиот износ на имотно-правното барање го упатува оштетениот да го остварува во спор. Доколку доказите во кривичната постапка не даваат доволна основа за целосно или делумно пресудување на имотно-правното барање, а за нивно дополнително обезбедување постои опасност од неоправдано одолжување на кривичната постапка, судот ќе го упати оштетениот имотно-правното барање да го оствари во спор.
(3) Кога судот ќе донесе пресуда со која обвинетиот се ослободува од обвинението или со која се одбива обвинението или кога со решение ќе ја запре кривичната постапка, ќе го упати оштетениот дека може имотно-правното барање да го оствари во спор. Кога судот ќе се огласи за ненадлежен за кривичната постапка, ќе го упати оштетениот дека може имотно-правното барање да го пријави во кривичната постапка што ќе ја започне или продолжи надлежниот суд.
Член 115 - Предавање на предмети
Ако имотно-правното барање се однесува на враќање на предмет, а судот ќе установи дека предметот му припаѓа на оштетениот и дека се наоѓа кај обвинетиот или кај некој од учесниците во кривичното дело или кај лице на кое му го дале тие на чување, во пресудата ќе определи предметот да му се предаде на оштетениот.
Член 116 - Поништување на правна работа
Ако имотно-правното барање се однесува на поништување на определена правна работа, а судот најде дека барањето е основано, ќе изрече во пресуда целосно или делумно поништување на таа правна работа, со последиците што произлегуваат од неа, не засегајќи ги правата на трети лица.
Член 117 - Измена на правосилна пресуда со која е одлучено за имотно-правно барање
(1) Правосилната пресуда со која е одлучено за имотно-правно барање судот може во кривичната постапка да ја измени само по повод вонреден правен лек.
(2) Надвор од овој случај осудениот, односно неговите наследници можат да бараат само во спор правосилната пресуда на кривичниот суд со која е одлучено за имотно-правно барање да се измени и тоа ако постојат услови за повторување според одредбите што важат за парничната постапка.
Член 118 - Привремени мерки за обезбедување на имотно-правно барање
(1) По предлог на јавниот обвинител и на овластените лица во кривичната постапка според одредбите со кои се регулира извршувањето, може да се определат привремени мерки за обезбедување на имотно- правното барање што настанало поради извршувањето на кривичното дело.
(2) Решението од ставот (1) на овој член го донесува во текот на истражната постапка судијата на претходната постапка. По подигнато обвинение, решението го донесува надвор од главната расправа претседателот на советот, а на главната расправа советот.
(3) Жалбата на решението за привремени мерки не го задржува извршувањето на решението.
Член 135 - Извршување на пресудата во делот на трошоците на кривичната постапка, одземањето на имотната корист и имотно-правните барања
(1) Извршувањето на пресудата во делот на трошоците на кривичната постапка, на одземањето на имотната корист и на имотно-правните барања го врши надлежниот орган определен со закон.
(2) Присилната наплата на трошоците на кривичната постапка, во корист на буџетот на Република Македонија се врши по службена должност. Трошоците на присилната наплата претходно се исплатуваат од буџетот на Република Македонија.
(3) Ако со пресудата не е определен рок за доброволно исполнување на обврската, обврската мора да биде исполнета во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата. По истекот на тој рок пресудата во тој дел станува извршна.
(4) Лицето на кое со пресудата му е наредено плаќање на трошоците на кривичната постапка или од кое е одземена имотната корист, по настапување на извршност на пресудата, судот што ја донел пресудата ќе го повика да достави доказ за навремено исполнување на обврските.
(5) Доколку лицето од ставот (4) на овој член не ја исполни обврската во предвидениот рок, судот што ја донел пресудата по службена должност ќе ја достави пресудата, со потврда за нејзина извршност, на надлежниот орган за извршување од ставот (1) на овој член.
(6) Ако од лицето од ставот (4) на овој член биле привремено одземени пари или други вредности кои се наоѓаат кај судот, секретарот на судот ќе нареди наплата на побарувањата од ставот (1) на овој член, од овие средства. Од овој износ најнапред се наплатува имотно-правното побарување, потоа одземената имотна корист, па трошоците на постапката. Ако од одземените пари не можат целосно да се исплатат овие побарувања, за ненаплатениот дел ќе се постапи според одредбите од ставовите (1), (2), (3), (4) и (5) на овој член.
(7) Ако во пресудата е изречена посебна мерка одземање на предмети, судот што ја изрекол пресудата во прв степен ќе одлучи дали таквите предмети ќе се продаваат според одредбите што важат за извршувањето или ќе се предадат на државни органи, криминалистички музеј или на други институции или ќе се уништат. Парите добиени со продажбата на предметите се внесуваат во буџетот на Република Македонија.
(8) Одредбата од ставот (7) на овој член соодветно ќе се примени и кога ќе се донесе одлука за одземање на предметите врз основа на членот 529 од овој закон.
(9) Правосилната одлука за одземање на предмети, освен во постапка по вонреден правен лек, може да се измени со одлука во парнична постапка ако се јави спор за сопственоста на одземените предмети.
Член 136 - Сомневање за дозволеност на извршувањето
(1) Ако се јави сомневање за дозволеноста на извршувањето на судската одлука или засметувањето на казната, или ако во правосилната пресуда не е одлучено засметувањето на притворот или на порано издржаната казна, или засметувањето не е правилно извршено за тоа ќе одлучи со посебно решение претседателот на советот на судот што судел во прв степен, односно судијата поединец. Жалбата не го задржува извршувањето на решението, освен ако судот поинаку не определил.
(2) Ако се јави сомневање за толкувањето на судската одлука за тоа одлучува судот што ја донел правосилната одлука.
Во поглед на репарацииите за жртвите на насилство, се применуваат истите одредби за обесштетување кои важат за оштетените од кое било кривично дело. Само жртвите на кривични дела за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години имаат право на надоместок на материјална и нематеријална штета од државен фонд доколку штетата не може да се обезбеди од осудениот (чл. 53, ст.3, т.2). Начинот на остварување на надоместот на штетата од државниот фонд се уредува со посебен закон. Таков закон сé уште не е донесен. Не е воспоставен ниту Државен фонд за жртви.
MINUS
б. Дали државата ја ратификувала Европската конвенција за обесштетување на жртви од насилен криминал? Дали жртвите можат да поднесат барање до осигурителна компанија? Дали жртвите може да бидат обесштетени од државно финансирани здравствени осигурителни програми? Дали постојат правни основи за ваков вид обесштетување наведени во внатрешните прописи на овие компании или државни здравствени установи?
Одговор: Република Македонија не ја ратификувала Европската конвенција за обесштетување на жртви од насилен криминал.

в. Дали постои посебен државен фонд за обесштетување на жртви на насилен криминал, вклучително и РЗН? Доколку постои, каква штета покрива (материјална, нематеријална)? Каква постапка треба да се води за да се добие обесштетување од државен фонд (управна, судска)? Дали се опфатени телесни повреди, тешки нарушувања на здравјето? Во случај на државно обесштетување дали државата ги наплаќа фактичките трошоци од сторителот?
Одговор: /

г. Дали постојат прописи со кои се обезбедува дека одлуката за обесштетување ќе се донесе во разумно време?
Одговор: /
г. Дали постојат прописи со кои се обезбедува дека одлуката за обесштетување ќе се донесе во разумно време?
Одговор: /
MINUS
д. Дали државата изјавила резерва на овој член (чл.30 од Конвенцијата)?
Одговор: Истанбулската конвенција не е ратификувана и не е изјавена резерва на чл. 30 од Конвенцијата.
д. Дали државата изјавила резерва на овој член (чл.30 од Конвенцијата)?
Одговор: Истанбулската конвенција не е ратификувана и не е изјавена резерва на чл. 30 од Конвенцијата.
MINUS
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.