Член 3 – Дефиниции
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
Член 3 - Дефиниции
За целта на Конвенцијата:
а. „насилство врз жените“ се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот;
б. „домашно насилство“ ги означува сите акти на физичко, сексуално, психичко, односно економско насилство што се случуваат во рамките на семејството или домаќинството, односно помеѓу поранешни или сегашни сопружници или партнери, без оглед дали сторителот го дели, или го делел истото живеалиште со жртвата или не;
в. „род“ ги означува општествено конструираните улоги, однесувања, активности и атрибути што дадено општество ги смета за соодветни за жените и за мажите;
г. „родово засновано насилство врз жените“ означува насилство насочено против жената затоа што е жена или коешто несразмерно ја погаѓа;
д. „жртва“ е секое физичко лице кое е изложено на однесувањето наведено во а) и б) од овој член.
ѓ. поимот „жени“ ги вклучува и девојчињата на возраст под осумнаесет години.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 3 Дефиниции
Подредување помеѓу државите на членот 3 Дефиниции
ПРАШАЊА
 
a. Дали постои дефиниција на насилство врз жените во државната, регионалната или локалната правна рамка, и/или во рамка на политиките (закони, статути, правила и регулативи или други подзаконски акти, државни стратешки документи и/или државни акциски планови)? Ако постои, ве молиме обезбедете ја точната дефиниција, наведете го изворот и споредете ја со дефиницијата дадена во Конвенцијата. Коментирајте ја која било постоечка неусогласеност со дефиницијата од Конвенцијата, особено дали дефиницијата вклучува специфично препознавање на кршење на човековите права и дискриминација на жените и видовите насилство кои ги содржи. Ако има повеќе од еден документ кој содржи дефиниција на насилство врз жените, дали тие се конзистентни (исти, слични или различни) помеѓу себе? Ве молиме коментирајте каква било неусогласеност и доколку е соодветно, режимот на правната хиерархија на овие документи.
Одговор: Нема дефиниција на насилство врз жени во националните закони и соодветните подзаконски акти. Единствена дефиниција за насилство врз жени е содржана во Националниот акциски план на Република Македонија за имплементација на Резолуција на ОН 1325 од декември 2012 година. Во прилог 2 каде се содржани основните поими и терминологијата, насилството врз жените е дефинирано на следниот начин:
PLUS

Насилство врз жените (Violence against women), е дефинирано со Резолуцијата на Генералното собрание во 1993 година и Декларацијата за елиминација на насилството врз жените, како “секој акт на родово насилство кој резултира или има голема веројатност дека ќе резултира во физичко, сексуално или психолошко страдање или повреда на жената, вклучувајќи и закани со ваков вид насилство, присила или повреда на слободата, како во јавниот, така и во приватниот живот“. Насилството врз жените, треба да се сфати како: а) физичко, сексуално и психолошко насилство во рамките на семејството, вклучувајќи насилство и сексуална злоупотреба на девојчињата во семејството, силување во брак, обичаи на осакатување на гениталии, небрачно насилство и насилство при експлоатација; б) психичко, сексуално и психолошко насилство во заедница, вклучувајќи силување, сексуална злоупотреба, сексуално малтретирање и застрашување на работа, во образовни и други институции, трговија со жени и присилна проституција; в) физичко, сексуално и психолошко насилство, спроведено или поддржано од државата, кога и да се случи.
Националниот акциски план се повикува на дефинициите на насилство врз жените содржани во Резолуцијата на Генералното собрание на ООН и Декларацијата за елиминација на насилството врз жените. Употребената дефиниција посебно нé упатува на разбирање на насилството врз жените како на кршење на човековите права и форма на дискриминација на жените, но ги опфаќа и сите акти на родово заснованото насилство. Опфатено е насилството во приватната и во јавната сфера, но кај видовите насилство отсуствува јасно вклучување на нанесување на економски повреди или страдање на жените.

MINUS
б. Дали постои дефиниција на домашно насилство во државната, регионалната или локалната правна рамка, и/или во рамка на политиките (закони, статути, правила и регулативи или други подзаконски акти, државни стратешки документи и/или државни акциски планови)? Ве молиме коментирајте ја која било постоечка неусогласеност со дефиницијата од Конвенцијата, особено дали дефиницијата вклучува специфично препознавање на кршење на човековите права и дискриминација на жените и децата и видовите насилство кои ги содржи. Ако има повеќе од еден документ кој содржи дефиниција на домашно насилство, дали тие се конзистентни (исти, слични или различни) помеѓу себе? Ве молиме коментирајте каква било неусогласеност и доколку е соодветно, режимот на правната хиерархија на овие документи.
Одговор: Националните закони го употребуваат терминот „семејно насилство“, а не „домашно насилство“ што е терминологија усвоена со меѓународните документи и со Конвенцијата. Дефиниција на семејно насилство е содржана во два закона, Кривичен законик и Закон за семејство.
Според Кривичниот законик (КЗ) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/1996; 80/1999; 4/2002; 43/2003; 19/2004; 81/2005; 60/2006; 73/2006; 7/2008; 139/2008, 114/2009, 51/2011; 135/2011; 185/2011; 142/2012 и 166/2012), „Под семејно насилство се подразбира малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи (чл. 122, т. 21)“.
Дефиницијата во КЗ ги утврдува видовите семејно насилство, дејствијата на извршување, предизвиканите последици, својството на сторителот и објектот на заштита. Меѓутоа, дефиницијата не го определува семејното насилство како специфичен вид родово засновано насилство и оттука како специфична форма на дискриминација на жената. Дефиницијата во КЗ употребува родово неутрален јазик. Во поглед на дејствијата на извршување, очигледно отсуствуваат видовите на економското насилство и заштитата од економското насилство. Во оваа смисла, особено внимание предизвикува отсуството на инкриминирање на однесување кое не може јасно да се подведе под насилничко однесување. Тука, пред сé, се мисли на контролирање на однесувањето на жената, економската и трудовата експлоатација. Во поглед на семејното насилство меѓу интимни партнери од ист пол, КЗ не ги исклучува. Исто така, со терминот блиски лични односи се опфатени и односи меѓу интимни партнери без оглед дали постоело или постои заедничко живеалиште на жртвата и сторителот.

Според Законот за семејство (ЗС) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/92, 9/96, 38/04, 33/06, 84/2008, 117/2009, 67/2010; 156/2010; 39/2012 и 44/2012 ), „Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема:
- брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство,
- поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, вклучувајќи ги односите кои настануваат со посвојувањето и старателството,
- браќа и сестри, полубраќа и полусестри,
- постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство и
- лица-членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е делумно или целосно одземена.
Под блиски лични односи, во смисла на овој закон, се подразбираат лични односи меѓу лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не живеат во вонбрачна заедница“. (чл. 94-б) 
Дефиницијата од Законот за семејство е идентична со дефиницијата од КЗ во поглед на дејствијата на извршување и предизвиканата последица. Воедно, и дефиницијата во Законот за семејство употребува родово неутрален јазик и не го определува семејното насилство како родово засновано насилство и оттука како дискриминација врз жените, а отсуствува и јасно вбројување на економското насилство. Но, воочливи разлики постојат во својството на сторителот и на објектот на заштита. Имено, Законот за семејство за својство на сторител и на жртва на семејно насилство таксативно ги предвидува и односите кои настануваат со посвојувањето и старателството, браќа и сестри, полубраќа и полусестри, но не бара да живеат во заедничко домаќинство. Од друга страна, одредбата засебно таксативно ги набројува постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство, како и лица членови на семејството чија деловна способност е делумно или целосно одземена, кои се опфатени со терминот други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство. Причината за ваквото разграничување, особено кај лицата чија деловна способност е делумно или целосно одземена, како и за деца-жртви на семејно насилство, е во активирањето на надлежноста на центрите за социјална работа за задолжително преземање на мерки на заштита без оглед на постоење на согласност на родителот/старателот. Втората значајна разлика меѓу двете дефиниции произлегува од дефинирањето на блиски лични односи во Законот за семејство, односно условот дека како блиски лични односи се третираат партнерските односи меѓу лица од различен пол. Со тоа, оваа дефиниција не препознава семејно насилство меѓу интимни партнери од ист пол, ниту нивна заедница (Ибид, 2014).
Имајќи предвид дека националните закони го користат терминот семејно насилство, воочливи се различните дефиниции на семејство во различните закони, што може да се објасни како една од причините за разликите во дефинициите на семејното насилство во двата закона.
Според КЗ„под семејство се подразбира брачниот другар, вонбрачниот другар, децата, родителите, браќата и сестрите и други роднини со кои лицето живее во семејна заедница. (чл. 122, т. 25)“.
Според ЗС„семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство. (чл. 2)“.
Воочливи се различните дефиниции на семејство содржани во двата закона. Имено, во КЗ се употребува терминот семејна заедница, додека во ЗС се употребува терминот заедничко домаќинство. Воедно КЗ детално ги набројува својствата на лицата кои може да ја сочинуваат семејната заедница, но листата не е затворена и се вбројуваат и други роднини со кои лицето живее во семејна заедница. Од друга страна, ЗС под семејство покрај родители и деца предвидува и други роднини доколку живеат во заедничко домаќинство. Внимание заслужува и дефиницијата на вонбрачна заедница која е содржана во ЗС, и поставува временски услов за една заедница да може да има статус на вонбрачна зедница во поглед на остварување на правото на меѓусебно издржување и стекнатиот имот.
„Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница. (чл.13)“.
КЗ се применува во кривична постапка за кривични дела при вршење на семејно насилство, додека ЗС се применува во граѓанска постапка за изрекување на привремени мерки за заштита на жртви од семејно насилство.
Во поглед на усогласеноста со дефиницијата на домашно насилство содржана во Конвенцијата, произлегуваат следните заклучоци:
Националните закони го употребуваат терминот „семејно насилство“, а не „домашно насилство“ што е терминологија усвоена со меѓународните документи и со Конвенцијата.
Дефинициите на семејно насилство во двата национални закона не се меѓусебно усогласени во поглед на тоа кој може да биде жртва на семејно насилство.
Законот за семејство не препознава семејно насилство меѓу интимни партнери од ист пол, ниту ја препознава нивната заедница.
Во дефиницијата на семејно насилство отсуствува јасно препознавање дека семејното насилство е кршење на човековите права и форма на дискриминација на жените и девојчињата. Дефинициите на семејно насилство во националните закони јасно не го предвидуваат економското насилство и штетите кое тоа може да ги предизвика врз жените како форма на семејно насилство.
MINUS
в. Дали постои дефиниција на род во државната, регионалната или локалната правна рамка, и/или во рамка на политиките (закони, статути, правила и регулативи или други подзаконски акти, државни стратегиски документи и/или државни акциски планови)? Ако постои, ве молиме обезбедете ја точната дефиниција, наведете го изворот и споредете ја со дефиницијата дадена во Конвенцијата. Ве молиме коментирајте ја која било постоечка неусогласеност со дефиницијата од Конвенцијата. Ако има повеќе од еден документ кој содржи дефиниција на род, дали тие се конзистентни (исти, слични или различни) помеѓу себе? Ве молиме коментирајте каква било неусогласеност и доколку е соодветно, режимот на правната хиерархија на овие документи.
Одговор: Во националните закони и подзаконски акти не е содржана дефиницијата на род. Родот се споменува само како основа за дискриминација и насилство во Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2010“) без да дефинира што се подразбира под род.
„Дискриминација, според Законот за спречување и заштита од дискриминација, е секое неоправдано правно или фактичко, непосредно или посредно правење на разлика или нееднакво постапување, односно пропуштање (исклучување, ограничување или давање првенство) во однос на лица или групи кое се заснова на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа (чл.5, т.3).“

Родот како основа за дискриминација по основ на пол е предвиден и во Законот за еднакви можности на жените и мажите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2012): „Дискриминација по основ на пол е секоја разлика, исклучување или ограничување врз основа на пол, што има за последица или за цел да го загрози или оневозможи признавањето, остварувањето или практикувањето на човековите права и основните слободи врз основа на еднаквост на жените и мажите на политичко, економско, општествено, културно и граѓанско или друго поле, без оглед на нивната раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа. (чл.4,т.3)“.
Истата дефиниција за дискриминација по основ на пол каде е вклучен родот како еден од основите за дискриминација е содржана и во Националната стратегија за родова еднаквост (2013- 2020).
MINUS
г. Дали постои дефиниција на родово засновано насилство во државната, регионалната или локалната правна рамка, и/или во рамка на политиките (закони, статути, правила и регулативи или други подзаконски акти, државни стратешки документи и/или државни акциски планови)? Ако постои, ве молиме обезбедете ја точната дефиниција, наведете го изворот и споредете ја со дефиницијата дадена во Конвенцијата. Ве молиме коментирајте ја која било постоечка неусогласеност со дефиницијата од Конвенцијата, особено дали дефиницијата вклучува специфично препознавање на кршење на човековите права и дискриминација на жените. Ако има повеќе од еден документ кој содржи дефиниција на родово засновано насилство, дали тие се конзистентни (исти, слични или различни) помеѓу себе? Ве молиме коментирајте каква било неусогласеност и доколку е соодветно, режимот на правната хиерархија на овие документи.
Одговор: Нема дефиниција на родово засновано насилство во законите и подзаконските акти. Единствена дефиниција на родово засновано насилство се среќава во Националната стратегија за родова еднаквост 2013-2020, јануари, 2013 година. Во поглавјето Општи поими и терминологија во т.13 содржана е дефиниција на родово базирано насилство. Стратегијата упатува дека дефиницијата во целост е преземена од Декларацијата на ОН за елиминација на насилството врз жените (1993).
„Родово базирано насилство - насилството врз жените, значи секој акт на родово базирано насилство кое резултира со, или е веројатно дека ќе резултира со физичка, сексуална или психолошка штета или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви акти, принуда или своеволно лишувања од слобода, без разлика дали се случуваат во јавниот или приватниот живот“.
Од дефиницијата произлегува дека насилството врз жените претставува родово засновано насилство, но не нуди дефинирање што претставува родово заснованото насилство врз жени. Терминот жртва е предвиден во КЗ и во Законот за кривична постапка (ЗКП-стар). Поимот дете- жртва на насилство е дефиниран во Законот за малолетничка правда (стар) и новиот Закон за правда за децата, додека ЗС го употребува терминот жртва на семејно насилство. Исто така, терминот жртва се употребува во неколку стратешки документи, како што се: Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство, 2012-2015; Национална стратегија за борба против трговија со луѓе, 2013-2016 и акциските планови.

д. Дали постои општа дефиниција на жртва и/или дефиниција на жртва на насилство врз жената и/ или домашно насилство во државната, регионалната или локалната правна рамка, и/или во рамка на политиките (закони, статути, правила и регулативи или други подзаконски акти, државни стратешки документи и/или државни акциски планови)? Ако постои, ве молиме обезбедете ја точната дефиниција, наведете го изворот и споредете ја со дефиницијата дадена во Конвенцијата. Дали постои друг термин за жртвата на насилство врз жената и/или домашно насилство кој се употребува во законските и другите документи (оштетен или сведок)? Ако постои, објаснете го опфатот на дефиницијата на терминот кој се употребува.
Одговор: Дефиниција на жртва е содржана во КЗ: „Под жртва на кривично дело се подразбира секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено кривично дело. Под дете како жртва на кривично дело се подразбира малолетно лице до 18 години (чл.122, т. 22)“.
Терминот жртва за прв пат се воведува во Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија” бр.7/2008). Истата дефиниција на жртва за прв пат е прифатена и во одредбите во Законот за измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2008).
Според ЗКП (стар) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/1997; 44/2002; 74/2004; 83/2008; 67/2009 и 51/2011), „Оштетениот е секое лице -жртва на кривично дело кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено кривично дело (чл. 139, т. 4)“

Македонското казнено право до декември 2013 година оперираше со поим „оштетен“ од кривично дело, и со поим „жртва“, но без да прави разлика меѓу нив (Бачановиќ, Стојановски, Крстевска, Мирчева, 2009). Оштетениот, односно жртвата во кривичната постапка немаше статус на процесна страна туку својство на спореден процесен субјект (Матовски, Бужаровска, Калајџиев, 2009). Оштетениот беше носител на определени процесни права кога не се јавуваше како приватен или супсидијарен тужител, а доминантно овие права се сведуваа на активно учество во пријавување на имотно-правното барање во кривичната постапка. Казненото законодавство не препознаваше засебна категорија на жртви на насилство, ниту ги уредуваше правата на жртвите на кривично дело и нивната заштита. За сите жртви на кривични дела кога се јавуваат во својство на сведок важат општите одредби за сведоци.
Реформата на македонското казнено законодавство прави сериозен исчекор во поглед на правата на жртвите. Новиот ЗКП кој е применлив од декември 2013 година, ги усвојува и ги дефинира поимите на жртва и оштетен, при што јасно се дефинирани и двата поима.
Според новиот ЗКП („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/10; 100/12), „Жртва на кривично дело е секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите права и интереси како последица на сторено кривично дело (чл.21,т.4);
„Оштетен, покрај жртвата е и друго лице чие лично или имотно право е повредено или загрозено со кривично дело и кое учествува во кривичната постапка со приклучување кон кривичното гонење или заради остварување на имотно-правно барање (чл.21, т.5)“.
Акцентот се става на правата на жртвите на учество во постапката и правата на информирање, заштита, помош, грижа и поддршка, обесштетување и медијација. Значењето што жртвите го добиваат во кривичната постапка според одредбите на новиот ЗКП се гледа и од воведувањето на жртвите во главата во која се уредуваат правата и положбата на оштетениот и приватниот тужител (Глава V - Жртва, оштетен и приватен тужител).
Од особено значење е одредбата за основните права на жртвите содржана во членот 53 од новиот ЗКП. Предвидените основни права на жртвата се состојат од правото да учествува во постапката како оштетен со приклучување кон кривичниот прогон или за остварување на имотно-правното барање за штета, право на посебно внимание и грижа од страна на органите и субјектите кои учествуваат во кривичната постапка, право на делотворна психолошка и друга стручна помош и поддршка од страна на органи, установи и организации за помош на жртви за кривични дела. Специфично значење има ставот 2 кој таксативно набројува дека полицијата, обвинителството и судот имаат законска должност да ја поучат жртвата за нејзините права, како и грижа за нивниот интерес при носењето на одлуки за кривично гонење против обвинетиот, односно преземање дејствија на кои жртвата мора лично да присуствува. Обврската започнува од првиот контакт на жртвата со казнено-правниот систем, а тоа најчесто е со полициските служби. Понатаму, се предвидува и гаранција за остварување на правото на жртвата, односно за извршување на законската обрска на наведените институции. Имено, при информирањето на жртвата за нејзините права, наведените институции мора за тоа да направат записник, односно службена белешка. Ставот 3 од истиот член, како услов за остварување на правото на советник на товар на буџетските средства прифаќа формален критериум, односно пропишаната казна за кривичното дело. Имено, жртвата има право на советник при давањето исказ, изјава или при поднесување на имотно-правно барање само за кривични дела за кои е пропишана казна од најмалку четири години. Притоа, мора да постои кумулативност со субјективниот услов, страдањата на жртвата од кривичното дело изразени како тешки психофиз.
MINUS
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.