Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат дека правилата за доверливост кои ги налага внатрешното право врз одредени професионалци не претставуваат пречка за можноста тие да пријават до надлежните организации или органи, според соодветни услови, доколку имаат разумна основа да се сомневаат дека бил извршен сериозен акт на насилство опфатен со Конвенцијата и дека може да се очекуваат натамошни акти на насилство.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 28 Пријавување од професионалци
Подредување помеѓу државите на членот 28 Пријавување од професионалци
ПРАШАЊА
 
a. Дали има случаи кога професионалците се должни да пријават НВЖ/ДН (на пр. медицински лица, полиција, центри за социјална работа и сл.) Ве молиме наведете ги релевантните правила/прописи, потребните услови што треба да бидат исполнети, кој треба да се извести. Дали можат да се повикаат на професионалниот кодекс за доверливост со цел да не известуваат за НВЖ/ДН? Ако не постои обврска за професионалци да пријават НВЖ/ДН, дали тие можат да пријават таков случај со изјава дека се откажуваат од правилото за доверливост? Ако одговорот е да, наведете ги потребните услови, доколку ги има, со цел да го пријави случајот (на пр. сериозноста на делото, веројатноста да се повтори делото, согласност на жртвата и сл.).
Одговор: Според законите на Република Македонија нема посебна обврска за известување за насилство против жената и домашно насилство, освен кога тоа е сторено при вршење на семејно насилство.
Според член 94-г од Законот за семејство, граѓаните, службените и правните лица се должни без одлагање да го известат Центарот за социјални работи кога имаат сознанија дека над некое лице е сторено семејно насилство. Ова претставува премногу општа и непрецизна формулација од која произлегува дека секој граѓанин и секое правно лице има обврска за известување на Центарот за социјални работи што во пракса всушност не создава конкретна обврска за никого.
PLUS

Малку поконкретен е став 4 на член 94-г кој определува дека службените и правните лица кои во текот на своето работење преземале одредени дејствија при семејно насилство се должни веднаш, а најдоцна во рок од 72 часа од преземањето на дејствијата, службената документација и известувањето за преземените дејствија и друга документација (записник, изјава од сведок, наоди од лекар и друго), да ги достават до надлежниот Центар за социјална работа.
Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека постои семејно насилство покрај другите мерки на заштита го известува и органот за прогон (член 94-г став 5 точка 6 од Законот за семејство).
Законот за семејство, исто така предвидува обврска за известување за семејно насилство за Здруженијата на граѓани регистрирани за остварување на цели и задачи од областа на социјалната заштита. Здружението на граѓани, според член 94-г став 7 од Законот за семејство, е должно во рок од 24 часа да го извести Центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на лицето жртва на семејно насилство. Здружението на граѓани е должно во рок од 72 часа да ја достави целокупната документација до Центарот за социјална работа заради негово натамошно постапување.
Иако според македонското законодавство, освен во случај на семејно насилство, нема други посебни обврски за известување за насилството врз жената и домашното насилство, сепак, известувањето за кривични дела кои произлегуваат од насилството против жената и домашното насилство може да биде опфатено со општата одредба на член 273 од Законот за кривична постапка која се однесува на пријавување на кривични дела кои се гонат по службена должност. Бидејќи сите кривични дела од Конвенцијата (освен телесна повреда, за што е потребен предлог) се гонат по службена должност, според овој член, сите државни органи, јавни претпријатија и установи се должни да ги пријават ваквите кривични дела до надлежниот јавен обвинител, доколку за нив се известени или дознале на друг начин. Со пријавата, тие се должни да ги наведат и доказите што им се познати и да преземат мерки за да се зачуваат трагите од кривичното дело, предметите што се употребени во неговото извршување или настанале од извршувањето и други докази.
Од друга страна, член 213 став 1 од ЗКП ги определува лицата кои не можат да бидат сведоци што секако би требало да значи и дека се ослободени од обврската да пријават кривично дело и да ги зачуваат доказите за него. Такви се:
- лице кое со својот исказ би ја повредило должноста на чување државна или воена тајна, додека надлежниот орган не го ослободи од таа должност;
- бранител на обвинетиот за она што му го доверил обвинетиот како на свој бранител, освен ако самиот обвинет го бара тоа;
- лице кое со својот исказ би ја повредило должноста за чување деловна тајна во однос на тоа што го дознало во вршењето на своето занимање (верски исповедник, адвокат и лекар), освен ако е ослободено од таа должност со посебен пропис или со писмена согласност на лицето во чија корист е востановено чувањето тајна, односно со таква согласност на неговиот правен наследник;
Во самата формулација на член 213 е определено кога можат лицата кои имаат обврска да ги чуваат доверливите податоци да се ослободат од обврската за почитување на професионална тајна и да се вклучат во спречување и борба против НПЖ/ДН.
MINUS
б. Кои се професиите кои би можеле да се повикаат на професионална тајна, а подоцна да бидат ослободени од „правилото за доверливост”?
Одговор: Професиите кои може да се повикаат на професионална тајна се верски исповедник, адвокат и здравствен работник.
Член 153 од Законот за здравствена заштита („Службен весник на РМ”, бр. 43/2012; 145/2012 и 87/2013) определува дека здравствените работници се должни да чуваат како професионална тајна сé што знаат за здравствената состојба на пациентот. Професионалниот кодекс на лекарите во член 55 подвлекува дека лекарот со закон е обврзан да ја чува професионалната тајна. Сепак, член 56 од Кодексот ја предвидува можноста пациентот да го ослободи лекарот од чување на професионалната тајна, за разлика од Законот за здравствена заштита кој не предвидува ваква можност.

Адвокатот има обврска како тајна да го чува она што му го доверила странката согласно член 17 од Законот за адвокатура („Службен весник на РМ”,бр.59/2002; 60/2006; 29/2007; 106/2008; 135/2011 и 113/2012). Уште повеќе, член 30 став 2 од Законот ја утврдува повредата на должноста на чување тајна како потешка повреда на адвокатската должност и угледот на адвокатурата.
Кодексот за професионална етика на адвокатите во точка 20 пропишува дека сé што странката ќе му довери на адвокатот во врска со бараниот правен совет, застапување или одбрана и сé што адвокатот дознал за предметот на друг начин, а што е доверливо, претставува професионална адвокатска тајна. Адвокатот е должен професионалната адвокатска тајна да ја чува под страв од дисциплинска или од кривична одговорност. Истата се третира како тајна за време на застапувањето и одбраната, а и подоцна, сé додека нејзиното изнесување во јавноста може да ѝ штети на странката.
Адвокатот може да открие професионална тајна само во случај кога самата странка, на несомнен начин, го дозволува тоа, ако е во интерес на одбраната (нужно за одбраната). Адвокатот може да побара согласност од Адвокатската комора за ослободување од обврската за чување на професионалната тајна. Комората, при разгледувањето на ваквото барање на адвокатот, ќе ги процени сите постоечки околности (точка 21 од Кодексот).
Од сето ова може да се види дека единствена основа за ослободување од обврската за чување на професионалната тајна за сите професии е согласноста на лицето на кое се однесува додека други основи како сериозноста на дејството, веројатноста да се повтори и слично, не се предвидени.
MINUS
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.