Член 18 - Општи обврски
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци
Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
1. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за заштита на сите жртви од какви било натамошни акти на насилство.

2. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки, во согласност со внатрешното право, за да обезбедат соодветни механизми за ефективна соработка меѓу сите релевантни државни органи, вклучувајќи ги судството, јавните обвинители, органите за спроведување на законот, локалните и регионалните власти, невладините организации и другите релевантни организации и субјекти, при заштита и поддршка на жртвите и сведоците на сите форми на насилство опфатени со Конвенцијата, вклучувајќи и преку упатување до општи и специјализирани служби за поддршка, како што е детално опишано во членовите 20 и 22 од оваа Конвенција.

3. Страните обезбедуваат дека мерките преземени во согласност со ова поглавје:
- се засновани врз родово разбирање на насилството врз жените и домашното насилство и се фокусираат врз човековите права и безбедноста на жртвата;
- се засновани врз интегриран пристап којшто го зема предвид односот меѓу жртвите, сторителите, децата и нивната поширока општествена средина;
- се насочени кон избегнување секундарна виктимизација;
- се насочени кон јакнење и економска независност на жените-жртви на насилство;
- дозволуваат, кога тоа е соодветно, низа услуги за заштита и поддршка на жртвите да бидат сместени во исти објекти;
- се третираат специфичните потреби на ранливите лица, вклучувајќи ги и децата-жртви, и да им се достапни.

4. Давањето услуги не зависи од волјата на жртвата да покрене обвинение или да сведочи против кој било сторител.

5. Страните ги преземаат потребните мерки за да обезбедат конзуларна и друга заштита и поддршка на своите државјани и на други жртви кои имаат право на таква заштита во согласност со постојните обврски според меѓународното право.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 18 Општи обврски
Подредување помеѓу државите на членот 18 Општи обврски
ПРАШАЊА
 
a. Каков вид процедури и услуги се достапни за жртвите на НВЖ и ДН во земјата, со цел да ги заштити жртвите од натамошни акти на насилство на нејзината територија? Ве молиме наведете го видот на постапката и видот на случаите.
Одговор: Во националното законодавство предвидени се постапки и услуги за жртвите на семејно насилство. Законот за семејството има за цел да создаде механизам за брза и ефикасна интервенција на граѓанско-правните мерки, насочени кон обезбедување на заштита и помош на жртвите на семејното насилство. Законот посебно ги уредува мерките на заштита кои ги определува и спроведува ЦСР (чл. 94-г), и ги третира како итни, при што е потенцирано дека нивното преземање не зависи од кривичните постапки.
PLUS
a. Каков вид процедури и услуги се достапни за жртвите на НВЖ и ДН во земјата, со цел да ги заштити жртвите од натамошни акти на насилство на нејзината територија? Ве молиме наведете го видот на постапката и видот на случаите.
Одговор: Во националното законодавство предвидени се постапки и услуги за жртвите на семејно насилство. Законот за семејството има за цел да создаде механизам за брза и ефикасна интервенција на граѓанско-правните мерки, насочени кон обезбедување на заштита и помош на жртвите на семејното насилство. Законот посебно ги уредува мерките на заштита кои ги определува и спроведува ЦСР (чл. 94-г), и ги третира како итни, при што е потенцирано дека нивното преземање не зависи од кривичните постапки. Ваквата законска определба укажува на обврската на Центарот за социјална работа секогаш кога има сознание дека е сторено семејно насилство над одредено лице сам или на барање на лицето или член на неговото семејство да презема мерки на заштита на жртвата на семејно насилство. Обврската за следење наложува случајот континуирано да се следи и соодветно да се интервенира во поглед на проширување на мерките, нивна замена, продолжување или престанување. Покрај обврските и постапката за мерките на заштита, со одредбите на Законот за семејство се уредува и надлежноста и обврските на ЦСР за предлагање на привремени мерки на заштита и следењето на нивното извршување. Законот за семејство таксативно ги набројува и привремените мерки на заштита од семејно насилство кои ги изрекува судот во граѓанска постапка (чл. 94-е). Сепак Законот, обврската за следење на извршување на привремената мерка на заштита ја сместува само кај Центарот за социјална работа, кој за текот на спроведувањето на мерката го известува судот на негово барање.
Законот дава можност и самата жртва на семејно насилство да поднесе предлог за изрекување на привремена мерка на заштита, како и предлог на престанок, замена на една мерка со друга и продолжување на веќе изречената мерка на заштита. Во овој случај, Центарот за социјална работа се повикува од страна на Судот за стручно мислење, што во одредена мерка се подразбира како помош на жртвата во текот на постапката.
За целосно извршување на овие надлежности, Центарот за социјална работа е упатен на соработка со други надлежни институции, полициски станици, здравствени организации, училишта, суд и невладини организации. Во делот на соработката е утврдена обврска за задолжително известување за случај на семејно насилство од другите институции и организации до Центарот за социјална работа.
Во делот на судските постапки, утврдена е обврска на судот да постапи веднаш и во рок од седум дена од денот на приемот на барањето да донесе одлука. По исклучок, судот ќе донесе одлука во рок од три дена од денот на приемот на предлогот доколку постои основано сомнение за сериозна опасност по животот и здравјето на член од семејството. Заштитата на жртвата на семејно насилство е обезбедена и со тоа што одлуката на судот за изречена привремена мерка на заштита е извршна со денот на донесувањето, односно изјавената жалба не го одлага нејзиното извршување.
Но, законот не предвидува посебна заштита на жртвата на семејно насилство во текот на постапката пред судот. Имено, на рочиштето се присутни сторителот и жртвата на семејното насилство и претставник од Центарот за социјална работа.
Законот ги утврдува надлежните органи за извршување на изречените мерки на заштита и тоа:
- полициски станици (забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство; забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со член на семејството, директно или индиректно; забрана да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува друг член на семејството; отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд; забрана да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;
- здравствени оганизации - задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и други психотропни супстанции или има некое заболување
- советувалиштата за сторители на семејно насилство – изречена наредба тужениот да посетува соодветно советувалиште.
- Судско извршување - задолжение да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневните потреби на семејството; задолжително издржување на семејството; задолжение да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семејното насилство и која било друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови на семејството. Но, законот не дава насоки за начинот на извршување на мерките и не го уредува задолжителното известување за текот и ефектите од извршувањето на мерката, со што Центарот би можел ефикасно да го спроведе следењето и да преземе други мерки за заштита на жртвата.
MINUS
б. Дали се усвоени законски или други мерки за обезбедување на соодветна и ефикасна соработка помеѓу судството, јавните обвинители, службите за спроведување на законот, регионалните и локалните власти, и/или невладините организации, или други релевантни фактори со цел да се заштититат и поддржат жртвите? Дали овие механизми се институционализирани (формирани од страна на официјални протоколи или други документи), или се резултат на неформални договори (постигнати на состаноци, тркалезни маси и сл.)? Ве молиме, исто така, обезбедете информации за нивото на соработка (државно, регионално, локално, итн.), и природата (видот предмети, прашања за политиките и сл.). Добрата соработка може да се дефинира како соодветна, релевантна и ефикасна ако се преземе навремено и доколку координацијата е насочена кон резултатите.
Одговор: Законот предвидува обврска за судот, примерок од одлуката да ја достави до странките и Центарот за социјална работа, Јавното обвинителство и Органот за гонење. Оваа обврска има за цел да се известат другите надлежни органи за изречените мерки на заштита заради потребите на истражните и кривичните постапки.
За заштита на жртвата на семејно насилство ЦСР може да преземе мерки на заштита кои се однесуваат на: нужно сместување, здравствена заштита, продолжување на образованието за децата, психо-социјална интервенција и третман, советување, правна помош и застапување, известување на органите за прогон, барања за изрекување привремени мерки на заштита и секоја друга мерка за која ќе оцени дека е неопходна. За преземање на овие интервентни мерки доволно е ЦСР да има сознание, а не е потребен повисок степен на сомнение. Во оваа насока, ЦСР е должен да ги преземе сите мерки за да обезбеди помош на жртвата. Оваа насока ѝ помага на жртвата да оствари право на парична помош, доколку е без средства за егзистенција, ѝ помага да оствари право на здравствено осигурување и медицински преглед или третман. Центарот е должен да ги преземе и мерките на надзор над вршењето на родителското право, а во таа насока да поведе и постапка за одземање на родителското право, доколку детето трпи насилство од родителот.

Посебна карактеристика на мерките на заштита кои ги презема ЦСР, како и привремените мерки на заштита кои ги определува судот е дека се спроведуваат без оглед дали е покрената кривична постапка.
Со Законот за семејство, се воспоставува обврска за известување на ЦСР за семејно насилство за сите граѓани, службени и правни лица. За службените и правните лица кои во текот на своето работење преземале дејства при семејно насилство постои обврска во рок од 72 часа да го информираат ЦСР и да ја достават документацијата изготвена во врска со семејно насилство.
Заради воведување на координирано преземање на мерките на заштита од страна на Центарот за социјална работа и поведување на постапка пред суд за изрекување на привремени мерки на заштита кон насилникот, воведена е обврска и за здруженијата на граѓани (НВО) за задолжително известување. Имено, Здружението на граѓани е должно за преземените мерки во рок од 24 часа да го извести Центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на лицето жртва на семејно насилство. Центарот за социјална работа по добивањето на известувањето во рок од 24 часа донесува соодветно решение по предметот. Здружението на граѓани е должно во рок од 72 часа откако се преземени мерките за заштита, целокупната документација да ја достави до Центарот за социјална работа заради негово натамошно постапување.
Oбврската за службените лица за известување за сознанијата за семејно насилство е поставена во сите сектори кои имаат мандат за постапување во случај на семејно насилство (полициски службеници, наставници, здравствени работници) се санкционира како прекршок со глоба. Ваква обврска е предвидена и за граѓаните кои имаат сознание дека во нивната средина се случува семејно насилство, како и за невладините институции. (член 94-г)
Обврската за соработка е дополнително разработена во Заедничкиот протокол за постапување во случаи на семејно насилство. Заедничкиот протокол за постапување во случаите на семејно насилство е донесен со цел да се утврдат процедурите за постапување на надлежните институции и организации за унапредување на заштитата и помошта на жртвите на семејно насилство. Заштитата на жртвите на семејно насилство преку овој документ се обезбедува преку утврдување на целокупните процедури според кои постапуваат надлежните институции и организации. Заедничкиот протокол содржи насоки за меѓусебна соработка на надлежните институции во однос на размена на потребни информации, но и насоки за упатување на жртвата за обезбедување на здравствена заштита, сместување во шелтер-центар, упатување во советувалиште и преземање на мерки за нејзина заштита. Протоколот нагласува дека процедурите треба да се спроведуваат за да се спречи дополнителната виктимизација на жртвата на семејно насилство. Овој протокол во одредена мера ги надополнува стандардните процедури за институциите и невладините оранизации и претставува корисен документ кој може да придонесе за унифицирање на постапувањето на службените лица за преземање на заштита на жртвите на семејното насилство.
MINUS
в. Дали овие мерки се во согласност со стандардите поставени од страна на Конвенцијата, чл. 18 став 3? Важно: овој член се протега на сведоци, па посебно внимание треба да се посвети на децата, како сведоци при оценувањето на овие механизми. Исто така, терминот „ранливи жртви”, ги вклучува и следните лица: бремени жени и жени со мали деца, лица со посебни потреби, лица кои живеат во руралните или оддалечените области, лица кои злоупотребуваат супстанции, проститутки, лица од етнички малцинства, мигранти, вклучувајќи и лица кои немаат статус на мигранти и бегалци, геј мажи, лезбејки жени, бисексуалци и травестити, ХИВ позитивни, бездомници, деца, постари лица (види став 87 од Извештајот со објаснувања). Дали овие мерки (процедури и услуги на располагање) се бесплатни? Ве молиме наведете го видот на трошоците, доколку е можно. Кој ги финансира овие мерки? Државниот буџет, меѓународната заедница и/или некој друг.
Одговор: За жртвите на семејно насилство достапни се бесплатно сите мерки за заштита кои се предвидени во Законот за семејство. Исто така, доколку предлагачот на привремената мерка на заштита е ЦСР, сите трошоци за постапката се на товар на ЦСР. Во поглед на сместувањето во шелтер-центри, психо-социјалната поддршка, правната помош и другите мерки на заштита кои ги определува ЦСР се протегаат и на децата на жртвите на семејно насилство. Но, мерките за заштита од семејно насилство како и привремените мерки за заштита ги опфаќаат жртвите на семејно насилство од интимен партнер од различен пол, а не и од истополови заедници, што е јасно наведено во Законот за семејство.

г. Дали жртвата треба да соработува со властите, односно да сведочи против сторителот или да поднесе пријава со цел да се здобие со услуги, како што се сместување, помош, или информации за правната регулатива? Дали одлуката за правна помош е поврзана со подготвеноста за соработката на жртвите?
Одговор: Достапноста на услугите на заштита од семејно насилство не зависи од поднесување на кривична пријава или иницирање на кривично гонење, ниту од сведочењето на жртвата на семејно насилство во судска постапка. Имено, согласно одредбите на ЗКП, точно се утврдени условите кога едно лице не мора да сведочи или е ослободено од обврската за сведочење (чл.213 и чл.214 од ЗКП). Со одредбите од Закон за семејство јасно се уредува дека правото на услуги на заштита на жртвата на семејно насилство не зависи од покренување на кривичната постапка. Во поглед на бесплатната правна помош, основа за добивање бесплатна правна помош не е соработката на жртвата со институциите.

д. Дали жртвите - државјани и државјани на другите земји имаат право на овие услуги? Ако одговорот е да, наведете земји опфатени со конкретни мерки. Каков е статусот на барателите на азил, лица без државјанство или легален престој и сл.?
Одговор: Согласно Законот за социјална заштита, како корисници на услуги на заштита од семејно насилство, покрај државјаните на РМ се утврдени и странските државјани со привремен престој во државата.

NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.