Член 16 - Превентивни интервенции и програми на третман
Член 3 – Дефиниции
Член 5 - Обврски на државата и принципот на должно внимание
Член 7 - Сеопфатни и координирани политики
Член 8 - Финансиски средства
Член 9 - Невладини организации и цивилно општество
Член 10 - Координативно тело
Член 11 - Собирање податоци и истражување
Член 15 - Обука на професионалци

Член 18 - Општи обврски
Член 19 - Информации
Член 20 - Општи услуги на поддршка
Член 21 - Помош за индивидуални/колективни жалби
Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка
Член 23 - Засолништа
Член 24 - Телефонски линии за помош
Член 25 - Поддршка за жртвите на сексуално насилство
Член 26 - Заштита и поддршка на деца-сведоци
Член 27 - Пријавување
Член 28 - Пријавување од професионалци
Член 29 - Граѓански парници и правни лекови
Член 30 - Обесштетување
Член 31 - Старателство, посети и безбедност
Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови
Член 33 - Психичко насилство
Член 34 - Демнење
Член 35 - Физичко насилство
Член 36 - Сексуално насилство, вклучувајќи и силување
Член 37 - Присилен брак
Член 38 - Женско генитално осакатување
Член 39 - Присилен абортус и присилна стерилизација
Член 40 - Сексуално вознемирување
Член 41 - Помагање или поттикнување и обид
Член 42 - Неприфатливо оправдување за кривични дела, вклучително на кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“
Член 43 - Важење на кривичните дела
Член 45 - Санкции и мерки
Член 46 - Отежнувачки околности
Член 47 - Пресуди во друга држава
Член 48 - Забрана на задолжителни постапки за алтернативно решавање спорови или изрекување пресуди
Член 49 - Општи обврски
Член 50 - Непосредна реакција, превенција и заштита
Член 51 - Проценка на ризикот и управување со ризикот
Член 52 - Итни мерки на заштита
Член 53 - Мерки за забрана на приближување или заштита
Член 54 - Истраги и докази
Член 55 - Постапки еx parte и ex officio
Член 56 - Мерки на заштита
Член 57 - Правна помош
Член 58 - Застареност
Член 59 - Статус на престој
Член 60 - Родово засновани барања за азил
Член 61 - Забрана за протерување односно враќање (non-refoulement)
 
1. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за воспоставување или поддржување програми чија цел е да се научат сторителите на домашно насилство да усвојат ненасилно однесување во меѓучовечките односи во поглед на спречување натамошно насилство и менување на насилните шаблони на однесување.

2. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за воспоставување или поддржување програми за третман на сторители кои имаат за цел спречување на сторителите, а особено на сторителите на сексуални деликти да го повторат делото.

3. При преземањето на мерките споменати во ставовите 1 и 2, страните обезбедуваат дека безбедноста, поддршката и човековите права на жртвите се од примарен интерес и дека ваквите програми се воспоставени и спроведувани, кога тоа е соодветно, во тесна координација со специјализирани служби за поддршка на жртвите.
 
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард)
1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена)
2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање
3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената.
4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа
Генерална проценка на членот 16 Превентивни интервенции и програми на третман
Подредување помеѓу државите на членот 16 Превентивни интервенции и програми на третман
ПРАШАЊА
 
a. Дали во земјата имало какви било програми за сторители на НВЖ/ДН? Кога започнале тие? Кој ги води овие програми? Дали програмата е акредитирана и ако е така, наведете кој ја акредитира? Објаснете ја процедурата за акредитација. Дали овие програми се следат и/или оценуваат и од кого? Кој ги финансира овие програми? Колку сторителите учествувале во програмите? Колку долго трае програмата? Кои се тренерите (по професија, потребно искуство, дали тренерите поминале низ одредени обуки како услов, дали тренерите се мажи или жени)?
Одговор: Посетување на програма за ненасилно однесување на сторителите на семејно насилство е предвидена како привремена мерка на заштита од семејно насилство која ја изрекува судот во граѓанска постапка и се однесува на задолжително упатување на насилникот во советувалиште. Од 2010 година во КЗ е предвидена одредба за изрекување заштитен надзор на сторител на семејно насилство. Имено, судот при изрекување на алтернативна санкција – условна осуда може на сторителот на семејно насилство да му изрече заштитен надзор кој се состои од посетување на програма за работа со осуденици за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство (чл.56, ст. 1, т.3). Според чл 57, ст.1 од КЗ, Помош и грижа, надзор и заштита во исполнувањето на обврската од страна на осудениот врши социјалниот орган и соодветното советувалиште.
PLUS
a. Дали во земјата имало какви било програми за сторители на НВЖ/ДН? Кога започнале тие? Кој ги води овие програми? Дали програмата е акредитирана и ако е така, наведете кој ја акредитира? Објаснете ја процедурата за акредитација. Дали овие програми се следат и/или оценуваат и од кого? Кој ги финансира овие програми? Колку сторителите учествувале во програмите? Колку долго трае програмата? Кои се тренерите (по професија, потребно искуство, дали тренерите поминале низ одредени обуки како услов, дали тренерите се мажи или жени)?
Одговор: Посетување на програма за ненасилно однесување на сторителите на семејно насилство е предвидена како привремена мерка на заштита од семејно насилство која ја изрекува судот во граѓанска постапка и се однесува на задолжително упатување на насилникот во советувалиште. Од 2010 година во КЗ е предвидена одредба за изрекување заштитен надзор на сторител на семејно насилство. Имено, судот при изрекување на алтернативна санкција – условна осуда може на сторителот на семејно насилство да му изрече заштитен надзор кој се состои од посетување на програма за работа со осуденици за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство (чл.56, ст. 1, т.3). Според чл 57, ст.1 од КЗ, Помош и грижа, надзор и заштита во исполнувањето на обврската од страна на осудениот врши социјалниот орган и соодветното советувалиште. На практично ниво, за реализација на привремената мерка на заштита од семејно насилство во 2011 година отворено е првото Советувалиште за работа со сторители на семејно насилство, во просториите на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Во ова советувалиште извршителите на семејно насилство се упатуваат со одлука на судот, но има и иницијални барања од страна на насилниците за вклучување во програмата. Изготвена е Програма за работа, психо-социјален третман на сторители на семејно насилство, како и Прирачник за психо-социјален третман на сторители, во рамките на Националната стратегија за заштита од семејно насилство 2008-2011 година. За спроведување на оваа програма обучени се 14 професионалци за работа со сторители на семејно насилство и нивен психо- социјален третман. Работата на советувалиштето е во рана фаза, така што постигнатите резултати сé уште се евалуираат. Програмата не е акредитирана.
Со оглед дека вакви советувалишта можат да се основаат од страна на државата, приватната иницијатива и од невладиниот сектор изготвени се нормативи и стандарди по однос на простор, опрема и потребен стручен кадар за отворање и работа на советувалиште. Донесен е Правилник за нормативите и стандардите за простор, опрема, стручни кадри и средства потребни за основање и започнување со работа на установата за социјална заштита - советувалиште за извршители на семејно насилство („Службен весник на Република Македонија” бр.69/2012). За работа во советувалиште за извршители на семејно насилство, предвидено е да работи потребен стручен кадар и тоа најмалку две стручни лица од профилите: социјален работник, психолог или педагог, а по потреба може да вклучуваат и психијатар, работен терапевт и друг соодветен кадар, и волонтери, кои имаат потврда за завршена терапевтска програма за работа со извршители на семејно насилство.
Програма за работа психо-социјален третман на сторители на семејно насилство, како и Прирачник за психо-социјален третман на сторители се изготвени од Заводот за социјални дејности, но не се јавно достапни.
MINUS
б. Дали програмата ги поттикнува сторителите да ја преземат одговорноста за своите постапки и бара да ги преиспитаат своите ставови и уверувања за жените? Ве молиме објаснете како. Која е теоретската/ концептуалната рамка за насилство врз жените и домашно насилство која се користи во програмите? Дали НВЖ/ДН се адресира од перспектива на нееднаквост меѓу половите и дали таа е јасно препознаена како повреда на човековите права и форма на дискриминација? Дали таа се однесува на широкиот спектар на последици врз жртвите, семејството, особено на децата и општеството во целина? Ве молиме наведете конкретни информации.
Одговор: Програмата не е јавно достапна, а не е спроведена ниту евалуација.

в. Дали професионалците/тренерите кои ја дизајнираат/спроведуваат програмата соработуваат со агенциите за поддршка на жени, со службите за спроведување на законот, судовите, службите за пробација и службите за детска заштита со цел да се осигура безбедноста на жртвите и безбедноста на децата? Ако одговорот е да, Ве молиме објаснете го начинот на соработка (редовни консултации, подготовка на состаноци, ад хок настани и сл.) Дали координацијата се случува пред, по или за време на програмата?
Одговор: Стручните лица во советувалиштето работат според програма за психо-социјални услуги и психо- социјален третман, изготвена од страна на Заводот за социјални дејности. Покрај тоа, советувалиштето во спроведувањето на програмата, остварува соработка со релевантни надворешни институции кои дејствуваат на подрачјето на превенција, лекување, ресоцијализација и третман на лица – сторители на семејно насилство, за што го известува надлежниот центар за социјална работа.

г. Дали учеството во програмата е доброволно или тоа е по наредба на судот или некој друг орган? Пред сторителот да почне со програмата, дали некој од надлежните органи или организации прави безбедносна проценка за сигурноста и безбедноста на жртвите? Ако одговорот е да, кој прави проценки и врз основа на кои критериуми.
Одговор: Упатувањето за посетување на Програмата за сторители на семејно насилство го врши судот во рамки на изрекување на привремена мерка на заштита од семејно насилство, во кривична постапка при изрекување на алтернативна мерка – условна осуда со заштитен надзор - посетување на програма за работа со осуденици за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство. Исто така, ЦСР може со решение да упати сторител на семејно насилство во Советувалиште при спроведување на мерки на заштита од семејно насилство, но и на лично барање на сторителот.
Спроведувањето на изречената привремена мерка за заштита од семејно насилство ја следи ЦСР. Тоа опфаќа доставување на извештаи од Советувалиштето до ЦСР за резултатите од исходот на третманот за секој поединечен корисник на програмата. Исто така, ЦСР е надлежен за спроведување на заштитниот надзор изречен во рамките на условната осуда во кривична постапка.

д. Кој врши надзор врз сторителите откако тие ќе ја завршат програмата? Ве молиме објаснете како и кој е основата за надзор над сторителот (судска одлука, законска одредба итн.) Ве молиме објаснете. Дали сторителите се должни да поднесат извештај до професионалните служби, да учествуваат во друг тип програми, итн.? Ве молиме објаснете. Како се собираат информациите за однесувањето на сторителот по завршувањето на програмата? Дали жртвата се контактира во однос на претходното? Ако жртвата се контактира, Ве молиме објаснете од кого и како.
Одговор: Не постои законска обврска за надзор на сторителот по завршување на програмата. Но, ЦСР има обврска да ја контактира жртвата на семејно насилство според активностите предвидени во индивидуалниот план за работа со жртвата на семејно насилство, но не е регулирано како задолжителна обврска да се контактира жртвата кога насилникот ќе заврши посетување на програма за сторители на семејно насилство.

ѓ. Дали програмата е дел од санкција за сторено дело на НВЖ/ДН? Дали е можно сторителот да учествува во програма пред изрекување на пресуда (на пр. за време на истрагата или судењето)? Може ли потенцијалните сторители да се приклучат на програмата пред да извршат кривично дело и/или кога пресудата е донесена?
Одговор: Посетување на програмата може да биде дел од кривична санкција – условна осуда со заштитен надзор. Обврската кај заштитниот надзор за сторители на семејно насилство може да претставува посетување на програма за работа со осуденици за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство.
Наводниот сторител може да побара од ЦСР да биде упатен во Советувалиште за сторители на семејно насилство без оглед дали е покрената или се води судска постапка (кривична или граѓанска).

е. Дали постојат статистички податоци за стапката на повторништво за сторители кои посетувале програма? Дали повторник може да посетува програма за прв пат и/или повторно (кога по завршената програма извршил повторно кривично дело од областа на НВЖ/ДН)?
Одговор: Не се води статистика за повторништво на сторители на семејно насилство кои посетувале советувалиште. Законските одредби не содржат ограничување на можноста повратник кој посетувал Советувалиште повторно да биде упатен во советувалиштето.

ж. Дали има податоци за сторителите кои започнале со програма и податоци за оние кои ја завршиле програмата (возраст, професија, вид насилство, поранешна осудуваност, работен статус, социјално потекло итн.)?
Одговор: Според анализата на податоците од 2012 година добиени преку обработка на кварталните табели од ЦСР и од обработка на внесените податоци во базата на ЛИРИКУС на Заводот за социјални дејности прикажана е состојбата за работата на Советувалиштето за сторители на семејно насилство, кое започна со работа во јуни 2011 година и во него добиваат услуги од советувалиштен третман сторителите со изречена судска мерка „задолжително посетување на советувалиште за сторители на семејно насилство“. При тоа се наведува дека ова советувалиште работи како пилот-проект за терапевтска советувалишна работа со сторители, до крајот на декември 2012 година, со финансиска поддршка на Светската здравствена организација.
Од моментот на отворањето до крајот на 2012 година, во третман биле вклучени вкупно 2 групи на сторители на насилство:
- Првата група на корисници започнала со 7 упатени лица, но третманот го завршиле само 4 лица. Од полов аспект сите биле мажи.
- Втората група брои вкупно 12 корисници, од кои 1 е жена и е вклучена во индивидуален третман. Во оваа група, 3 лица постојано ги избегнуваат третманите, додека 7 лица се постојано редовни и се очекува успешно да го завршат третманот (стр. 12, http://zsd.gov. mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=36&Itemid=133, страница посетена на 31.10.2013).

NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.