Потпиши!
   Име и презиме
   E-пошта
   Коментар -
Број на kоментари: 13488   
ЗА ПРОЕКТОТ
(II фаза од имплементација на проектот)
Со здружени напори – Кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово засновано насилство

Проектот е финансиран од: Европска унија во рамките на ИПА програмата – Civil Society Facility Framework Partnership Agreements

Траење на проектот: 24 месеци

Општа цел на проектот е придонес кон воспоставување на сеопфатни законски решенија и политики за заштита од родово засновано насилство во Западен Балкан, како услов за постигнување на демократија, човекови права, социјално вклучување и усогласување со европските вредности.

Специфична цел на проектот е зајакнување на капацитетите на женските организации и мрежи во 4 земји од Западен Балкан за анализа, набљудување и застапување во полето на заштита на жените од родово засновано насилство, преку долгорочна соработка и учење од искуствата на ЕУ.

Рамка за проектните активности претставува Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство..

Опширно
Очекувани резултати од проектот

1. Воспоставен дијалог помеѓу 6 женски организации/мрежи и најмалку 70 носители на одлуки за усогласување на националните закони и мерки за заштита на жртвите од родово засновано насилство со Конвенцијата на Советот на Европа.

2. Зајакнати капацитети на најмалку 23 локални женски организации за застапување на правата на жените и следење на мерките за заштита од родово засновано насилство и социјално вклучување на локално ниво.

3. Воспоставен систем за сеопфатно следење на примената на законите и политиките во врска со Конвенцијата на Советот на Европа, од страна на женските граѓански мрежи.

4. Воспоставен систем за сеопфатно следење на примена на законите и политиките во врска со Конвенцијата на Советот на Европа

Главни групи на активности

1. Кампања за подигнување на јавната свест за правата на жените за заштита од родово засновано насилство.

2. Организирање конференции, јавни дискусии и информирање на медиумите.

3. Застапување за измени и дополнувања на законите и усвојување на политики во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа (креирање на предлози за политики и измени на закони).

4. Застапување на правата на жените жртви на родово засновано насилство, поддршка на жените во самозастапувањето на нивните права, набљудување на имплементацијата на локалните политики за заштита од насилство и социјална инклузија, предложување решенија.

5. Воспоставување на интерактивна база на податоци за состојбата на полето на родово засновано насилство во однос на стандардите поставени од Конвенцијата на Советот на Европа.

6. Набљудување на имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа и составување извештаи за релевантните национални и меѓународни тела.

ЗА ПРОЕКТОТ
(I фаза од имплементација на проектот)
Со здружени напори – кон нови европски стандарди во заштита на жената од родово базирано насилство

Проектот го финансира: Европска унија во рамките на ИПА програмата – Civil Society Facility Framework Partnership Agreements

Траење на проектот: 24 месеци (2013/2014)

Основна цел на проектот е придонес кон воспоставување на сеопфатни законски решенија и политика за заштита на жените од насилство на Западен Балкан, како услов за достигнување на демократија, исполнување на човековите права, социјално вклучување и ускладување на европски вредности.

Специфична цел на проектот е јакнење на капацитетите на женските организации и мрежи во 4 земји од западен Балкан за анализа, следење и лобирање во областа на заштитата на жените од насилство преку долгорочна регионална соработка и учење од искуствата на ЕУ.

Рамка за проектните активности претставува Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство..

Очекувани резултати од проектот

1. Развиени знаења и вештини на женските организации за активно учество во јавниот дијалог и влијание на носителите на одлуки во областа на заштита од родово базирано насилство.

2. Воспоставување на дијалог меѓу женските организации/мрежи и носителите на одлуки за ускладување на националните закони и мерки за заштита на жртвите од родово базирано насилство со Конвенцијата на Советот на Европа.

3. Зајакнати капацитети на женските организации за застапување на правата на корисничките и следење на мерките за заштита од родово базирано насилство и социјално вклучување на локално ниво.

4. Воспоставен систем за сеопфатно следење на примена на законите и политиките во врска со Конвенцијата на Советот на Европа

Основни групи на активности

1. Семинари, работилници и тренинзи за членките на женски организации и мрежи за методи за собирање на податоци, следење на примена на законите и политиките, активности на лобирање, развој на комуникациски стратегии, познавање на надлежностите и користење на механизмите на независните регулаторни тела (заштитник на граѓаните, повереници за заштита од дискриминација....)

2. Меѓународни Конференции за насилството врз жените и значењето на Конвенцијата на Совет на Европа.

3. Активности за лобирање во врска со ратификација и ускладување на националните закони и политики со одредбите на Конвенцијата на Совет на Европа. Изработка на појдовна студија и креирање на препораки за унапредување на законите и политиките

4. Застапување на правта на корисниците, поддршка на жените во самозастапување на правата, следење на примена на локалните политики за заштита од насилство и политики за социјално вклучување, предлагање на решенија.

5. Следење и проценка на ефектите од примена на одредбите од Конвенцијата на Советот на Европа и подготовка на редовни извештаи.

Контакт информации
Контакт на тим на проектот:
Савка Тодоровска, координаторка на проектот
Email: sozm@t-home.mk, savka_todorovska@yahoo.com
Светлана Јанева, администратор
Email: sozmrc@unet.com.mk, svelte_janeva@hotmail.com

Национален Совет за Родова Рамноправност
Работно време од 9 - 17 ч. секој работен ден
Адреса: 11 октомври бр 17, I кат / 1
Телефон: + 389 2 3134 390
Web site: sozm.org.mk
Извршно резиме за спроведувањето на проектот Извршно резиме за спроведувањето на проектот
 
Активности
 
Публикации и извештаи
 
 
Регионални партнерски организации:
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Close
Close