Потпиши!
   Име и презиме
   E-пошта
   Коментар -
Број на kоментари: 13559   
ЗА КАМПАЊАТА
Кампањата на Автономниот женски центар и партнерските организациии посветена е на потврдување (ратификација) и потполна примена на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.

Кампањата е насочена на информирање на граѓанките и граѓаните за содржината на Кoнвенцијата. Таа треба да влијае на промени на свеста во целото општество, секој поеднинец, дека насилството (ниеден вид на насилство) не е исправен начин за решавање на проблемите. Кампањата ги информира граѓанките и граѓаните за обврските кои државата ги прeвземала со ратификување на Конвенцијата, а тоа подразбира сеопфатна заштита за спречување на насилството, гонење и казнување на стoрителите и делотворен и ефикасен систем на следење на примена на одредбите од Конвенцијата.

Во кампањата покрај патртнерските организации учествуваат и многу други НВО од сите партнер земји. Кампањата ќе трае во континуитет од ноември 2013 год. до ноември 2014 год. (види календар на активности), со фокус на поедини прашања и теми.

Молба за спонзорство

Националниот Совет за Родова Рамноправност која веќе 20 години се занимава со насилството врз жените и семејното насилство Ви се обраќа со молба да во рамките на можностите на вашата телевизија овозможите медиско спонзорство за ТВ емитување на спот во траење од 22 секунди во период од 20 ноември до 10 декември. Концептот на ТВ спотот ви го доставуваме во прилог.

Насилството врз жените и семејното насилство е секојдневие во македонското општество. Се почести се медиумски извештаи за насилство врз жените и некои завршуваат со смртен исход. Во Македонија во текот на изминатата година според медиумските извештаи биле убиени повеќе жени, а полицијата прима повеќе од 8000 повици за насилство. Програмите за превенција се недоволни и спорадични.

Националниот Совет за Родова Рамноправност со оваа кампања ја промовира Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, како сеопфатен документ кој стреми кон промена на начинот на размислување, повикувајќи го целото општество на промена на ставовите. Новата Конвенција против насилството врз жените – ги чува животите и ги намалува човековите страдања:

Кампањата ја спроведуваат НВО кои се занимаваат со борба против насилството врз жените во 6 држави од регионот (Србија, БиХ, Македонија, Хрватска, Словенија, Австрија). Најголем дел од активностите волонтерски ги извршуваат партнерските организации, со поддршка на скоро 200 организации од регионот. Емитувањето на ТВ спотот не е предвиден со буџет и затоа одлучивме да ги повикаме општествено одговорните медиуми да придонесат кон информирање на граѓаните и видливоста на Конвенцијата.

Со оглед на значењето и влијанието кое вашата телевизија го има во создавањето на општествените вредности, веруваме дека овој пат ќе бидете наш медиумски партнер во реализација на кампањата.

Се надеваме на успешна соработка и искрено ви се заблагодаруваме за пиокажаното разбирање.

Савка Тодоровска, претседателка

Контакти:
тел: 02 3134 390
моб.: 071 21 27 27
 
Мултимедиа
 
 
Календар на настани
 
Oпширнo
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Close
Close