25/11/2013 Скопје
Прес конференциjа

25/11/2013 Скопје
Прес конференциjа
По повод „Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените“ во Првиот семеен центар на Град Скопје, во организација на Националниот совет за родова рамноправност, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, се одржа прес конференција со која се означи почетокот на меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“.

На прес конференцијата се дискутираше за моменталната состојба и системот на заштита во областа на домашното насилство и насилството врз жените во Македонија. Согласно усвоената стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015, веќе е утврден стратегискиот пат и рамката за сеопфатна реакција на системот за спречување на семејното насилство. Но, многу од работите наведени во стратешките документи и протоколи не се спроведуваат соодветно во пракса.
Во Македонија сè уште недостасуваат: шелтер центри кои функционираат и нудат поддршка и заштита на жртви на семејно насилство 24 часа, здравствени институции кои реагираат и пријавуваат семејно насилство по службена должност, полициски станици кои интервенираат по пријава за семејно насилство независно од тоа колку пати веќе биле во тоа семејство, советувалишта за работа со сторители на семејно насилство децентрализирани во другите градови низ Македонија. Според тоа, системот за заштита од семејно насилство во Македонија се соочува со многу предизвици на кои државните институции треба да одговорат.

На прес конференцијата НСРР започна и со кампањата ПОТПИШУВАМ, со тоа што сите присутни, претставници од медиумите, меѓународните организации, невладините организации и останати заинтересирани, се потпишаа и ја дадоа својата поддршка во борбата против сите видови насилство врз жената и домашното насилство.
По повод „Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените“ во Првиот семеен центар на Град Скопје, во организација на Националниот совет за родова рамноправност, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, се одржа прес конференција со која се означи почетокот на меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“.

На прес конференцијата се дискутираше за моменталната состојба и системот на заштита во областа на домашното насилство и насилството врз жените во Македонија. Согласно усвоената стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015, веќе е утврден стратегискиот пат и рамката за сеопфатна реакција на системот за спречување на семејното насилство. Но, многу од работите наведени во стратешките документи и протоколи не се спроведуваат соодветно во пракса. Во Македонија сè уште недостасуваат: шелтер центри кои функционираат и нудат поддршка и заштита на жртви на семејно насилство 24 часа, здравствени институции кои реагираат и пријавуваат семејно насилство по службена должност, полициски станици кои интервенираат по пријава за семејно насилство независно од тоа колку пати веќе биле во тоа семејство, советувалишта за работа со сторители на семејно насилство децентрализирани во другите градови низ Македонија. Според тоа, системот за заштита од семејно насилство во Македонија се соочува со многу предизвици на кои државните институции треба да одговорат.

На прес конференцијата НСРР започна и со кампањата ПОТПИШУВАМ, со тоа што сите присутни, претставници од медиумите, меѓународните организации, невладините организации и останати заинтересирани, се потпишаа и ја дадоа својата поддршка во борбата против сите видови насилство врз жената и домашното насилство.
SHARE:
Prev            Prev
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Close
Close